Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
За брзи фотки Канонот, дефинитивно според мене најдоброто од овие апарати што ги имаш у предвид:)

ЕЕЕЕ фала, ми го олесни изборот, и јас бев највеќе за него и затоа го напишав прв, но сакав да слушнам и друго мислење, бидејќи едвај се изборив за нов апарат дома, па не сакам да направам погрешен избор.
 
кажете ми KODAK EASYSHARE C 713 дали да си го купам.......јас мислам ДА :)
 
кажете ми KODAK EASYSHARE C 713 дали да си го купам.......јас мислам ДА :)

Па како што гледам од поновите модели е , незнам колку пари е кај нас ама во странство навистине ефтин а за тие пари супер опци има.
 
Вчера купив Самсунг С85. Прилично сум лаик во оваа работа појма неам ни дали е добар ни ништо.
Ваше мислење?
 
Гледам дека бараш совет од некој поискусен, јас не сум баш во таа категорија, ама морам да пишам на оваа тема. Јас тотално те разбирам што сакаш да кажеш, со тоа дека не можеш да менуваш апарат секоја година. И јас бев во истава ситуација, ме советуваа многу мои луге (дел од нив и фотографи по професија) да почнам со некој поевтин, па така натака. Но, јас веќе имав поевтин и го знаев на памет, ми требаше нешто појако и си го купив. Пред кратко време земав Canon EOS 400D и како што напиша Мистичен, воопшто не се разочарав. Апаратот е перфекција и покрај тоа што имам слаб објектив. Ако ти е за чиста слика тогаш овој е правиот избор. Јас сликав со компактно дигитално апаратче на коника минолта со 8мп и колку и да се трудев да ја погодам и светлината и да не го мрднам апаратчето не бев задоволна кога ке ги погледнев сликите на 100% големина (имаа ноис, или како што викаш ти шумови).
Со новиов апарат се е поедноставно, многу полесно до подобри резултати. И не е толку тешко да го научиш и да ракуваш со него мануелно како што ми викаа. Се на се ми требаше околу 1 недела експериментирање и читање упатство за да почнам да си правам мои комбинации за кои знам дека не се максимумот што овој апарат може да го даде, но одам по тој пат.
Затоа мислам дека треба веднаш да си го земеш, можеби ќе ти треба време да го проучиш, но никаде апаратот нема да ти побегне, тој ќе биде тука додека го проучуваш. Всушност многу побрзо ќе напредуваш и ќе учиш за фотографијата доколку имаш вистински фотоапарат.

Поздрав и пиши што си направил.:helou:
 
Мислење за Fuji Finepix S 5800

Ваши искуства, совети, предлози...
 
Темата ќе биде споена со оваа затоа што тука се поставуваат прашања.

За апаратот. Што знам изгледа океј, го имаш или сакаш да го имаш? Ако го имаш не си згрешил, а ако сакаш да го имаш кажи цена па може да добиеш совети за подобар апарат за тие пари:)
 
Немам дигитален фотоапарат. Споменатиот некако ми запиња за око, барем за тие пари. Невелам дека е нај-нај па затоа ја оставам можноста и за коменатри кон иситиот, засновани на лично искуство но и за совет за избор на друг модел/фирма. Цената би била отрилика колку и Фуџи-то, некои 13-15 000 ден. За Фуџи-то кажуваат пофално зборови за неговиоТ претходник, моделот 5600. За 5800, велат дека има ослабен ЦЦД сензор во однос на 5600-ката (веројатно одтаму и пониската цена) а кај 5800-та посебно ми пречи бројот од АА батерии, дури 4 на број. Кај Сони 10-ка, ми пречи ограничувањето кое таа фирмна го наметнува, особено за изборот на меморија, која мора да биде од Сони.
 
Abe zemi si kanon i mirna glava, ja imam a570 za 200 eura imas skoro site raboti sto treba da gi ima aparat. I raboti na 2 aa baterii, pa ne treba da mu mislis mnogu za baterii. Ja go imam nekoe vreme, i sega zasega e super :)
 
Да, повеќето препорачуват Кенон фото апарати, особено професионалците, Имам едно тазе лошо искуство со фотографии од Сони фото апарат (не го памтам моделот, но памтам дека беше тазе модел, со 7.2. мега и Карл Цајс леќи) а фотографиите беа жив очај...зрнатост невидена,
 
Друже, како може Сони да не вади одлична слика, Карл Цајс леќи се во прашање. Ова со зрнатоста... да не си го ставил ИСО-то на максимум, па си зезнал работа?:smir:
 
Неможам да ти одговорам, пошто апаратот беше само позајмен за кратко коритење од моја страна и не бев многу засегнат околу местењето. Во секој случај, бев непријатно изненаден со тој модел иако со друг дигтиалец од Сони (не е мој а постар модел е) имам направено навистина јасни фотки иако не се работи за некоја јака класа апарат.
 
ај бе да ве прашам, јас го поставив ова прашање ама на грешна тема, сеа гледам дека имало тема специјално за ова!:pos2:
епа сеа, да ве прашам шо мислите за кодак Z1285??? јас гледав и презентација на ентер, и по интернетов и ми се допаѓа, плус што и до сега имав кодак и сум многу задоволен од него...ама стар е веќе...мора нешто ново...па, дали да го земам овој? плус и не е многу скап...тука не знам дали го има, ама можам и од америка да го земам, а таму е 200$ тоа се негде околу 140 евра.... да го зимам,а?
 
Па ако е толку пари земај го оти навистина вреди за тие пари, само што мислам дека кај нас е поскап .
 
Па ако е толку пари земај го оти навистина вреди за тие пари, само што мислам дека кај нас е поскап .

епа јас од таму ќе го земам...имам брат таму, па он да ми го пушти...мислам дека е одличен апарат, па ќе видиме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom