Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
како ќе го изведеш? Ќе пишеш е-турбо налепница? MGU-H е еден од најкомплескните системи на овие возила моментално. Новите мотори ќе имаат стандардно турбо и тоа ќе биде. Место инстантна моќ, ако не знае шоферот да менува брзини ќе почека некое време додека турбото почне да се врти. Едино шоферот ќе може да искористи моќта од MGU-K доколку има сок во батеријата.

1000 коња на папир има новиов болид, но којзнае колку малце у реалноста, со оглед на турбо лагот, и трошењето на батеријата. Ако немаш батерија, 600 коњи максимумот ти е. Катастрофа.
Батеријата е од оние со длабоко празење ама пак истата задржува некои 10 до 15 проценти за критични ситуации и неа нема цело време да ја користиш како што сега не ја користиш. Тоа како ќе го изведам моторот во е-турбото е големо прашање кое до 2026 Февруари месец мора да има одговор, а ќе има ама тоа после 7.12 ќе го дискутираме. Моторите со внатрешно согорување денес имаат вистина повеќе КС ама тоа зависи од мапата на моторот, а истото важи само со поголемо влијание и во 2026. Сезоната 2026 ќе биде како оние старите што беа пред 2014 година и ќе биде повеќе чисто тркање.
 
Батеријата е од оние со длабоко празење ама пак истата задржува некои 10 до 15 проценти за критични ситуации и неа нема цело време да ја користиш како што сега не ја користиш. Тоа како ќе го изведам моторот во е-турбото е големо прашање кое до 2026 Февруари месец мора да има одговор, а ќе има ама тоа после 7.12 ќе го дискутираме. Моторите со внатрешно согорување денес имаат вистина повеќе КС ама тоа зависи од мапата на моторот, а истото важи само со поголемо влијание и во 2026. Сезоната 2026 ќе биде како оние старите што беа пред 2014 година и ќе биде повеќе чисто тркање.

И јас сум за тоа, него спецификацијата е лоша. Бар 750 коњи за ICE унитот и ДРС е мое мислење. Вака не знам колку ќе биде интересно. Тие блескави брзини на екран тешко да ги видиме од 2026та.
 
И јас мислев на ова уште кога заврши Лас Вегас.
Прегледај го приврзокот 461848
Има разлика од минантата година и тоа голема, а за тоа имам напишано некаде ама не е проблем да се повтори. Лимитот за возење на еден сет гуми е 25 кругови што значи ќе имаме 2 застанување. Гумите Ц3 би се користеле за квалификации, а за трка веројатно од прв до последен ќе бидат на Ц2 затоа што нема што да изгубат за време од 25 кругови, а потоа кога ќе се стабилизираат работите ќе преминат на Ц1 или како Албон на Ц3.
Прегледај го приврзокот 461849
Ова од минатата година само го поткрепува моето тврдење.
Прегледај го приврзокот 461850
Еве кои издржале најмногу и на кој сет гуми.
На кој му одговара оваа стаза? Му одговара на Макс, Расел, Ландо, Оскар, Леклер (мали шанси, но ги има), Саинц (исто како Леклер). Ако не менува Мекларен мотор мислам дека имаат шанси посебно Оскар. Кими Антонели исто има големи шанси, а и дуото од Хас може да се бори за 7-10 место.
Qatar2025.jpg
Еве го и новиот преглед за 2025 година па пред лет да напишам нешто пред да почнат лудориите. Предната гуми се напумпани за 0.14 bar повеќе, а задните за 0.07bar повеќе. Мали бројки ќе кажете ама не е така затоа што тоа значи дека лонгитудиналната енергија низ гумите е скоро па максимална, а стресот на гумите е максимален ова важи за двете предни и задната лева, а за задната десна истото може да се каже и сметам дека тука е погрешно нацртано, но тоа не е важно. Ова е разликата од минатата трка и тоа голема, а ќе има влијание на трката какво што ни јас не очекував.
lusail.png
Ова е патеката Лусаил. Со темно сино е доминацијата на РБ и како што може да се види таа е изразена во С1, а очекувано е да биде или во С2 или С3 (голема веројаност во овај сектор), со црвено е нормално Ферари кој очекувам да доминира главно во С2 и веројатно во С1, со портокалова е Мекларен и тој ќе доминира главно низ С2 и С3 и последното со светло сино е Мерцедес кој како и Ферари очекувам да доминира во С2 и С1. На сликата се означени само главните сектори на доминација кои се мислам дека точни според тоа што го истражував кратко. Ќе си земам за право да предвидам победник уште денес. Тоа веројатно ќе биде или Расел или Кими Антонели, а за трето место или Пиастри, Ландо или Макс. Ниската температура му одговара на Мерцедес и тоа е за оваа серија на возила од 2022 година. Нема да се сомневам и Макс и Пиастри да се борат за победа ама еве јас да напишам пред некој да ме нападне дека сум фан на Макс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom