Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам зошто никаде ја нема Нина Шарп. Како да заборавија на неа. А и како да заборавија дека треба да објаснат што Бел и' сторил на Оливија пред да го пратат во амберот.

Некако чудна ми е сезоната. Иако интересно би било ако го поврзат Питер со настанокот на сета оваа збрка.
 
проверив на Википедиjа, не се има поjавено во 5 сезона :/
 
Во серија кога ќе снема лик обично е затоа што не го обновил договорот :)
 
Нина Шарп се поjави во првата или втората епизода од сезоната, им помагаше да влезат во таа установата за да земат антиматериjа или така нешто. Со бела коса беше и во инвалидска количка, вероjатно од безбедносни причини не соработува многу активно со Фринџ тимот. Можеби ќе се поjави понатаму, но сега засега Питер ќе им биде главниот адут :)
Тоа беше претходната сезона, во деветнаесеттата епизода. Оттогаш никаде ја нема. Знам дека не сака да ризикува да ја видат со Отпорот, ама пак екипата до сега немаше никакви проблеми постојано да се шета каде сака. А и имаат лабораторија во штабот на Обсерверите и никој не ги приметува.

И да, Питер е главниот адут моментално. Оливија е доведена на ниво на love interest sidekick.
 
Серијава ми е депресивно досадна. Ја уништија со сезонава. Посебно кога толку испливува на површина немањето поима од глумење на Ана Торв. Типката секоја ужасна вест ја прима со насмевка во неверување па потоа ококорува очи и ја спушта главата. Толку не ја бива за тажни моменти тоа не ми се верува. Море, никакви емоции не може, немаше никаква хемија меѓу неа и Ета, тоа не е нормално.

Иначе да, веќе сум сигурен а гледам и други истото го мислат - ќе заврши со враќање во минатото и бришење на тајмлајнот. Едноставно, премногу не се во нивно време за да останат така. Иначе, не би ме чудело да заврши со момент, дека Оливија и Питер никад не се запознале, демек за нивно добро, тоа ќе го среди Волтер. Али ќе видиме, уште 8 епизоди има.
 
Серијава е предолга за Ана Торв. Ужасно глуми. Уствари не глуми ништо, фаќа место во кадарот.
Во врска со дејствието, тотално ми е сеедно, добро е што има Фринџ, нешто се врти. Ништо не може ни да ми го поправи ни да ми го расипе впечатокот за серијата, ќе ми остане како една од најдобрите од овој жанр. Да отидеше во правец „велика туча“ помеѓу световите на Волтер и Волтернет, ќе беше брилијантна за мене.
 
Иначе, не знам дали памтите, ама пред некоја година на еден comic-con Питер се појави како обсервер, али ич не им текнува кога беше, дали пред почеток на трета сезона, не знам.
 
Иначе, не знам дали памтите, ама пред некоја година на еден comic-con Питер се појави како обсервер, али ич не им текнува кога беше, дали пред почеток на трета сезона, не знам.
Пред почетокот на четврта сезона беше тоа, кога фановите шпекулираа дека Питер ќе се врати како обсервер, откако го избришаа од тајмјајнот. Мала шала. Или не?
 
Серијава е предолга за Ана Торв. Ужасно глуми. Уствари не глуми ништо, фаќа место во кадарот.
Во врска со дејствието, тотално ми е сеедно, добро е што има Фринџ, нешто се врти. Ништо не може ни да ми го поправи ни да ми го расипе впечатокот за серијата, ќе ми остане како една од најдобрите од овој жанр. Да отидеше во правец „велика туча“ помеѓу световите на Волтер и Волтернет, ќе беше брилијантна за мене.

Накај тој правец и одеше, дали од кратење средства или лош трип на некој од продуцентите или сценаристите, серијава стана нешто кој никој не би помислил. До трета сезона беше многу добра. За последниве две сум разочаран и увреѓен. :)
 
За последнава океј и ја се приклучува на хејтањево, оти стварно е досадна за гледање, ама зошто на 4тата толку сте и запнеле?
Мене ми беше баш интересна и добра, не беше толку слаба.
 
За последнава океј и ја се приклучува на хејтањево, оти стварно е досадна за гледање, ама зошто на 4тата толку сте и запнеле?
Мене ми беше баш интересна и добра, не беше толку слаба.

Ам некако ептен филм ми се скрши... таман влезе во машината на крајот на трета. И си викам: shit's going down!!!
И во рок од 30 секунди буквално усеаја да ја усерет до макс. Го избришаја Питер од тајмлајнот, сите си станаја добри другарчиња, ни борба меѓу универзумите, ниту ништо.

И цела 4та беше: ЈА СУМ ТВОЈ СИН. И Волтер: Не бре будалче, јас немам син.
Оливија стана секундарен карактер, почна да се понашат ко тинејџерка... и случаите беа тек тук.

Ме разбираш сега од каде фрустрацијава? :)
 
Иначе, 2 прашања што не ги сфаќам.
Дали Волтер и другите се сетија на Питер од пред тоа или онака го прифатија фактот е тој е тој?
Каде се Обзерверките? :D
 
И актерот со наочарите го изгубија (заборавив како се викаше ликот, тој што беше зацапан во Оливија). Дечкото беше одличен за серијава. На Волтер му снема имиња за Астерикс. Ги испуштија конците некако...

Кога го избришаа Питер усраа се. 5-та сезона уствари повеќе ми се свиѓа од 4-та пошто барем знаеме дека ова е тоа и некако мора да заврши. Самото тоа што серијава оди кон бришење на сите срања и враќање назад значи дека потсвесно и авторите не се среќни со правецот кој го одбраа. Да влезеа храбро во тепачката ќе имаше 7-8 јаки сезони како ништо.

Може во некој паралелен универзум така продолжила серијава. Тоа е тоа, се е супер само ние се наоѓаме во погрешен универзум :)
 
Иначе, 2 прашања што не ги сфаќам.
Дали Волтер и другите се сетија на Питер од пред тоа или онака го прифатија фактот е тој е тој?
Каде се Обзерверките? :D
Се сетија од претходно....
Иначе Болиглава океј, ама ако ја однесеа на тепање и кршење помеѓу светови работава тогаш им требале многу повеќе средства, а гледаноста баш тогаш почнала да им паѓа. Барем мислам дека овакво нешто прочитав по интернетов.
 
Мислам дека само Оливија се сети на Питер, и тоа поради кортексифанот. Другите се помирија дека Питер не си оди туку-така, преку ноќ.

Обзерверките ги нема бидејќи станале премногу напорни во иднината, па затоа мажите биле принудени да бегаат. Така настанала инвазијата.

Вчера гледав Fringe на МТВ и сфатив дека за мене првата и втората сезона се најдобри. Третата не е лоша. Четвртата не ми се допаѓа од причина што како да избришаа се` што се случи претходните три сезони. А таман Волтер стана газда на Massive Dynamic.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom