Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Последно уредено:
не знам што не ти е јасно, 2021ва најдобрата сезона Хамилтон беше дисквалификуван у квалификации и му ставија нов мотор за трката. Од 20то место победи на трката.

Аха си се збунил со спринтот, тогаш беше таа позиција што ќе заврши на спринт ја почнува трката, он заврши 10ти на спринт. така да хамилтон победи од 10 то место на трка не од 20.
 
да, така било од 10то место стартувал, знам дека му ставија нов мотор и ја сврте трката до победа. Ми фали таа сезона и тие болиди. Многу беа добри. Последниве години нема ништо меморабилно од тркиве.
 
99% Ландо ќе е шампионот, точно.... и секоја чест за тоа како се врати психички против Пјастри (без теории на заговор за фаворизирање во Мекларен)...

Арно ама, од последниве 35 години, веројатно ќе е буквално последен на таа листа на шампиони и дефинитивно муабетот ќе биде дека болидот ја освои титулата а не тој.

Секогаш е муабетот дека на крај на ден секој ги памети само титулите, ама откако стана светов дигитален некако и фразава го губи значењето.

Луѓе, тоа што го прави Макс сезонава/сезониве е во најмала рака на рамниште на сезоните на Алонсо против Ветел, ако не и повеќе. Човекот доминира со болиди што се мид-тејбл на перформанси.

Лудост и инает е да тврдиш спротивно. Едноставно уметност е она што го прави последниве 4-5 години.
 
Пропадната екипа другар не ги жали многу. Овај копиљот мисли дедо му ќе го имитира ама доцна е. Да го земеа Берман наместо Саинц ќе имаа подобра сезона вака со пензионерот ништо не можат да сменат. Најголема грешка за оваа сезона е промена на клучни системи во самиот автомобил, а тоа во последната еволуција не се прави.
 
на Ферари му треба тим со неиталијанци ако сака да освои нешто. Очигледно е дека нивната филозофија не функционира. Енглезите го владеат спортов. Па привлекување на талент од УК би им била паметна одлука.
 
Луѓе, тоа што го прави Макс сезонава/сезониве е во најмала рака на рамниште на сезоните на Алонсо против Ветел, ако не и повеќе. Човекот доминира со болиди што се мид-тејбл на перформанси.
Многу повеќе од тоа што го правел Алонсо против Фетел во секој случај, со должна почит кон Фернандо. Неспоредливо е кога едниот не успеал да земе титула во такви услови, а другиот зема две. Ланската мислам беше само втор или трет пат во историја некој да освои титула со болид кој завршил трет во конструктори, али за мене ќе остане најимпресивна титулата против Луис или подобро кажано титулата против веројатно најдоминантниот болид на сите времиња.
Денес да се пензионира има доволно аргументи да влезе во ГОАТ дебата, да стигне до 7 титули undisputed е веќе.
 
Сите кои испаднале од редбул заради слаби перформанси и се вратени во тороросо забележале многу подобри резултати таму и обратно кога заради одлични резултати биле наградени со преоѓање во редбул, таму биле ептен слаби, затоа пак ке кажам, ако го прекомандоваат Макс во тороросо, лесно ке стане шампион, пошто испаѓа дека тороросо има подобар болид од редбул, замислите ако Цунода и Лосон сега би возеле за редбул, па сигурно би биле послаби и од алпина
 
Многу повеќе од тоа што го правел Алонсо против Фетел во секој случај, со должна почит кон Фернандо. Неспоредливо е кога едниот не успеал да земе титула во такви услови, а другиот зема две. Ланската мислам беше само втор или трет пат во историја некој да освои титула со болид кој завршил трет во конструктори, али за мене ќе остане најимпресивна титулата против Луис или подобро кажано титулата против веројатно најдоминантниот болид на сите времиња.
Денес да се пензионира има доволно аргументи да влезе во ГОАТ дебата, да стигне до 7 титули undisputed е веќе.
Ако гледаме реално таа титулата против Луис му беше поклонета и одлуките на патеката контрира на сите правила во Ф1. Ама од друга страна таа сезона ја врати гледаноста на Ф1 и сите сака да падне Мерцедес на ваков или онаков начин. Да влезе во Гоат дебата би му требале уште 2 титули ама негледам во идно време како редбул би го испорачале тоа иако во Ф1 една мала промена на некое правило може да донесе огромна предност за одреден тим. А неговите возачки способности се неспорни ама да не се случаше тоа со ферари минатиот викенд неверувам дека Макс така лесно ќе беше втор.
 
Луис имаше шанса да влезе и да менува, а тој тоа не го направи (неколку кругови пред Латифи да се удри во ѕидот). Макс влезе и имаше нови гуми, а батеријата му беше на 40% (одамна беше не се сеќавам) и ги искористи сите можности за напад и тоа му успеа во последниот круг. Сите одлуки си беа на место.
 
Не сум коментирал да навлагам у дискусии и расправии ама другар... ок е да си фан, ок е да сакаш некого повеќе од другите... ама дај бе бидете ртеални. Кои одлуки биле на место?

Ама џабе, тука очигледно сте попалени по 1 шофер и џабе ќе се објаснуваме.
Ако истата ситуација беше обратна... мајко мила... тоа ќе беше тешка драма. Цел свет ќе го ругаше црњата.

Ама дека е Макс, ок е, све е дозволено. Мораше да освои, јбг.

Ова ти е во нивните правила и регулации во таа година:
All lapped cars must be allowed to overtake the safety car before racing resumes

А на трката донесоа одлука:
Only cars between the two title contenders should be cleared

Ако било се легално:

1. Немаше да го избркаат Маси
2. Немаше на ново да ги пушуваат правилата за да не дојде до иста ситуација

И како заклучок во нивни списанија:

Max’s championship is official, but the procedure was judged to have been mishandled.
 
Ако гледаме реално таа титулата против Луис му беше поклонета и одлуките на патеката контрира на сите правила во Ф1. Ама од друга страна таа сезона ја врати гледаноста на Ф1 и сите сака да падне Мерцедес на ваков или онаков начин. Да влезе во Гоат дебата би му требале уште 2 титули ама негледам во идно време како редбул би го испорачале тоа иако во Ф1 една мала промена на некое правило може да донесе огромна предност за одреден тим. А неговите возачки способности се неспорни ама да не се случаше тоа со ферари минатиот викенд неверувам дека Макс така лесно ќе беше втор.
10 секунди казна за Хамилтон на Силверстоун не е поклон?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom