Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Здр, се закачив на форумов зошто ми треба совет околу следново. Сакам да купам полупр. апарат, но ограничен ми е буџетот па затоа би земал на старо. Се мислам помегу Sony F828 и Panasonic FZ50. Или можеби ако знаете некој сличен, планирам за 3 год. кога ќе соберам пари да преминам на SLR, па што би ми било подобра припрема и отприлика колку би чинеле овие 2 на старо. Во однос на тоа за што би го користел, најверојатно најмн. за концерти и за сликање кога шетам во странство. Па ако може совет, би бил благодарен.
 
Не се разбирам нешто посебно, па затоа сакам да прашам што мислите за апаратов? http://store.kodak.com/store/ekconsus/en_US/pd/Z981_Digital_Camera/productID.169236500
Треба да потврдам дали да ми го земат, па затоа прашувам некој што се разбира да ми каже дали е ок апаратов. Фала однапред :)
 
продавам nikon coolpix l110 2 месеци стар со гаранција,пакување исто како од продавница.ЦРВЕН
цена 12000!
 
ај еден совет за canon 400d,да го дадам nikon l110 и уште колку би било реално да доплатам кеш му бара 300 евра,и дали вреди да го сменам пошто сакам повеќе мануелни функции?
 
Дац, колку што твојот Никон тешко да го шитнеш за 12, поверојатно е за 10 така и тој неговиот Канон може да го спушти за 1-2 илјади затоа што е праисториски модел. Инаку 400D е многу ТоБ апарат, имам на работа и верно ме служи, освен за некои работи кои навикнав да ги добивам од 40D, ама тебе нема да ти прави разлика.

ЏипМКД, визир ис соу 20 сенч’ри дел од фото-апаратите. Вистински визир имаш само на СЛР апаратите. За тие пари добар е L22 :)
 
Дац, колку што твојот Никон тешко да го шитнеш за 12, поверојатно е за 10 така и тој неговиот Канон може да го спушти за 1-2 илјади затоа што е праисториски модел. Инаку 400D е многу ТоБ апарат, имам на работа и верно ме служи, освен за некои работи кои навикнав да ги добивам од 40D, ама тебе нема да ти прави разлика.

ЏипМКД, визир ис соу 20 сенч’ри дел од фото-апаратите. Вистински визир имаш само на СЛР апаратите. За тие пари добар е L22 :)
па така и планирав околу 100 евра да му доплатам ако сака значи отприлика точен ми е есапот што сум си го направил у глава.
фала многу за советите па ќе видиме дали ќе договориме!
 
Па зависи 400д со што објектив доаѓа. Ако е кит објективот ке треба да доплатиш околу 150-200 евра.
 
За 2-3 години кориостен 18-55 без IS да доплаќа толку? Ноу уеј, нека се пазари. Канон на тој објектив дава само 1 година гаранција.
 
Па зависи 400д со што објектив доаѓа. Ако е кит објективот ке треба да доплатиш околу 150-200 евра.

Нов Канонов објектив 18-55 ИС кој е многу подобар од тој стариот без ИС (не само во стабилизација туку и во оптика) е мислам сега испод 200 евра (190 ако не се лажам) така да е поисплатливо да се земе без тој објектив и за 200 да земе нов 18-55 ИС.
 
јас имам канон 400д го купив половен пред 4 месеци по цена од 250е. без објектив нахнадно земав 50мм ф/1,8 и 18- 55 is мислам дека 300еуро е скапо за тело само.....инаку без is 18-55 никако
 
Nikon D3000
Canon 1000D
Sony Alpha A290
Кој е најдобар од овие?
Имав досега Sony Alpha A200 и бев задоволен.
 
Nikon D3000
Canon 1000D
Sony Alpha A290
Кој е најдобар од овие?
Имав досега Sony Alpha A200 и бев задоволен.
ја иам канон 1000ка и сум презадоволен. (за неговата класа наравно xD)
д3000ката мнооооооогу ми е чудна и мене искрено не ми праи мерак. Подобри бои вади тоа е сигурно, но и повеќе ноиз.
Ако пост процесираш во некој програм (а верувам дека да) ондак канонот ти е подобар избор.

(сонито го изоставувам од муабетов бидејки неам искуство со таков...)
 
Nikon D3000 е најголема утка на Никон досега. Обично прават квалитетни апаратчиња ама ова со 3000 не им чини. Ако не те мрзи да чекаш да донесат 3100, најавен е на светски пазар за средина на септември, што значи пред крај на месецот ќе го има веќе во Pix+. Меѓутоа не се знае колкави ќе бидат подобрувањата.

Енивејз, како млад канонџија ќе ти препорачам Canon 1000D. Само пази се Генел се грда фирма и гарант ќе ти фалат работи што треба да ги има во пакувањето. Како на пример упатство за употреба, ЦД со дополнителен софтвер и слично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom