Со ова веќе знаеме кој све ќе се трка за големите тимови во 2018. За Макс очекувано, нема кај да оди додека Фетел и Хамилтон имаат договори. Нeќат со него во ист болид

Останува уште да видиме кој ќе се трка за помалите како Торо Росо, Заубер и Вилијамс. За Торо Росо да видиме како ќе се покаже оваа трка Брендон Хартли кој е шампион во WEC. Ако се покаже добро највероатно Квиат ќе добие нога и наредна година ќе ги видиме Хартли и Гасли во Торо Росо.
Во Заубер највероатно ќе дојде детето на Ферари, Чарлс Леклерк, кој изгази во Формула 2 оваа сезона.
Во Вилијамс Строл е сигурен а како колега ќе му биде или Кубица или Пол Ди Реста. Ептен сакам да го видам Кубица назад во Ф1 како ќе се снајде послем таа тешка повреда во Рели. Криво ми е тоа што се случи, мислам дека шампионски материјал беше. Но и Пол Ди Реста ако се врати нема да ми е криво, добар тркач.