Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Абе Алонсо четврт или петти заврши ? Верстапен имаше drive through, ама мислам не ја одслужи. А на крај коа пишуваа бодови кај Алонсо имаше 11. Можда грешам ама пред тркава мислам дека имаше само 1. :unsure:
 
Браво за Фетел секоја чест!Штета за Кими што не дојде до 2-то место.
Наредна година да го лапнат Рикиардо нема да биде лошо.
 
голем напредок на ред бул, уште мекларен да ги стигне и лотус да се попрае малку повеќе
 
Абе Алонсо четврт или петти заврши ? Верстапен имаше drive through, ама мислам не ја одслужи. А на крај коа пишуваа бодови кај Алонсо имаше 11. Можда грешам ама пред тркава мислам дека имаше само 1. :unsure:
25, 18, 15, 12, 10, итн.
Ако имал 1, па сеа 11, значи 5-ти бил.
 
овие двајца коментатори незнам што се запнаа за казна на рикиардо како едвај да чекаа да искочи тоа на екран. Немаше основа никаква пошто чисто го премина и росберг му влезе потоа, се гледа дека врска немаат
 
овие двајца коментатори незнам што се запнаа за казна на рикиардо како едвај да чекаа да искочи тоа на екран. Немаше основа никаква пошто чисто го премина и росберг му влезе потоа, се гледа дека врска немаат

Да беше до нив сите ќе ги испоказнеа за Алонсо да отиде на подиум ама ништо не бидна од тоа :Д

Леле тркава беше многу добра а Малдонадо ја напраи уште подобра, се дупнав од смеење со дечкото.
 
Овој Малдонадо пола трка низ боксовите ја извозе. :pos::pos:
 
Повеќе казни додели Чарли денеска, отколку шо Грујо забоде споменици во Скопје.

Конечно малку крв и во Ф1. Ама Рикардо ептен гадно му го спопика на Нико. Мораше да лапа дебела казна, од 25 додадени секунди (ако уште стои оваа во новите правила). Директна колизија беше во прашање, на невнимание на еден од возачите. Не знам зошто го поштедија, очекував јако да го жигосат.


ПС - Големи зборови од Себ за Бјанки. Браво :cuc:! Прва жртва во Ф1 е оваа после 20 години, сигурно на ниту еден од возачите на гридот не му беше сеедно денеска.
 
Се повеќе мислам дека од Ферари го саботираат Кими. Едноставно не е можно ова, секоја трка се нешто нему му се случува...
 
Повеќе казни додели Чарли денеска, отколку шо Грујо забоде споменици во Скопје.

Конечно малку крв и во Ф1. Ама Рикардо ептен гадно му го спопика на Нико. Мораше да лапа дебела казна, од 25 додадени секунди (ако уште стои оваа во новите правила). Директна колизија беше во прашање, на невнимание на еден од возачите. Не знам зошто го поштедија, очекував јако да го жигосат.


ПС - Големи зборови од Себ за Бјанки. Браво :cuc:! Прва жртва во Ф1 е оваа после 20 години, сигурно на ниту еден од возачите на гридот не му беше сеедно денеска.

росберг беше поминат и требаше да внимава како преминува, рикиардо нема никаква кривица овој му влезе у негова линија на движење
 
росберг беше поминат и требаше да внимава како преминува, рикиардо нема никаква кривица овој му влезе у негова линија на движење
Рикиардно преагресивно влезе свиокот, со што првично ДА го помина Нико, но на кочењето малтене излезе од патеката и немаше никаква траекторија. Нико си држеше правец на движење и излезе пред него на крајот од свиокот, па овој пробувајќи да се исконтролира и врати назад во линија, го закачи одпозади. По апла кикс од овој, здравје. Не ми е јасно каде виде грешка на Нико ..
 
Рикиардно преагресивно влезе свиокот, со што првично ДА го помина Нико, но на кочењето малтене излезе од патеката и немаше никаква траекторија. Нико си држеше правец на движење и излезе пред него на крајот од свиокот, па овој пробувајќи да се исконтролира и врати назад во линија, го закачи одпозади. По апла кикс од овој, здравје. Не ми е јасно каде виде грешка на Нико ..

не гледам никаде да излегол, по банкина одеше а колку што знам тоа е дозволено
https://youtu.be/2Ws6y7ULEcc?t=30s
 
2015 УНГАРИЈА ГП: ВЕТЕЛ СО ПОБЕДА ВО ДРАМАТИЧНА ТРКА НА ХУНГАРОРИНГ


Себастијан Ветел победи на трката за Големата награда на Унгарија, прв пат во својата Ф1 кариера и тоа кога најмалку се очекуваше од него ваков подвиг. Ферари лесно можеше да забележи еден-два победа за уште поголемо славје во гаражите на Италијанскиот тим, но болидот на Кими Раиконен не издржа до самиот крај и поради дефект на генераторот на кинетичката енергија од сопирачките мораше да се повлече од трката. Двата црвени болиди имаа супериорен старт за излез на водечките две места после првиот свиок, а возачите на Мерцедес АМГ се најдоа во проблеми. Нико Розберг ги притискаше болидите на Ферари во поголемиот дел од трката, но при крајот, по судирот со Даниел Рикардо им го препушти Подиумот на возачите на Ред Бул.

Трката стартуваше по еден дополнителен формациски круг, поради тоа што во првиот Фелипе Маса не ја погоди својата стартна позиција. Тоа како да ги деконцентрираше возачите на Мерцедес АМГ, а особено Луис Хамилтон, кој веќе втора трка по ред не успева да тргне како што доликува на шампионскиот тим.

Тоа веднаш беше искористено од страна на летечките болиди на Ферари, Себастијан Ветел отиде на водечкото место, пред својот тимски колега, Кими Раиконен, кој се најде веднаш зад него. Луис Хамилтон со старт од првата позиција се најде на четвртото место, зад Нико Розберг, сакаше веднаш да го помине својот тимски колега кој не попушти ни милиметар во одбраната на својата позиција и слично на минатата трка, Хамилтон се најде надвор од патеката.

Овој пат имаше подолг пат да се врати назад на асфалтот и веќе падна на 10-то место. По тимското радио веднаш го обвини Германецот за оваа негова неповолна ситуација.

Даниел Рикардо, исто така, имаше слаб старт од четвртата позиција на валканата страна од патеката и беше претекнат од страна на Валтери Ботас. Австралијанецот се најде на седмото место. Неговиот тимски колега, Дањил Квјат, пак имаше релативно добар старт и од седмата позиција на стартот се најде на петтото место, но имаше проблеми со почетниот сет на Пирели гумите, па набрзо беше претекнат од страна на Нико Хулкенберг со болдиот на Форс Индија, за потоа да мора да му дозволи на Рикиардо да го претекне без борба откако тоа беше побарано од него по тимското радио.

Даниел Рикиардо веднаш почна да напредува напред и веќе во 10-от круг го помина и Нико Хулкенберг при влез во првиот свиок. Три круга подоцна го помина и Валтери Ботас за четвртото место.

Вилијамс тоа го свати како сигнал да го повика Финецот во бокс за промена на гумите, што беше старт на првата рунда на промени на гуми. Тоа го искористи Хамилтон кој во 17-от круг се најде на 5-то место. Британецот беше најбрз на патеката и четири десетинки побрз од лидерот, но имаше огромни 30 секунди заостанување зад Германецот.

Тој во 19-от круг се реши за промена на гумите и повторно излезе на меки гуми. Еден круг подоцна Нико Розберг, ги смени меките за медиум гуми. Себастијан Ветел одговори во 21-от круг и повторно излезе на меки гуми. Во тие моменти реагираше и Даниле Рикардо кој исто како и Розберг се одлучи за медиум гумите за својот втор стинт. Последен од сите беше Кими Раиконен, кој во тие моменти се наоѓаше на првото место.

По неговото влегување во бокс Ветел изби напред со шест секунди предност пред второпласираниот Кими Раиконен. Финецот имаше дополнителни шест секунди пред Нико Розберг. Рикиардо беше четврти, но поради побавните медиум гуми беше брзо пристигнат од Хамилтон, кој беше на меки гуми. Хамилтон во тој момент беше 31.5 секунди зад Ветел.

Ботас беше шести пред Хулкенберг, со Квјат на осмото место пред Макс Ферстапен и Фернандо Алонсо, кој од 15-тата стартна позиција се искачи на место кое носи поени. За тоа придонесе и Пастор Малдонадо кој влегуваше од казна во казна и се најде на последното место во тие моменти. Покрај својата ја уништи и трката на Серџо Перез.

Сите очи беа вперени кон Хамилтон, кој по претекнувањето на Рикардо, ја демонстрираше брзината на својот болид, и со побрзата смеша почна рапидно да ја намалува предноста на својот тимски колега, која од 16.5 секунди во 40-от круг падна на само шест. Нико Розберг заостануваше 6 секунди зад Кими Раиконен, кој пак имаше 10 секунди заостанување за Ветел.

Кога сите во Ферари и многуте нивни фанови се понадеваа дека им се насмевнува првата еден-два победа во последните пет години (2010 Германското ГП), надежите ги урна како кула од карти Кими Раиконен кој во 41-от круг по тимското радио објави дека загубил дел од моќта на Ферари ПЕ.

Ситуацијата стана уште позагрижувачка еден круг подоцна кога предното крило од болидот на Нико Хулкенберг при максимална брзина се распадна на стартно-целната рамнина и возачот на Форс Индија заврши во бариерите покрај првиот свиок.

Тоа првично предизвика прогласување на Виртуелен безбедносен автомобил и серијата на влезови во боксот по нови гуми, кога Розберг ја направи клучната грешка и наместо меки, повторно излезе на патеката со медиум смешата на Пирели. Под ВБВ разликите се одржуваа на истото ниво, но поради големиот број на остатоци на патеката од предното крило на болдиот на Хулкенберг тоа набрзо беше заменето со вистинското безбедносно возило. Со тоа убедливото водство на Ветел беше во секунда елиминирано.

Безбедносното возило ја напушти патеката на крајот од 48 круг, кога започна нова серија на возбудувања. Ветел се обидуваше да ја задржи водечката позиција, додека Кими Раиконен немоќен да направи нешто повеќе со половина сила од својата ПЕ, започна да паѓа надолу во поредокот, што на крај доведе и до негово откажување од трката.

Нико Розберг, се најде на второто место. Хамилтон кој исто така, имаше медиум гуми се најде под напад на Даниел Рикиардо кој беше на значително побрзата мека смеша на Пирели. Хамилтон не би бил на тоа место каде што е ако попушташе во своите дуели на патеката, па се случи инцидент со Австралијанецот во стилот на Шумахер. Рикардо излезе уште помотивиран од овој судир за кој Хамилтон заработи казна од поминување низ боксевите.

Хамилтон пред одслужување на казната беше поминат и од Квјат и Ботас. Во таа мешаница на патеката Ботас заработи дупната гума, по контактот со Макс Ферстапен и Финецот падна назад во поредокот.

Поредокот беше Ветел, Розберг, Рикардо, Квјат, Ферстапен, Алонсо, Грожан, Батон, Саинц ЈР. и Ериксон во бодови на нешто повеќе од 10 круга до крајот. Хамилтон, по одслужувањето на неговата казна, се најде на 12-тото место.

Даниел Рикардо не се согласуваше со овој редослед на патеката па направи премногу смел обид да го помине Розберг во првиот свиок. Тој закочи премногу доцна, тркалата блокираа и тој излезе широко покрај првиот свиок, а потоа кога Розберг повторно го помина да дојде до контакт во кој Розберг заработи дупната лева задна гума, а Австралијанецот остана без предното крило.

Тоа го промовираше Квјат на второто место, но Русинот имаше 10 секунди казна за непрописно кратење на патеката. По излегувањето од боксевите Рикиардо беше повторно трет зад тимскиот колега, но со големо заостанување. Розберг, пак, кој речиси помина еден цел круг со дупната гума, по нејзината замена се најде во деветтото место.

На крај Ветел, по безбедносното возило, сепак успеа мирно да стигне до Победата со пет секунди пред Дањил Квјат. Рикардо го освои третото последно место на Подиумот, додека Ферстапен го забележа својот најдобар резултат во деби сезоната во Ф1 Шампионатот со четвртото место. Алонсо, исто така, го имаше најдобриот резултат за него и Мекларен во оваа 2015 сезона со петтото место.

Луис Хамилтон на крај заврши на шестото место, пред Роман Грожан со Лотус. Нико Розберг во последните моменти од трката го помина Џенсон Батон за осмото место, а Маркус Ериксон го заокружи Топ 10 пласманот на денешната возбудлива трка за Големата Награда на Унгарија.

Следува летната пауза во Формула 1, а сезоната продолжува со Белгиското Гран При на патеката СПА во пред последниот викенд од месец Август.
Голема Награда на Унгарија, Хунгароринг
 
Шел се пофали дека победата е благодарение на нивото ново револуционерно гориво. Вистински тест за моќта на ова гориво ќе бидат следните две трки во Спа и Монца каде Ферари ќе ги искористи преостанатите 7 токени за надградба на моторот.

Во Белгија уште сега најавувам победа на Кими, бидејќи таа стаза ја вози како никој друг. И во ерата на Шумахер со непобедливото Ферари, Кими победуваше во Спа
 
не гледам никаде да излегол, по банкина одеше а колку што знам тоа е дозволено
https://youtu.be/2Ws6y7ULEcc?t=30s
Јас не гледам кривица кај Розберг, никаква. Хамилтон на истата кривина број 1 имаше 3-4 ситуации кога држејќи ја внатрешната страна од свиокот ги принудуваше другите да одат вон-патеката, или повеќе да прикочат, при тоа возејќи гума до гума. Било кој можеше да му влезе во движењето и да му се деси истото како и на Нико. Таква е кривината и во повеќе наврати кога имаше дуели таму, се виде дека е во предност тој што ја има внатрешната страна.

Плус тоа, Нико со цел болид излезе напред, а Рикиардо правеше корекција во движењето за да се врати назад на патеката (пола болид му беше на банкината).
Шо знам, не дека сум експерт по Ф1 (иако пратам оддамна), ама ова по мене е текст бук прекршок на Рикиардо, како во многу други слични вакви ситуации. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom