Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...

  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Рикијардо од следната трка и 4-от мотор ќе го искористи.
г
токму така, а правилото за пет мотори по сезона сеуште не им е официјално поминато.
http://www.krug.mk/?p=4022
http://www.krug.mk/?p=4034

Мекларен викаат дека ништо страшно не им се случило, ма да не знам што не е страшно во тоа што 2 тренинг сесии Батон пропушти, квалификации исто, трка исто ...
http://www.krug.mk/?p=4030

Ветел смета дека ја разочарал екипата
http://www.krug.mk/?p=4015
 
Ех ја разочарал... Не е машина човекот па да не направи ниту една грешка... Се случува, тоа е сега... :)
 
Па Фетел и си има мала репутација дека паѓа под притисок во дуели од време на време :D
И убаво што си призна дека не извозел добро. Тркава наликуваше на Фетел од минатата година.
Се надевам нема да се одрази ова психолошки на него.
 
2015 БАХРЕИН ГП: ЛУИС ПОБЕДНИК, КИМИ ЗВЕЗДА НА ВЕЧЕРТА

Браво за Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ, Нико победен во фер борба!!!
Луис Хамилтон ја забележа неговата трета победа во сезоната со контролирано возење од старт до финиш во Бахреин, но повторно Ферари е тој што блескаше, само што овој пат со Кими Раиконен во главната улога. Финецот надомести 19 секунди разлика со Нико Розберг во завршниот стинт од трката, за да го украде второто место од возачот на Мерцедес АМГ во предпоследниот круг од трката. Себастијан Ветел заврши 5-ти, а многу време потроши во обиди да го престигне Валтери Ботас со болидот на Вилијамс, но никогаш не доби реална шанса да нападне.

Луис Хамилтон добро стартуваше и ја поведе трката по првиот свиок, со Себастијан Ветел веднаш зад него. Второто место на Германецот во еден момент беше загрозено од страна на Нико Розберг, кој со овој потег го загуби и третото место откако беше престигнат од Кими Раиконен. Но, Мерцедесите беа многу побрзи, па Нико го врати третото место на почетокот од четвртиот круг. Денес слаба точка на Ферари беше првиот свиок. Веднаш потоа тргна во потера и на Ветел, но беше советуван да ги одмори сопирачките пред да нападне. Хамилтон, во меѓувреме само ја зголемуваше предноста пред Ветел, која на крајот од седмиот круг изнесуваше 2.3 секунди.

Возачот на Ферари направи грешка во првиот свиок и едвај го избегна губењето на второто место, но Розберг го искористи неочекуваното приближување до Ферарито за нов напад со ДРС-системот на истото место во следниот круг. Престигнувањето беше чисто и неодбранливо. Со тоа сребрените стрели имаа 1-2 позиција, следени од двата болиди на Ферари. Зад најбрзите 4 болиди, Валтери Ботас беше петти, четири секунди зад Раиконен, додека Даниел Рикиардо беше три секунди зад Финецот на шестото место. Роман Грожан беше седми за Лотус, пред Зауберот на Маркус Ериксон и болидите на Форс Индија, Нико Хулкенберг пред Серџо Перез на местата кои носат поени.

Во 13-от круг, Себастијан Ветел беше прв од фаворитите што влезе во бокс да ги промени своите гуми. Излезе повторно на истата мека смеша на Пирели гумите. Неговиот потег беше проследен од Нико Розберг веќе во следниот круг. Нареден во боксевите влезе Хамилтон, во 15-от круг, но Раиконен избра да остане на патеката. Одличниот пит-стоп на Ветел од 2.4 секунди, за разлика од тој на Розберг, кој траеше повеќе од три секунди, повторно го донесе болидот на Ферари на второ место. Розберг повторно мораше да биде агресивен за да го помине Ветел. Ферари едноставно денес немаше решение за пребрзиот Мерцедес АМГ на стартно/целниот правец и влез во првиот свиок. Луис Хамилтон исто така имаше лош пит-стоп од 3.7 секунди, што го намали неговото водство на само 1.3 секунди во 19-от круг.

Кими Раиконен меѓу последните ја направи првата посета на боксот, но премина на медиум гуми. Во тие моменти се чинеше дека тоа е лош потег, бидејќи разликата со Ветел се зголеми на 10 секунди. Сепак, Кими Раиконен леташе на новите медиум гуми и во следните 10 круга ја намали оваа разлика на само 4 секунди и 12.6 зад лидерот Хамилтон.

Себастијан Ветел повторно беше првиот возач од фаворитите што го имаше вториот пит-стоп, во 32-от круг, започнувајќи го последниот стинт на медиум гуми. Хамилтон го направи истото веќе во следниот круг. Нико Розберг исто така, премина на медиум гумите во следниот 34 круг. Побрзото влегување на Ветел, повторно му овозможи да излезе пред Мерцедесот на Нико Розберг. Но, овој пат Ветел направи грешка во финалниот свиок, Розберг беше блиску и го искористи тоа да се најде на трето место. Кими Раиконен беше во водство пред Луис Хамилтон. Проблемите на Ветел беа поради неисправно предно крило, па тој мораше да се упати кон својата гаража по нов нос. Тоа доведе до негово непланирано назадување на 5-тото место зад Валтери Ботас.

Во меѓувреме Раиконен беше 3.7 секунди пред Хамилтон, но оваа разлика драматично се намалуваше. Но, неговата предност од 10 секунди пред Розберг е она што му даваше надеж дека може да стигне до второто место. Луис Хамилтон се врати на водечката позиција со престигнување во фамозниот прв свиок на почетокот од 40 круг, што значеше дека е време за возачот на Ферари да се упати кон боксот по својот последен сет на меки гуми. Разликата со Розберг во тој момент изнесуваше 6.0 секунди. Кога се врати на патеката, Кими Раиконен, беше 19 секунди зад Розберг. Во меѓувреме, Ветел го стигна Ботас. Даниел Рикиардо беше на сигурното шесто место, пред Грожан, Маса, Перез и Дањил Квјат, кој имаше импресивен кам-бек од 17-то место на патеката.

Раиконен, пак, повторно леташе на патеката, па во 48 круг, дефицитот од 19 секунди се намали на 7.6 секунди зад Розберг. Во последните неколку круга Кими беше во ДРС домет на Германецот, но тоа не беше она што му помогна да стигне до второто место, туку тоа беа сопирачките на Розберг, кои откажаа во пред последниот круг. Валтери Ботас успеа да се одбрани од Ферарито на Себастијан Ветел. Даниел Рикиардо заврши на шестото место, но Рено ПЕ на неговиот болид откажа неколку стотина метри пред целната линија, која болидот ја помина движејќи се по инерција. По 4 трки од сезоната Австралијанецот остана без три мотори, од дозволените пет за вела сезона. Поразителен факт за Рено. Грожан беше седми за Лотус, пред Серџо Перез и Дањил Квјат, кој го помина Маса за 9-тото место во завршните фази на трката.

На крај да го споменеме и тимот на Мекларен. Џенсон Батон не успеа да ја стартува трката бидејќи неговиот болид не можеше да биде навреме поправен по откажувањето во квалификационата сесија. Но, Фернандо Алонсо, со пласманот на 11-тото место ни покажа дека МП4-30 има голем потенцијал и за малку не успеа да дојде во позиција да ги забележи првите поени за тимот. Сега Формула 1 циркусот има тринеделна пауза пред акцијата да продолжи со Шпанското ГП во Барселона, првата рунда од Европскиот дел од 2015 Шампионатот.

Резултати[DOUBLEPOST=1429484800][/DOUBLEPOST]...
 
Attachments

  • 150064_bahr_.jpg
    150064_bahr_.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 34
  • 150070_bahr_.jpg
    150070_bahr_.jpg
    1.013,5 KB · Прегледи: 34
  • 150075_bahr_.jpg
    150075_bahr_.jpg
    1 MB · Прегледи: 35

Poslednava slika 1000 zborovi, se vide i deneska koga Kimi prasuvase sto da pravi bidejki bese pobrz od vettel a ne sakase da se zagrozi sebesi i vettel vo borba koja nisto nema da donese a ke gi potrosoea gumite zaludno, ne znam dali e do mene ama ovakvo zadovolstvo ne sum imal odamna od detskite denovi sto se vika koga gazese sumaher, cekav nekolku godini za vakvo nesto vreme bese xD
 
Момент на трката беше првиот свиок. Фетел наместо да гледа и да го брка Хамилтон, тој гледа во ретровизор да го блокира Нико за Кими да помине. (y)
 
Vajda ke im seknat parite NEKAD ;-)
Pa da se vratime na Portugalija, Grrmanija, San Marino, Argentina...
 
Ме чуди само како арапите не направија свој тим ... страшно е ова Ф1 од европа целосно у азија ке ја префрлат :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom