Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Наводно Макс бил против одлуката за смена, дека ќе му ја заебат кариерата на Јуки и дека не е до Лосон, туку колата е тешка за возење.
 
И ја мислам Јуки да си остане во РБ. Го одбија веќе еднаш за сметка на Лосон, нека чека прилика за друг тим каде нема да биде втор план.
 
Јуки може релаксирано да си вози покрај Макс какви и да му се резултатите, мислам дека и последен да биди никој веќе нема да му замери пошто стана јасно дека само Макс може да го вози тој болид онака како што е конципиран према неговиот фидбек кон инженерите. Претходно во многу полоша ситуација биле критикувани дека не ги бива Квијат, Гасли, Албон, Перез, Лосон, не ми текнува уште некој дали имаше. Сигурен сум дека ниту самиот Јуки не барал да премине во главниот тим, барем не деновиве пошто и он гледа како стојат работите, вероватно Хорнер или Хелмут го имат притиснато да се проба како ке му лежи РедБулот па ако не му оди ниту него, да не му замерат и да го вратат, мое мислење. Убав потег од Ред Бул е тоа што Лосон го пуштаат да вози на местото од Јуки, значи не му замеруваат на детето, уште веруваат во него, не го бркаат.
Но оваа вест не е потврдена од Ред Бул, иако изгледа како логична.
 
А чекајте, не сум запознаен. Сезоната кога веќе е почната, може ли да се прават трансфери и размени?
 
А чекајте, не сум запознаен. Сезоната кога веќе е почната, може ли да се прават трансфери и размени?
Да во било кое време може да се прави замена/трансфер. Многу од тимови не го прават тоа ради ризици за привикнување и губење ритам.
Ред Бул последниве неколку сезони биднаа од брутални побрутални, буквално излегува дека секоја трка мора да возиш топ 5 иначе седиштето ти е климаво.

Според мене ова е претоксична околина за работа. Кој и да дојде како млад возач таму нема да се привикне на таква околина. Сега и разбирам зошто Сајнц воопшто не отиде таму. Мене ми беше чудно зашто отиде во Вилијамс но знаел што го очекува.

Нека му е со среќа на Јуки, од следна година секако ќе нема поддршка од Хонда за седиште. Ова му е do or die фигуративно.
А многу би сакал Лосон да разбие во РБ и да собере поени ама после да ги одјебе.
 
Сега и разбирам зошто Сајнц воопшто не отиде таму.
Сајнц потекнува од таму. Преку нив влезе во F1. Нели беше клупски колега на Верстапен во Торо Росо 2015 и 2016.
 
Сајнц потекнува од таму. Преку нив влезе во F1. Нели беше клупски колега на Верстапен во Торо Росо 2015 и 2016.
Да ама не е глуп да си става трн во здрава нога. Знае што може да му се случи и затоа не отиде. Проблем да се привикне на болид и ќе го тргнат у замена за било кој помлад и оди најди место после тоа во Ф1.
 
стандардите за возење во РБ се многу високи. Мислам дека и Јуки ќе го изгорат и ќе го шутнат како и секој нов шофер додека не се најде некој способен.
 
стандардите за возење во РБ се многу високи. Мислам дека и Јуки ќе го изгорат и ќе го шутнат како и секој нов шофер додека не се најде некој способен.
На крај Дани Рик ќе ја затвори сезоната во РБ. Не се зезам за ова.
Ако Јуки не се покаже во летна пауза го гледам Рикиардо да заврши круг сезона па 26та ќе бараат нов
 
Тие што го имаат Јуки на фентези сега како ке функционира ова? Сигурно му скока цената, а е земен за 7-8м?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom