Малку закаснато,но за Бог има право,можеби не за мене и за тебе но за повеќето и е....
За болдираното можеби луѓето немаат особини на богови,туку на боговите им се даваат особини на луѓе со малку додаток на фантазија,факт на тоа е ако се земи историјата на религиите,каде што верувањето за тоа што е и кој е Бог се менува,преминувајќи од многобожествените религии и правење на идоли од животни,па заврши кај атеизмот со што човекот себеси најповеќе се величи,а сето тоа се должи на самото осознавањето на човекот и што се тој може да направи во светот...
А со оглед на тоа што атеизмот е во се поголем замав,тогаш и Ниче има право,и не ги труе луѓето со никави идеологии,со тоа што ако некој ги труе тоа го прават самите,никој на сила не ги наведува да се сложат и да веруваат тоа што кажал Ниче...
А борбата на луѓето,нивниот раздор и војните од секогаш ги имало и дури понекогаш нивна причина била и самата религија,а создавањето на ваквото општество е резултат на човекот,со тоа што ги заборава вредностите..И секако религијата дека е на некој начин насоката кон тие вредности,но не и единствената за нивно достигнување и почитување...