Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    89
UPDATE: Romain has some minor burns on his hands and ankles but otherwise he is ok. He is with the doctors just now.
 
Ауууу, каква трка.....

И овој претера, сакаше да врти ептен „внатрешно“, иако беше позади. :cautious:
 
Последно уредено:
Ауууу, каква трка.....

И овој претера, сакаше да врти ептен „внатрешно“, иако беше позади. :cautious:

Хахах па ти да не си изненаден од торпедото Квијат :D

 
Срце ми застана кога ја видов експлозијата у пичку матер, многу ѕвезди му се наклонија на Роман за да искочи скоро неповреден од инцидентов.

Тркава и не беше толку лоша во глобала имаше доста претекнувања и борба за позиции посебно од 4то па надоле.
Знам дека беа помеките компоненти и се очекуваше поголема деградација на пневматиците, ама пак ме изненади колку малку издржа тврдата гума. Единствено Гасли успеа да извади добар резултат со нив иако имаше малку среќа со safety car на крајот.
А Ботас како ли само успеа двапати да дупне гума алал да му е :pos:
 
Ко на филм беше упм, па тоа што не покажуваа што се случува ја правеше атмосферата уште понапната. Некако ми олесни кога го покажаа жив и здрав како седи во безбедносното возило, сите дома мислевме изгоре заедно со болидот.
 
Ух добро е
Автоматски споено мислење:

:place::place:
 
Последно уредено:

Буквално излезе од болид што гореше а помина само со изгореници на двете дланки,колку се напреднати во однос на заштита на возачите.
Браво (y)
 


Буквално излезе од болид што гореше а помина само со изгореници на двете дланки,колку се напреднати во однос на заштита на возачите.
Браво (y)

Да беше пред 2-3 години ова кога немаше заштитен обрач немаше да преживее.
 

И сега на вестите на Телма, вика тој презентерот Себастијан Гросжан***
Барем нека си прогуглаат кој и шо е Себастијан Гросжан, а кој е Роман Грожан
 

И сега на вестите на Телма, вика тој презентерот Себастијан Гросжан***
Барем нека си прогуглаат кој и шо е Себастијан Гросжан, а кој е Роман Грожан
Тешки аматери се нашиве новинари па не ме изненадуваат вакви работи.

Иначе, Табак и ВлаДко на кои им е работа да коментираат Ф1 страшно многу ме нервираат колку се изгубени во преносот. Имаат навистина добро познавање на спортот, информирани се за многу работи и тука не им замерувам ама многу се изгубени кога коментираат.
Еве од прееска грешки што ми останаа во сеќавање
- Режијата го следи Ботас добри 20-30 секунди, а они викаат еве го Окон го напаѓа...Саинц ваљда нз
- Албон/Макс ги помешаа во бокс мислам двапати иако пред да влезат во пит ги следеше камера + нивно име доле десно
- Перез му чади моторот веќе пола минута и го поминува Вилијамс, овие викаат Чеко без проблем ќе заврши трето за после да се изненадени кога се паркираше :pos:

Секој викенд вака се губат
 
Во фудбалски жаргон ф1 ја следат на резултати ком. Имаат пристап до лајв тајмингот и таму се губат изгледа, друго објаснување не гледам.
Моментот кога Перез чадеше и беше претекнуван тие викаат добро е што ќе има подиум.

Искрено би плаќал претплата само да гледам ф1 со добар квалитет и коментатори како тие србите мотори што коментираат. Ниту еден детал не промашуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom