ОК де, ете, ти реков:
-во последни 31 година
-во ситуација кога двајца тимски колеги се борат за титула
-и кога се во игра за титула речиси до пред крај на сезона
никогаш немало тимска наредба.
Ова е еден единствен таков случај во кој дури и самиот Пјастри изјави дека тимската наредба била сосема во ред. Ама штом ти велиш дека он имал статус на втор возач, нека биде така.
Мене ми е гајле за Мекларен, реков - нити навивам за нив, ниту некогаш сум навивал. Ама очигледно е дека во ситуација кога и двајцата се борат за титула или во ситуација кога и двајцата немаат шанси за титула им даваа можност да се тркаат, немало фаворизирање ни на едниот ни на другиот. Имаше ситуации со тимски наредби и едниот да го пропушти другиот, и обратно. Имаше дури и ситуација кога им кажаа да си останат на позициите, па пак Норис намерно забави за да го пропушти Пјастри, ризикувајќи при тоа да ја изгуби и таа позиција. Ама ај, штом Син вика дека Пјастри бил втор возач...