Не знам што сакате, вие, фановите на тркањето, да се случеше во една од најепските сезони во историјата на Ф1, да заврши истата со безбедносно возило? Само тоа беше регуларно во таква ситуација, ништо друго, регулативите беа прекршени, ама за доброто на овој спорт, и ако имаше ред флег, и тогаш ќе се прекршеа истите, односно, за да не се прекршат истите трката ќе требаше да заврши со безбедносно возило, и тоа ќе беше епско фијаско за овој спорт и огромен удар врз истиот, од епски размери.
Маси тогаш за мене ја даде една од најдобрите изјави ever, кратка, јасна и концизна, Toto .... it's called racing, и со тоа овој спорт беше спасен. Толку, кратко и јасно, ни даде еден круг од тркање кое ќе влезе во аналите на овој спорт засекогаш, таа сезона, таква каква што беше заслужуваше буквално таков крај. Све спротивно на таа одлука која секако беше многу тешка, ќе значеше крај со SC. Господ здравје нека му даде на Маси, тотална легенда, точно е дека ради тоа го сменија ама за мене ќе биде човекот што ја спаси Ф1, зашто крај со SC ќе го уништеше тој спорт тотално, ќе тргнам од мене, после таква сезона таков крај да имаше? Чао, никад веќе немаше да гледам формула, а и многу други истото ќе го направеа, свесен беше Маси што прави и зашто го прави тоа.
Ништо не му беше поклонето иначе на Макс таа година, крваво си ја заработи таа титула со инфериорен болид цела сезона, и со тоа стана еден од ретките во модерната ера на овој спорт кој освоил титула а неговиот болид да не е доминантен, а ако му се додаде и ланската, веќе 2 пати успеал да го направи тоа. И се слагам за Силверстоун истата сезона, Луис доби симболична казна која апсолутно ништо не менуваше и сите беа свесни за тоа, за инцидент каде можеше сериозно да го повреди Макс. Па уште и у фаца му славеа британците кога се улупа со таква брзина, тоа многу говореше и за нив ама на крај и кармата вмеша прсти и правдата на некој начин беше задоволена, до ден денес не можат да се помират со тој крај на сезона ги гледам низ нетов уште солзи леат.
п.с. А ако се водиме или водите апла by the book, тогаш и Луис треба да е една титула мањак, онаа за која Маса сега јалово тужи, и тогаш се прекршија правила и Луис победи на трка која според истите требаше да биде поништена и поените да не се рачунаат.