2015 СИНГАПУР ГП: ФЕРАРИ КАКОВ ШТО ГО ПОСАКУВАМЕ - МОЌЕН!!!

Возачот на Ферари, Себастијан Ветел е Победник на Големата Награда на Сингапур, забележана на доминантен начин во стилот на Сребрените стрели, кои денес не личеа на себе. Луис Хамилтон не ја заврши трката по проблемите со гаста на неговиот болид, додека Нико Розберг не беше моќен да стори ништо повеќе и покрај "ресетирањето" на трката по влегувањето на безбедносното возило.
Дефинитивно рецептот да се победи Мерцедес АМГ е жешко време, груб асфал, супер-меки гуми на Пирели. Даниел Рикиардо, пак, го постигна својот најдобар резултат во оваа сезона со второто место пред вториот болид на Ферари со Кими Раиконен зад воланот. Како добро изгледаше денес Победничкиот Подиум. Премногу се навикнавме на Мерцедес логото, кое најверојатно веќе наредниот викенд ќе се врати на старите патеки.
Стартот мина во најдобар ред сите болиди на првите три стартни реда, па така Себастијан Ветел го превзеде водствот во првиот свиок. Единствено Нико Розберг имаше мали проблеми со Валтери Ботас за шестото место, но крај се се заврши добро за него. Најголемите проблеми ги имаше Макс Фестапен, возачот на Торо Росо, кој требаше да тргне од осмата позиција, но неговиот болид не го сакаше тоа. Младиот Холанѓанец беше истуркан до својата гаража, каде болидот беше рестартиран и тој повторно се приклучува на трката.
Ветел пак леташе на патеката, до крајот на вториот круг направи 4.4 секунди предност пред Рикардо, но како што одминуваа круговите Германецот се реши за контрлирана разлика од околу 5 секунди. Веќе првите десетина круга покажаа дека ќе следува досадна трка, бидејќи како сите да беа задоволни од позициите кои ги имаат на патеката. Единствено шанси за некоја промена беа боксевите или пак безбедносното возило.
Роман Грожан беше првиот кој се реши да ги посети своите механичари веќе во 10-от круг, да се ослободи од супер-меките и да стави меки гуми на својот болид. Веќе следниот круг тој беше проследен до боксот од Фернандо Алонсо со Мекларен, Карлос Саинц ЈР. со Торо Росо, Маркус Ериксон со Заубер и неговиот тимски колега Пастор Малдонадо.
Во наредниот пак го имавме и виртуелното безбедносно возило кога Фелипе Маса и Нико Хулкенберг се судрија на патеката. За виновен беше прогласен Нико Хулкенберг, кој при судирот заврши во бариерите, а тоа беше и крај на трката за него. Хулкенберг подоцна беше казнет и со 23стартни места поназад за Јапонското ГП, кое е на програмата следниот викенд. Маршалите не се снајдоа во чистењето на патеката, па напомош беше повикано и вистинското безбедносно возило.
Момент кога сите болиди се упатија кон своите гаражи за промена на гумите, иако некои со повеќе успех од другите. Најкатастрофално застанување имаше Џенсон Батон, па тој се врати дури на 16-тото место. Водечките минаа без поголеми проблеми, но Ветел, Рикардо и Раиконен, повторно се вратија на патеката на супер-меки гуми, додека Хамилтон и Розберг на меките гуми. Единствено, овој период на пит-стопови и безбедносно возило не му се погоди на Дањил Квјат кој беше поминат од двата болдии на Сребрените стрели. Следуваа Ботас, Перез, Наср Заубер, кој се искачи на 9-тото место, по стартот од 16-тата позиција. Трката во нормала со ова безбедносно возило се врати и за Макс Ферстапен со Торо Росо.
Следува период на досадно вртење на кругови, се до 27-от круг кога Луис Хамилтон пријави проблеми со моќноста на Мерцедес ПЕ во неговиот болид. Почна забрзано да губи позиции. Неговите инженери се обидуваа да го поправат болидот преку телеметријата, но сите нивни обиди не вродија со плод по што тој беше повикан во својата гаража и се повлече од трката. Во меѓувреме и Фелипе Маса се соочи со проблеми со менувачот, кој се преврли во лер, што беше предвремен крај на трката и за него.
Во 35-от круг, следуваа проблеми за Квјат со задното десно тркало, па мораше во бокс, по што изгуби само една позиција стекната со откажувањето на Луис Хамилтон. Потоа во 37-от круг следуваше распоредување на безбедносното возило, без некоја очигледна причина на гледачите пред ТВ-екраните, но набрзо стигна и објаснувањето дека имало гледач на патеката!!!
Тоа беше знак за сите на патеката да направат уште по еден пит-стоп за промена на гумите. Кога сите ја завршија својата работа во боксевите, распоредот зад БВ беше следниот: Ветел, Рикардо, Раиконен, Розберг, Ботас, Квјат, Перез, Грожан, Малдонадо и Батон. Фановите на Мекларен се понадеваа на нови поени за својот тим, но и Британецот во овој тим наскоро ја заврши трката со предвремено паркирање во гаражата, по примерот на својот тимски колега, Фернандо Алонсо.
Кога продолжи акцијата, Ветел набрзина создаде безбедна граница меѓу него и Рикиардо, која ја контрлираше до самиот крај на трката. Пред откажувањето Батон имаше близок контакт со Пастор Малдонадо, по што мораше по ново предно крило. Неговото место во поени го превзеде Макс Ферстапен кој извозе многу добра трка, и покажа манири на голем шампион кога непотребно беше побарано од него да му ја предаде позицијата на својот тимски колега кој имаше посвежи гуми.
Холанѓанецот го претекна Малдонадо за 9-тот место, постави најбрз круг во тој момент, за да го помине и Грожан за 8-мо место во 47 круг. Истите потези ги повтори и Карлос Саинц ЈР., кој беше веднаш зад него. Следната цел на Ферстапен беше Перез за седмото место, но без успех. Во тие моменти дојде тимска наредба од неговиот инженер да ги разменат своите места со Саинц, но тој одби и ја заврпи трката пред неговиот тимски колега.
Себастијан Ветел стигна до својата 42-ра Ф1 Победа, со тоа надминувајќи го Аиртон Сена на табелата, а следен е Алан Прост, кој на твитер напиша "те гледам во моите ретровизори." По подолго време одлична трка и за Даниел Рикардо на второ место, а Кими Раиконен заврши на последното скалило од Подиумот. Следува Големата Награда на Јапонија веќе следниот викенд.
Голема Награда на Сингапур, Марина Беј
61 круга, 308.965км., Време: Ноќна трка.