Форумски ЖОЛТ печат!

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
FortunE напиша:
Вие не сте арни:pos::pos::pos:

E сега кочете малку!

Која админка? Две сме. Едната е од Струга, другата од Охрид. Трета нема. Стружанката не се мажи, а Охриѓанката па уште помалце. Од кај знаете вие со која ќе се жени? Ако ме пишал мене во приказните, значи дека останал со мене? Не се мажам со некој што има милион швалерки алоооооо не си правете бајрами на умот. А башка што не е разведен!

Не ме давајте!!!

Како прво јас не сум разведен од тоа шо бирократијата во ОриТ е побавна од другите градови. Како второ уште не сум добил од дедото писмен доказ дека у наследство ќе ми ја остави куќата (викендичката) така да додека не се потпише предбрачниот договор за тоа јас не се женам. Како трето сама си се издаде дека си ти затоа шо првин негираш дека не си ти па после пишуваш не ме давајте!

Thief напиша:
Не те даваме, ќе те грабаме!!!

Ти планираш ли да ги викаш на помош КЧУ силите за да се направи еден "грабеж" среде бел ден во среда или планираш да идеш само ти со колата?
 
vardarce напиша:
Ти планираш ли да ги викаш на помош КЧУ силите за да се направи еден "грабеж" среде бел ден во среда или планираш да идеш само ти со колата?

Екипа за брзи интервенција и уште побрзи грабања на убави моми:
Командант каЛе (познат и како „Пратеник“), Командант Јаков Роман - Еврејот (во кулоарите познат и како „Црногорски кум“), Командант каБиби, шеф на санитет (со партизансно име „Медицинска сестра“).

Командант Тиф не доаѓа со кола... Командант Тиф кога граба доаѓа со тенк или барем оклопно возило. :)
 
Штотуку сум информиран од сигурни извори дека командантката Кабиби ја организирала цела акција затоа шо имала сигурни чпиуни у ОриТ. Во магацинот на велико доброволците спремале домашно направени рачни гранати ТЉ-05 или меѓу нив познати како "туљумби". Исто така фајф стар џенерал Јаков Еврејот собирал доброволен прилог од швицарските помагачици на "КЧУ" за да се обезбеди возилото за напад. А Тиф Тетоецот ака командант "Кисело Јабуче" на велико ги полнел пушките со специјална муниција за да полесно се совладаат телохранителките шо 24 часовно ја чуваат вредната стока.
 
АПЕЛ! АПЕЛ! АПЕЛ!
За доброто на Вардарче и операцијата „Фртума ќе ја грабаме”!

Се бараат две доброволки да ми го зачистат пиштолот!
 
vardarce напиша:
Како трето сама си се издаде дека си ти затоа шо првин негираш дека не си ти па после пишуваш не ме давајте!
Ништо не сум се издала:pos2: Мене ме спомнуваат, а јас си кажувам дека не сакам да ме даваат така мене ало! Значи, муабетот беше упатен до членовите што мене ме поврзаа со тебе:duel:
 
ПЕСНА ЗА ФРТУМА

Голема риџа ти чинам
ти кира каБиби
и јас те поздравјам
да ми дојдеш на визита,
јас да те пречекам 2х

Не можам јас да ти дојдам
кира Катерино
и јас те поздравјам
ќе ти ја пратам сестра ми
кира Катерина. 2х

Чукна тропна на портето
кира Катерина
отвори ФРТУМА, н
е се спушти ни мајкае,
ја фати раката,
во раката меџидија
нишан за ФРТУМА.

Нишан ти давам ФРТУМО,
да не ме заборавиш
поминаја три години
ти ме заборави. 2х

Појди горе во одаја,
тетко Катерино
и јас те поздравјам
ем благо да си земиш,
кафе да си пиеш.

Јас благо не ви љубам,
кафе не ви пијам,
само ја сакам ФРТУМА
за кир ВАРДАРЧЕТА. 2х

Кој го љубел бармакот бармак,
Димитри чапкунот
тој те вртил три години
и пак не те зеде. 2х

Во сабота навечер
на осум саати
свири Караѓуле
брзо наврати порта ти кира каБиби,
ФРТУМА ќе ја грабиме
никој да не знае.

Немој каБиби нечини
резил да не биде.

Колку ѕвезди на небото,
пушки ќе фрламе
сватови ќе донесат,
ФРТУМА ќе ја грабиме
никој да не знае.

Немој каБиби нечини
резил да не биди.
 
главно свадба во охрид прајме..8)
 
Цела свадба се спрема јас не сум спомната. Ни идам, ни да ме викате сега веќе, ни грабам, ни давам ... мамата!!!
 
Дивне, истата м`ка и јас ја имам.. ;(
 
абе кога ке има четврто продолжение?
 
Нема.Штета:toe: ,лажна тревога била...:(
А ние се спремивме,дури и главните ги заборавивме,па се изналутија,нејсе де...друг пар ќе најдеме.Свадбата важно е спремна,а кој ќе се жени,шо има веза,важно весело да биде,а и Дивне и Маринче да се тука.:vozbud:

Мац,дај друго дете!!! ОДМА!!! Не е ред се да пропадне.:zlo:
 
Бејбигрл и Франкештајн...сигурни извори :wink:
 
Mac)) напиша:
Бејбигрл и Франкештајн...сигурни извори :wink:
Изворите на Мац)) ми се многу сумљиви...ама ај нека му биде :vozbud:
 
sch00lGirL напиша:
Изворите на Мац)) ми се многу сумљиви...ама ај нека му биде :vozbud:

Е кога згрешил,па и ти??? :)
Се што кажал до сега било ЧИСТА вистина,немој така,и јас му верувам 100 посто!:poss:
Значи,Мац,давај причата ваму,па да се спремаме...:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom