Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Не да контрам, али ако погледнеме наназад, и форс индија беше еден од тие тимови, но ете, со правилно менаџирање веќе се гледа како на сериозен тим ...... така да тоа со 3 болида е дискутабилно. Секогаш ќе има некој против или за ова или она.
Катерхам, Марусија, wannabe Лотус и Торо Росо што е втор тим на Ред Бул нека ги нема.
Мислам дека е подобро да гледаме по три болида од помоќни тимови. Ќе има повеќе тркање бидејки ќе биде по изедначено. Али секако дека е малце дискутабилно. Прашањево се тегне долго време.

Иначе ФИА олабавија со рестрикциите на радио. Тимовите ќе може да му кажат на возачот како да го сетира моторот и да ги подобри работите од технички аспект али не ќе може да го советуваат за стилот на возење, каде е побрз/поспор или возачот пред него или позади него. А од следната сезона ќе ќе си делува целосно забраната.
 
Последно уредено:

Тоа за брзината океј е нека има рестрикција ама за моторот и информации за болидот што како се случува се круцијални во Ф1 во овој момент. А за ова со 3 Болиди што знам.. помала шанса за нови тимови.. 50-50 сум по тоа прашање
 
И јас сум 50/50, ама замислете сега уште 1 возач од Мерцедес да се бореше за титула. Е сега ова ќе им отвори и поголеми трошоци на тимовите...
 
И јас сум 50/50, ама замислете сега уште 1 возач од Мерцедес да се бореше за титула. Е сега ова ќе им отвори и поголеми трошоци на тимовите...
Хахаха стави го Кими во Мерцедес со Хамилтон и Розберг, а Алонсо во Ред Бул со Ветел и Рикиардо и дај ми цел шлепер пуканки.
 
Типична улична трка тешко претекнување но сепак возбудлива
Стварно незнам шо се дешава со Ферари и во Ферари...
 
Статика за Сингапур. 3-от Мерцедес е секогаш тука (безбедносното возило). Е сега ова со Розберг и со командите на воланот... Во овој век да се случи ваква работа, на 2 управувачи да не работи команда... Ова ми изгледа: Дај пушти му на колегана нека победи 2-3 пати, да не добиеш клоца по гз и надвор од тимот ...[DOUBLEPOST=1411310939][/DOUBLEPOST]
Типична улична трка тешко претекнување но сепак возбудлива
Стварно незнам шо се дешава со Ферари и во Ферари...
Барем имаа некаков напредок...
 
Статика за Сингапур. 3-от Мерцедес е секогаш тука (безбедносното возило). Е сега ова со Розберг и со командите на воланот... Во овој век да се случи ваква работа, на 2 управувачи да не работи команда... Ова ми изгледа: Дај пушти му на колегана нека победи 2-3 пати, да не добиеш клоца по гз и надвор од тимот ...[DOUBLEPOST=1411310939][/DOUBLEPOST]
Барем имаа некаков напредок...
Тешко да е случај тоа шо го кажуваш има договор за 2-3 години Германец е тоа повеќе може на Хамилтон да му го напраат отколку на Розберг
 
Тешко да е случај тоа шо го кажуваш има договор за 2-3 години Германец е тоа повеќе може на Хамилтон да му го напраат отколку на Розберг
Точно, ама она во Монца со кратењето свиоци, па сега и ова во Сингапур... Па сето ова после инцидентот во Белгија...
 
Добра трка ако земеме во обѕир дека е Сингапур.
Хамилтон перфектно си извозе од почеток до крај, го превзеде водството, сеа ќе биде интересно!
Околу Росберг стварно не знам што да мислам...али Хамилтон досега имаше повеќе пехови па така да, не му ја ни мислам многу :D Мислам дека Хамилтон имаше до сега 3 пеха а Росберг 2.

Околу Ферари, многу добра стратегија, да не искочеше SC Алонсо ќе си лапнеше второ место. Е сега ме чуди зошто Алонсо не проба да го нападне Рикјардо откако SC напушти. Алонсо имаше свежи гуми а Рикјардо не баш и можеше на неколку круга да го даде максимумот и да проба да нападне. Можеби неќеше воопшто да ги троши гумите бидејки видовме на Ботас што му се случи откако ги истроши, али сепак...можеше да проба на неколку круга да го даде максимуот и да проба да го нападне Рикјардо.

Ќе бидат јаки наредните 5 трки, ќе има жустра битка за титулата. Ако Мерцедес ги остават да се тркаат може и Рикјардо да се умеша :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Така е, ама ако СТВАРНО Мерцедес им дозволи, а не вака: Абе ај пушти го нека те помине, има посвежи пневматици... Ако го нема ова, тогаш ќе биде стварно ќе биде бојно поле на патеката...
 
Така е, ама ако СТВАРНО Мерцедес им дозволи, а не вака: Абе ај пушти го нека те помине, има посвежи пневматици... Ако го нема ова, тогаш ќе биде стварно ќе биде бојно поле на патеката...
Ај врати се неколку страни назад да видиш што пишав зашто не ми веруваше :свиркам:
Алонсо за малку мислам дека многу промени тоа што мораше на почетокот да го пушти ветел иако ги претекна пред свиокот практично немаше потреба од такво нешто .. раиконен тука нека се бележи одредено поправување во однос на она што беше пред тоа .. сепак има уште многу да се работи на болидот ако не за оваа за наредната мислам дека е време конечно да извадат добар болид ако не нека се откажат нека мируваат неколку години па од почеток подоцна .. зашто вака не иде .. ама врти сучи тука е во рамките на тоа што очекував 1 секунда алонсо од рикиардо .. сум заспал после безбедносното возило :( Не видов што се случуваше кога требаше да стане најинтересно, ама тоа е.
 
на 2 управувачи да не работи команда...

Мислам дека не беше до воланот проблемот, туку ел. инсталацијата во возилото, не ги примаше командите, и десет волани да сменеа ако има дефект во ел. инсталација во самиот болид џабе е, али то е, сега почнуваат практично од нула, Розберг ако сака титула ке мора на стаза да се покажи подобар од Луис, нема повеке простор за тактизирање и неризикување
 
Ова изгледа се поблизу до реализација е: ЛИНК Дајте бе чоеков стварно претера... Наместо одреден дел од парите што му се слеваат во каса да ги даде на помаливе тимови, овој се за него си зема... Дај бре доста старецу уште на 100 години ли бизнис ќе правиш бе??? Претера ептен, сите граници ги помина. Зарем не гледа дека спортот претерано загуби на гледаност? Не е нормален...
 
Па ова и не е така далеку од вистината
"Јас попрво би го гледал Ферари со три конкурентни болиди, отколку тимови кои постојано се мачат и се на патеката само за да го пополнат поредокот"
 
Па ова и не е така далеку од вистината
"Јас попрво би го гледал Ферари со три конкурентни болиди, отколку тимови кои постојано се мачат и се на патеката само за да го пополнат поредокот"

А знаеш зошто се мачат? Затоа што Берни сите пари си ги зема за него, фактички малите тимови воопшто и ништо не добиваат од Ф1 и ФИА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom