Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Која му е цената ако сакаш пиши, ме интересира дали го даваш со сите овие додатоци .
 
Со сите тертипи на сликата друже. Иако, го продава другар ми - Кирил. Ете бројче, заврти еден телефон, можда ќе се погодите.
 
Одлучен бев да земам CANNOn A590 IS и тоа од техномаркет али дунгеон некако ме премислува со искуството од техномаркет!!!сепак дунгеон се друго е ок покрај наведените проблеми ?!
 
Одлучен бев да земам CANNOn A590 IS и тоа од техномаркет али дунгеон некако ме премислува со искуството од техномаркет!!!сепак дунгеон се друго е ок покрај наведените проблеми ?!
ако не земи си од невада , исти пари се.
ја од таму канон земав и за сега се е супер.
 
Продавам колекција на објективи за M-42 навој, користени со Zenit TTL, во одлична состојб:
1. 300мм/4,5 супер телеобјектиб
2. МИР 1В 38мм/2,8 - широкоагловен
3. Helioss 50мм/2 - нормален
4. Sigma HQ 200mm/4 - телеобјектив
5. Vivitar 135mm/2,8 - телеобјектив
Цена по договор, попуст при купување на повеќе објективи.
e-mail: pom_cool@yahoo.com
 
Здраво на сите!:helou:
Гледам тука има луѓе шо ги бива со дигиталкиве па да ве опитам нешо.
Апарат, од 6 до 7 илијадарки, за домашна употреба , да си вреде за дадените пари и така. Иначе од дека можам да го најдам оти од Кочани сум.
Фала однапред!
Поздрав!
 
Ај прво добредојде на форумов, а за толку пари нема баш многу квалитетен избор (за една, две иљади поќе веќе имаш поќе можности да бираш). Незнам шо продавници има во Кочани па планирај едно одење до скопје.
Модели за отприлика пари шо ти бараш, а да се квалитетни: Canon A460, Nikon L-10, Nikon L-11, Nikon-L15, Sony DSC-S650, Sony DSC-S700, Sony DSC-S730. (има и по некој самсунг и кодак ама од предложениве се со послаб квалитет)
 
Има некој на форумов што користи Canon PowerShot S5 IS?
Ме интересера зошто планирам да купувам нов апарат, па се двоумам меѓу Canon PowerShot S5 IS и Canon PowerShot S3 IS (овој го има еден другар, па сакам да ги споредам искуствата) :)
 
Arambasa, јас имам Canon PowerShot S5 IS, задоволен сум од апаратот, а најдобро ќе си споредиш преку compare на тие два модели, па ќе видиш кои се разликите, и критики и семплови од слики секако. Уште ова, ако можеш некако од странство да го земеш е најдобро, јас кога го земав мојот пред нова година, во Америка беше на двојно помала цена, и ми е криво, али тоа е тоа. поз.
 
Ги имам споредувано ама некако посигурен сум кога некој ке ми каже од лично искуство. Најмногу ме интересира дали има повеќе noise кај S5-ката зошто имам читано дека со самото зголемување на сликата (од 6MP на 8МP), а со истата леќа, се зголемува и шумот. Другото горе-доле е слично.
 
Ги имам споредувано ама некако посигурен сум кога некој ке ми каже од лично искуство. Најмногу ме интересира дали има повеќе noise кај S5-ката зошто имам читано дека со самото зголемување на сликата (од 6MP на 8МP), а со истата леќа, се зголемува и шумот. Другото горе-доле е слично.

Нема да згрешиш кој било да го земиш. Види си прво која цена ти одговара, друго дали ќе користиш надворешен блиц и дали ти треба некој од другите новитети на Ѕ5.
Тоа шо го спомнуваш за шумот, донекаде е точно ама не и во овај случај каде во Ѕ5 има понов процесор за слика отколку во Ѕ3 па ич да не се секираш за зголемен шум. :helou:
 
Мислење за Canon EOS 350D и Canon EOS 400D

Ме интересира доколку на форумов има професонални фотографи или пак некој што има поголемо искуство со фотографија за мислење за овие два SLR модели на Canon - 350D и 400D. Од она што го знам како лаик за оваа работа е дека голем дел од професионалните фотографи користат Canon. Пребарував на интернет слики кои се сликани од овие два апарати (посебно од 350D) и можев да видам дека има доста квалитетна слика споредено со други апарати од оваа категорија. Сепак е ова мое лаичко мислење. Затоа барам совет од некој кој професионално се занимава со ова или некој поискусен да ми кажи дали се добри како за почетник во фотографирањето.
 
Kaко за почетник во фотографијата ова и не е баш најдобрата солуција друже:)
Ама како и да е треба да ти биде јасно дека кај овие апарати се се сведува на тоа каква оптика ќе земеш, затоа што функциите му се менуваат со секоја леќа освен isoто....
Како почетник можеш да земеш нешто ефтино од класата slr-like, ама останува на тебе да видиш што како:)
 
Зошто сметаш дека не е добра солуција? Премногу е скап како за почеток? :)
А можеш да ми кажиш кои се тие SLR-like?
Сепак сакам апаратот да вади добра и квалитетна слика. Не сакам да земам некој кој е за обично сликање, па кога ќе ја отворам сликата во природна големина да се забележуваат оние ситни изобличувања и шумови (не знам кој е точниот израз, ама мислам дека ќе ме разбериш). Во сликите од 350D воопшто не видов вакви појави и бев навистина вчудоневиден од квалитетот на сликата. И да ги има сигурно ќе бидат многу пати помали од колку кај оние за нормална употреба. Еве неколку слики како за пример:

http://web.canon.jp/imaging/eosdigital2/downloads/wedding3.jpg
http://dpreview-img.fotki.com/gallery/canoneos350d_samples1/originals/img_3949.jpg
http://dpreview-img.fotki.com/gallery/canoneos350d_samples1/originals/img_4016.jpg
 
Друже не дека е прескап, ако ги имаш парите супер да си купиш:) Ама муабетот ми е затоа што кажуваш дека си апла почетник а на DSLR да работиш на автоматскиот мод е грев. Ваљда уште не си определен што поточно би фотографирал, значи дали ги сакаш малите нешта(макро) или брзината(спортски) дали си за фоторепортер или стокер....
Значи ова ти е ко да седнуваш да возиш мотор за прв пат и се качуваш на некоја си машина од 1000кубика што рика:) нормално не е баш логично па ќе земеш нешто малечко:)
Јас земав slr-like разликата помеѓу DSLR и SLR-like апаратите е во тоа што slr like имаат само еден објектив не променлив, а модовите се истите....имаш канон slr like мислам s5 или s3 така нешто беа и доста се задоволни од тие апарати. Гледај прво да навикнеш со тоа да не биде земав DSLR и сега незнам да штракнам....али ко што ти кажав и прееска твој е изборот, башка на форумов има доста информации па ќе совладаш во брзо време :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom