Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Каква бљувотина стана формула. Изгледа се натпреваруваат кој повеќе ќе плаче на крај на трка. 2 трки изгледав цела сезона, а порано не пропуштав ни квалификации. До тоа ниво дојде формула...
 
Не се жалеше Розберг дека Луис возел преагресивно колку што знам.... Баш напротив кога Луис ке победеше овај му честиташе и велеше дека бил пребрз и ништо не можел Розберг да стори, дури и тогаш кога Луис покуша да го претица а овој го затвори и се судрија и тогаш екипата им забрани да коментират по медиуми за тоа, баш си беше умерен човекот.
Нема пријатели на патеката кога се борат за титула, јасно е тоа ама 2007 воопшто не комуницираа меѓу себе Алонсо и Луис и атмосферата во екипата беше никаква, сега си делат комплименти и често разговараат, сигурен сум дека сега колку и да бидат агресивни меѓусебно на патеката, на крајот ке си честитаат искрено. Овие 10 години и едниот и другиот научија да губат за разлика од 2007. како да е мислам дека мали се шансите Алонсо да се пресели во МБ. Хондата од година во година се подобра е.
 
Ме изненади ептен оваа одлука на Розберг, ама кога да видиш, тешко дека тој некогаш пак ќе беше светски шампион, па ова повлекување додека е на врвот е до некаде разбирливо.

Инаку навивам за тоа Алонсо да вози во Мерцедес идната сезона. За мене тој се уште е најдобар возач од сите активни, па ќе биде феноменално да ја заврши кариерата со трета титула. Сите сакаме поизрамнета Ф1 догодина, ама ако Мерцедес продолжи со доминација, добро е да има втор голем возач кај нив што ќе му конкурира на Хамилтон. А подобар избор од Алонсо нема за таа улога. Ако Мерцедес земат анонимус да му врши работа на Хамилтон, а пак доминираат цела сезона, тогаш ќе ја имаме најдосадната сезона во историјата.
 
Драмата во Ф1 дојде после сезоната. И ќе трае додека некој не потпише за Мерцедес. И после? Ако е вака досадно и догодина...
 
Не знам зошто мислите дека е пичка Розберг затоа што се повлекол сега, кога е на тронот. Баш напротив, јас никогаш не сум го сакал, ама за овој потег што го направи, навистина му се восхитувам. Многу е тешко да се откажеш од нешто што го сакаш, а веројатно уште потешко е кога си на врвот, како него. И тоа не затоа што си отишол да освојуваш нови тронови, туку за да се посветиш на семејството. За мене по ова Розберг не е веќе мрсулко и плачко туку херој. И ќе остане запаметен како шампионот кој освои две титули во една сезона! ;)

Ова е исто како нашиот селектор во кошарка..Докузовски..Направи огромен успех,и си замина како пиче,оти нема храброст наредната сезона пак да се такмичи..Ако сите "шампиони" како пиздава се откажуваат после секој трофеј,Ф1 не треба да постои повеќе..Се е отидено у курац.
 
Јас не го сфатив баш најдобро Нико, ако изгубеше и оваа година од Луис, немаше да се повлечи? ;)
 
Рано ви текна бе да коментирате на темава :P[DOUBLEPOST=1480793960][/DOUBLEPOST]p.s Имам предлог за наредна сезона да не отвараме нова туку оваа некој од админите да ја преименува во 2017 и да си продолжиме нема поента да отвараме нови теми терај во една се на куп :D
 
Колку и да сакам да го видам Алонсо у Мерцедес, сепак да бидеме реални. Алонсо е веќе во години и нема да им биде од корист многу, а сигурен сум дека не сакаат да менуваат возач за кратко време. Убеден сум дека ќе идат на некој млад возач, згора на се последниве 2 сезони атмосферата со Хамилтон и Розберг им беше пеколна. Чисто се сомневам дека сакаат така да продолжат и со Алонсо.
 
Во една статија за странскиве портали, Тото или Лауда изјави дека освен Кими и Квјат, сите други возачи се понудиле за испразнетото место.
Кими рулз :cool:
 
Во една статија за странскиве портали, Тото или Лауда изјави дека освен Кими и Квјат, сите други возачи се понудиле за испразнетото место.
Кими рулз :cool:
Затоа го почитувам ептен и кога не возеше за Ферари имав почит спрема човеков. Не им лиже гз на Мерцедес, доволно му е да има малце покомпетентен болид ке ги шамара сите на гридот. Со Лотус мислам дека освои Хунгароринг пред Ред Бул, Ферари и Мерцедес а таа сезона Лотус имаше ептен добар болид, се што треба од Ферари е да му склопат шасија по мерка и да дадат комптентна ПЕ, па старецов да им објасни на малишаниве како стојат работите во Ф1
 
Затоа го почитувам ептен и кога не возеше за Ферари имав почит спрема човеков. Не им лиже гз на Мерцедес, доволно му е да има малце покомпетентен болид ке ги шамара сите на гридот. Со Лотус мислам дека освои Хунгароринг пред Ред Бул, Ферари и Мерцедес а таа сезона Лотус имаше ептен добар болид, се што треба од Ферари е да му склопат шасија по мерка и да дадат комптентна ПЕ, па старецов да им објасни на малишаниве како стојат работите во Ф1
Кими си е приказна за себе, стара гарда каму да се сите возачи ко него, неповторлив карактер, со Лотус 2012 победи Абу Даби, а 2013 во Австралија.

П.С Розберг ја размрда темава :uzi:
 
Во една статија за странскиве портали, Тото или Лауда изјави дека освен Кими и Квјат, сите други возачи се понудиле за испразнетото место.
Кими рулз :cool:
Да, Тото :D Но, Фетел изјави дека на сите требало да им биде јасно дека нема шанси да ги напушти Ферари.
 
Да, Тото :D Но, Фетел изјави дека на сите требало да им биде јасно дека нема шанси да ги напушти Ферари.

A сигурно сонувал многу пати до сега како вози за мерцедес и ја освојува титулата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom