Двојката и' се нафрлила на мојата сопруга, ја нападнале физички, Велјановска ја удрила, а Блажевски ја турнал. Претходно ја пцуеле и рекле дека „ќе ја згазат“. Сето тоа се случувало пред очите на детето, кое се расплакало и исплашило - објаснува тој.Фрчкоски посочува дека така разлутен му удрил две шлаканици на Блажевски, кој во тој момент се наоѓал во својата кола.
- Не направив ништо друго, освен тоа. Не сум ја повлекол за коса Велјановска. Тие двајцата се наоѓаа заедно во колата и затоа можеби некому се причинило дека сум го направил тоа. Повеќе луѓе го видоа инцидентот и може да го потврдат моето тврдење.