Формула 1 - сезона 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата JB00F
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2022?

  • Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ

    Гласови: 14 11,1%
  • Џорџ Расел - Мерцедес АМГ

    Гласови: 1 0,8%
  • Макс Верстапен - Ред Бул

    Гласови: 38 30,2%
  • Серхио Перез - Ред Бул

    Гласови: 0 0,0%
  • Шарл Леклерк - Ферари

    Гласови: 42 33,3%
  • Карлос Сајнц - Ферари

    Гласови: 6 4,8%
  • Даниел Рикиардо - Мекларен

    Гласови: 3 2,4%
  • Ландо Норис - Мекларен

    Гласови: 7 5,6%
  • Фернандо Алонсо (El Plan) - Алпин

    Гласови: 3 2,4%
  • Естебан Окон - Алпин

    Гласови: 0 0,0%
  • Пјер Гасли - Алфа Таури

    Гласови: 1 0,8%
  • Јуки Тсунода - Алфа Таури

    Гласови: 2 1,6%
  • Себастијан Ветел - Астон Мартин

    Гласови: 4 3,2%
  • Ленс Строл - Астон Мартин

    Гласови: 0 0,0%
  • Николас Латифи - Вилијамс

    Гласови: 0 0,0%
  • Алекс Албон - Вилијамс

    Гласови: 2 1,6%
  • Валтери Ботас - Алфа Ромео

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо Гуанју - Алфа Ромео

    Гласови: 1 0,8%
  • Никита Мацепин - Хаас

    Гласови: 1 0,8%
  • Мик Шумахер - Хаас

    Гласови: 1 0,8%

  • Вкупно гласачи
    126
Статус
Затворена за нови мислења.
Штета што Ферари немаат квалитетни возачи што ќе можат да освојат титула годинава.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Штета што Ферари немаат квалитетни возачи што ќе можат да освојат титула годинава.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Било кој од двајцата - може!
 
ќе видиме утре кој има бољи рејс пејс и нормално боља стратегија.
 
Штета што Ферари немаат квалитетни возачи што ќе можат да освојат титула годинава.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Сериозен си? Одлични возачи се и двајцата.

Инаку мило ми е што после толку време гледаме промена во распоредот :D Делува дека ќе имаме интересна сезона. Мерцедес очигледно ќе бидат Ферари/Мекларен од ланска сезона :D
Желба ми е годинава да гледам битка Леклерк - Макс. :zloo:
 
Сериозен сум. И не е само до возачите туку и до тимот. Последните две шанси за титула со Алонсо и Фетел самиде си ги зезнаа. И лани ферари беше брз на квалификации ама ќе видиме утре во трка. Инаку супер е за спортов што се враќаат во форма.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
И јас! И нормално, навиваме за Леклер. :P
Тешко ќе ми биде да водам ривалство со другиот фан на Алонсо, ама пријателски ќе биде. Немам ништо против Леклерк, и да земе титула нема да ми е криво. :D
Автоматски споено мислење:

Прашање до Макс:

So you must be very dissapointed with Mercedes ranking 5th and 6th?

- Very, very :pos:
Автоматски споено мислење:

Сериозен сум. И не е само до возачите туку и до тимот. Последните две шанси за титула со Алонсо и Фетел самиде си ги зезнаа. И лани ферари беше брз на квалификации ама ќе видиме утре во трка. Инаку супер е за спортов што се враќаат во форма.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Мислам дека сезонава се најблиску до врвот после Алонсо и Фетел. Мислам дека ќе бидат број 1/2 сезонава ако вака продолжат. Let's see.
 
Мене најпријатно ме изненади Магнусен и Ботас. Колку ќе ми беше мерак Ботас да беше пред Хамилтон на квалификацииве.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Мене најпријатно ме изненади Магнусен и Ботас. Колку ќе ми беше мерак Ботас да беше пред Хамилтон на квалификацииве.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Не е пред Луис, ама затоа е пред Расел. Ќе биде јако да влезат у дуел. Исто ќе биде интересно Луис-Чеко.
 
Болидиве со Мерцедес мотор општо многу слабо. Дали е до сетинзите на моторот или им фали моќ којзнае.
 
не пратев многу што се дешава, имаат ферари возач 1 или како лани ке ги пуштат двата?

неможев ни да ги гледам квалификацииве, кој на кого правеше tow?
 
не пратев многу што се дешава, имаат ферари возач 1 или како лани ке ги пуштат двата?

неможев ни да ги гледам квалификацииве, кој на кого правеше tow?
Изјавија дека ќе ги пуштат двајцата, ама ќе видиме до кога. :)
 
Имаше мислам правило на почеток од сезонава дека моторот ќе остане замрзнат т.е не променет до 2025 освен за некои ситни детали. Ако е точно тогаш мерцедес се у катастрофална ситуација. Али не би се изненадил да најдат дупка у закон и да имаат конкурентен болид после 4-5трки.

Ферари - Ред Бул ќе биде одлично за гледање, барем засега така изгледа. Ама ајде да почекаме утре рејс пејс.
Леклер - Макс ќе бидат носители на спортов во наредни 10год што е уште една одлична работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom