Aко земаш ДСЛР тогаш треба да знаиш дека ќе “влечкаш“ со себе големка торба со апарат, дека кит објективот (тој што иди со апаратот) е со 3х зум (нема дигитален), тој модел (Никон Д40) не снима клипови, не можеш да сликаш гледајќи на екран туку мораш да го користиш оптичкиот окулар. Ако планираш да сликаш наместено на АУТО и не те интересира што е тоа брзина на затварање, отвор на бленда компензација на експозиција, разлика помеѓу F и f бројка.... тогаш ДСЛР и не ти треба. Влез во ДСЛР свет значи и постојано надоградување , наскоро ќе ти притреба надворешен блиц (од 150-200 евра) ќе посакаш објектив со поголем зум (од 300-500 евра за ниска или средна класа) ќе посакаш и некој портретен објектив (од 100-300 евра од ниска до средна класа), можеби батериски грип од 100-200 евра (Иако мислам дека за Никон Д40 нема грип)........ Самата торба која ја влечкам секој ден а внатре апарат, блиц и додатен објектив плус дребулии како резервни батерии за блиц, крпичка, средство за чистење, пумпица, е обврска и терет.