Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
не е исти кур, друго е да излеташ и да завршиш во чакал а друго е да се прошеташ по асфалтот и да се вратиш назад.:icon_mrgr:
Па ако заврши во чакал ќе се укопа болидот во него, или ќе му смали брзина при удар во ѕид, значи чакалот само ќе го казни со тоа што ќе го укопа и нема да може да се врати, кривините треба да казнуваат а не да се прошета по асфалтот и да се врати во трка.
Не гледам како е побезбедно со асфалт, исти кур е, башка ова карбон фибер кокпитов не се крши, какви инциденти имавме а ниту една сериозна повреда, болидот е ептен безбеден.
 
Богами истото што ќе биде во Ферари и во МекЛарен истото ќе биде:
Личните суети го растураат Мекларен, следуваат откази
eric_bulie_paddock_2014.jpg

Ерик Булие дојде во Мекларен откако му беше врачен отказ на Мартин Витмарш по ланската сезона во која екипата го забележа најслабиот пласман во шампионатот на конструктори, но иако не го доби неговото место, активно учествува во преструктуирањето на тимот.
Според Французинот, не станува збор за некомпетенција на вработените, туку за нивните внатрешни недоразбирања.
- Тоа ссе истите луѓе кои освоиле многу победи во светското првенство. Прашање е зошто не можат да работат заедно и да ги постигнат целите. Потребно е враќање на работната култура и внесување на вистинско лидерство, вистински менаџмент, а потоа решавање на вистинските процеси. Можеби тоа ќе ни одземе време и може да повреди нечие его, но промени во тимот ќе има бидејќи треба да ја затвориме оваа книга и да почнеме нова. Сакаме да бидеме успешни како што бевме претходно, па затоа нема да почнуваме од нула. Мислам дека сега добро сме запознаени. Измените се уште не се комплетно процесирани, но ќе се случат наскоро,- изјавил Булие за „Аутоспорт“.
Според поранешниот тимски шеф на Лотус, кој сега му рапортира на сопственикот Рон Денис како директор на трките, до крајот на годината ќе бидат поставени 95% од основата на тимот за следната деценија, а тоа може да подразбира и промена на возачите. Тимот ќе престави надградби на болидот за следните трки од кои ќе се види дали периодот на стабилизација завршил и дали Мекларен ќе се задржи тенденцијата на подобрување на резултатите.
[DOUBLEPOST=1408111859][/DOUBLEPOST]Ова е интересно, гласајте на следниов ЛИНК.
Capture.JPG
 
Последно уредено:
Formula 1 Shell Belgian Grand Prix (Spa-Francorchamps)
2014 ФИА Формула 1-ГН на Белгија (Спа-Франкоршамп)

logo.jpg


640px-Spa-Francorchamps_of_Belgium.svg.png

Основни податоци:
Капацитет: 70 000
Отворена: 1922
Број на кругови: 44
Должина на патеката: 4.574km (2.842mi)
Рекорд: 1:47.263 - S. Vettel(2009)​

Старт на сесиите:
Петок 18.07.2014

Тренинг 1: 10:00 - 11:30* (10:00 - 11:30)
Тренинг 2: 14:00 - 15:30* (14:00 - 15:30)
Сабота 19.07.2014
Тренинг 3: 11:00 - 12:00* (11:00 - 12:00)
Квалификации: 14:00* (14:00)
Недела 20.07.2014
Трка: 14:00* (14:00)
* Локално време

ТВ Преноси
-Четврток 21.08
00:00 SK 1;
Inside GP-Belgium
16:30 SK 1; Inside GP-Belgium
20:30 SK 3; Inside GP-Belgium
21:45 SK 2; Inside GP-Belgium
-Петок 22.08
14:45 SK 3;
Inside GP-Belgium
10:00 SK 1; Ф1 Белгија-Тренинг 1 (Пренос)
14:00 SK 1; Ф1 Белгија-Тренинг 2 (Пренос)
-Сабота 23.08
03:00 SK 1;
Ф1 Белгија-Тренинг 1 и 2 (Снимка)
11:00 SK 1; Ф1 Белгија-Тренинг 3 (Пренос)
14:00 МРТ 1 HD, SK 1; Ф1 Белгија-Квалификации (Пренос)
23:30 SK 1; Ф1 Белгија-Квалификации (Снимка)
-Недела 24.08
14:00 МРТ 1 HD, SK 1;
Ф1 Белгија-Трка (Пренос)
23:30 SK 1; Ф1 Белгија-Трка (Снимка)
Напомена:
-
Програмските шеми се под можност за промени.
 
МАКС ФЕРСТАПЕН ГО ЗАМЕНУВА ЖАН-ЕРИК ВЕРН ВО ТОРО РОСО


Макс Ферстапен ќе биде најмладиот возач во историјата на Ф1, откако тимот на Торо Росо соопшти дека од 2015 година тинејџерот ќе му биде тимски колега на Дањил Квјат, кога ќе дебитира со 17 години и 164 денови. Младиот Холанѓанец за цели две години ќе го сруши рекордот на Шпанецот Алгерсуари кој во 2009-та година дебитираше во Формула 1 со 19 години и 125 денови.

Тој неодамна му се приклучи на јуниорскиот тим на Ред Бул, а доаѓа од Формула 3 Шампионатот, каде оваа сезона триумфираше на седум трки со што го привлече вниманието на Формула 1 тимовите. Ако ви е познато ова презиме, сигурно се сеќавате на постариот Јос Ферстапен, кој возеше за Бенетон, Симтек, Футворк, Тајрел, Стјуарт, Ероуз и Минарди. За девет години и 106 извозени трки, најдобриот резултат го оствари во дебитантската сезона со две трети места во Унгарија и Белгија.

Макс не можеше да ја сокрие својата радост: "Ми се оствари сонот. Многу сум возбуден. Најмногу му благодарам на мојот татко Јос, кој се години ме подготвуваше за ова. Им благодарам на сите кои веруваа во мојот талент и кои ме финансираа во овие тешки моменти".

Жан-Ерик Верн, кој е решен да остане во Формула 1 и следната сезона, се јави со реакција на твитер: "Торо Росо е добрo училиште. Научив многу. Сега ќе се фокусирам на добра завршница на оваа сезона. Јас веќе работам на плановите за 2015 година и имам уште многу да покажам во Ф1."

Потпишување на Ферстапен е исто така лоша вест и за Карлос Саинц Јуниор, кој се очекуваше да дебитира во овој тим. Саинц во моментов води во Формула Рено 3.5 Шампионатот и најверојатно сега единствена шанса за да биде вклучен во Ф1 следната сезона е улогата на тест возач.
 
МАКС ФЕРСТАПЕН ГО ЗАМЕНУВА ЖАН-ЕРИК ВЕРН ВО ТОРО РОСО


Макс Ферстапен ќе биде најмладиот возач во историјата на Ф1, откако тимот на Торо Росо соопшти дека од 2015 година тинејџерот ќе му биде тимски колега на Дањил Квјат, кога ќе дебитира со 17 години и 164 денови. Младиот Холанѓанец за цели две години ќе го сруши рекордот на Шпанецот Алгерсуари кој во 2009-та година дебитираше во Формула 1 со 19 години и 125 денови.

Тој неодамна му се приклучи на јуниорскиот тим на Ред Бул, а доаѓа од Формула 3 Шампионатот, каде оваа сезона триумфираше на седум трки со што го привлече вниманието на Формула 1 тимовите. Ако ви е познато ова презиме, сигурно се сеќавате на постариот Јос Ферстапен, кој возеше за Бенетон, Симтек, Футворк, Тајрел, Стјуарт, Ероуз и Минарди. За девет години и 106 извозени трки, најдобриот резултат го оствари во дебитантската сезона со две трети места во Унгарија и Белгија.

Макс не можеше да ја сокрие својата радост: "Ми се оствари сонот. Многу сум возбуден. Најмногу му благодарам на мојот татко Јос, кој се години ме подготвуваше за ова. Им благодарам на сите кои веруваа во мојот талент и кои ме финансираа во овие тешки моменти".

Жан-Ерик Верн, кој е решен да остане во Формула 1 и следната сезона, се јави со реакција на твитер: "Торо Росо е добрo училиште. Научив многу. Сега ќе се фокусирам на добра завршница на оваа сезона. Јас веќе работам на плановите за 2015 година и имам уште многу да покажам во Ф1."

Потпишување на Ферстапен е исто така лоша вест и за Карлос Саинц Јуниор, кој се очекуваше да дебитира во овој тим. Саинц во моментов води во Формула Рено 3.5 Шампионатот и најверојатно сега единствена шанса за да биде вклучен во Ф1 следната сезона е улогата на тест возач.
Смена на генерации. :(
 
Од Мерцедес АМГ како сериозен тим веднаш одговорија на предизвикот на Торо Росо... Погледнете кого спремаат да го вози нивниот Ф1 болид :)

Baby.jpg
 
2014 БЕЛГИЈА ГП: МЕРЦЕДЕС АМГ ПО СТАРО, НИКО РОЗБЕРГ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ, СЛЕДУВА ЛУИС ХАМИЛТОН


Со првиот слободен тренинг за Големата Награда на Белгија започна вториот дел од 2014 Формула 1 сезоната. По постигнатите времиња можеме да кажеме дека Мерцедес АМГ нема да има посериозна конкуренција кога е во прашање Титулата во конструктори. Но,кога е во прашање поредокот кај возачите, ќе имаме колку толку борба помеѓу тимски колеги за првото место. Нико Розберг води со 11 поени, со 4 Победи од 11 трки, пред Луис Хамилтон кој е победник на СПА-Франкоршамп во 2010 година.

"Рестартот" на сезоната предизвика и раздвижување на пазарот на возачи, со што се означи почетокот на дефинирање на возачките постави за следната сезона. Од Катерам се решија да му дадат шанса на Андре Лотерер, три-кратен победник на 24 Ле Ман и поранешен тест возач за Јагуар Ф1. Со тоа Камуи Кобајаши повторно се збогуваше со Ф1 на неславен начин. Од Марусија пак ќе му дадат шанса на Александер Роси, на местото од Макс Чилтон, но според некои непотврдени информации нема да продолжи со возење и во текот на викендот. Како и да е почетокот на вториот тренинг ќе ни ја потврди оваа информација.

Во Заубер во болидот на Естебан Гутиерез настапи Гидо ван дер Гард, а Жан-Ерик Верн започна со докажување и форсирање на 101% од своите можности како би импресионирал некој од Ф1 тимовите за да му биде понудено возачко место и следната сезона. Како што веќе знаете неговото место од следната сезона го има Макс Ферстапен.

Пирели за прв пат на оваа патека ги донесе меките и медиум смеши за кои верува дека ќе се справат со огромните оптоварувања на гумите, кои се единствени на СПА и ги нема на нити една друга патека во календарот. Исто така, се очекуваат значителни разлики помеѓу двете смеши. На овој тренинг беа искористени само медиум гумите, па на следниот тренинг ќе видиме дали оваа прогноза е вистинита. Како по обичај за СПА-Франкоршамп се очекуваат нестабилни временски услови со дожд и сонце.

Тренингот помина во очекувана атмосфера, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката речиси на сите возачи, а редоследот го имате во приложената табела. Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:51.577 25
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:51.674 + 0.097 24
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:51.805 + 0.228 16
4. Џенсон Батон Мекларен 1:52.404 + 0.827 21
5. Кими Раиконен Ферари 1:52.818 + 1.241 17
6. Серџо Перез Форс Индија 1:52.903 + 1.326 24
7. Кевин Магнусен Мекларен 1:52.922 + 1.345 23
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:52.937 + 1.360 22
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:52.972 + 1.395 19
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:53.172 + 1.595 20
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:53.369 + 1.792 11
12. Дањил Квјат Торо Росо 1:53.594 + 2.017 21
13. Роман Грожан Лотус 1:53.597 + 2.020 20
14. Адријан Сутил Заубер 1:53.703 + 2.126 14
15. Фелипе Маса Вилијамс 1:53.968 + 2.391 20
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:54.189 + 2.612 20
17. Гидо ван дер Гард Заубер 1:54.335 + 2.758 16
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:55.336 + 3.759 21
19. Жил Бјанки Марусија 1:55.782 + 4.205 19
20. Александер Роси Марусија 1:57.232 + 5.655 20
21. Андре Лотерер Катерам 1:57.886 + 6.309 24
22. Маркус Ериксон Катерам 1:57.977 + 6.400 24

http://mkformula1.blogspot.com/2014/08/2014.html[DOUBLEPOST=1408716043][/DOUBLEPOST] 2014 БЕЛГИЈА ГП: ДОМИНАЦИЈА НА МЕРЦЕДЕС АМГ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ


Луис Хамилтон се врати на врвот од табелата со поставување на најбрзото време на денот и тоа 6 десетинки побрзо од својот тимски колега, кој го имаше второто најбрзо време. Разликата е релативно голема, поради двете грешки на Германецот при забележувањето на најбрзиот круг. Во иста секунда со Мерцедесите заврши Фернандо Алонсо со болидот на Ферари.

Проблематична сесија за Пастор Малдонадо, кој веднаш по излегувањето на патеката заврши во бариерите, додека Себастијан Ветел не ни ја започна поради потребата од промена на неговата Рено ПЕ. Макс Чилтон ги расчисти недоследностите од неговиот договор, па се врати на своите должности во болидот на Марусија. Андре Лотерер останува во болидот на Катерам и го посрамоти својот тимски колега, поставувајќи рречиси идентично време со него.

Не можеме да кажеме ништо ново, Мерцедес АМГ е водечкиот тим, а борбата помеѓу Вилијамс и Ферари се очекува да биде повозббудлива. Ред Бул со многу проблеми, а меѓу водечките може да се замешаат болидите на Мекларен и Форс Индија. Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:49.189 26
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:49.793 + 0.604 28
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:49.930 + 0.741 19
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:50.327 + 1.138 24
5. Џенсон Батон Мекларен 1:50.659 + 1.470 31
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:50.677 + 1.488 26
7. Дањил Квјат Торо Росо 1:50.725 + 1.536 25
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:50.977 + 1.788 16
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:51.074 + 1.885 31
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:51.077 + 1.888 26
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:51.383 + 2.194 26
12. Адријан Сутил Заубер 1:51.450 + 2.261 29
13. Серџо Перез Форс Индија 1:51.573 + 2.384 28
14. Роман Грожан Лотус 1:52.196 + 3.007 25
15. Кими Раиконен Ферари 1:52.234 + 3.045 18
16. Жил Бјанки Марусија 1:52.776 + 3.587 23
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:53.955 + 4.766 7
18. Макс Чилтон Марусија 1:54.040 + 4.851 18
19. Маркус Ериксон Катерам 1:54.050 + 4.861 30
20. Андре Лотерер Катерам 1:54.093 + 4.904 24
21. Пастор Малдонадо Лотус / / 2
22. Себастијан Ветел Ред Бул / / /
 
Последно уредено:
Никој ли не гледате квалификации нема ве да пишете
 
2014 БЕЛГИЈА ГП: НИКО РОЗБЕРГ ГО ПОБЕДИ ЛУИС ХАМИЛТОН ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА!!!


Нико Розберг со демонстрација на ментална смиреност го зададе првиот нокдаун на својот тимски колега освојувајќи ја Пол Позицијата за Големата Награда на Белгија. Луис Хамилтон со многу грешки не можеше ништо повеќе од второто место, но останува со големи шанси за Победа на утрешната трка. Конечно Себастијан Ветел добро се снајде на патеката и ќе стартува од третата стартна позиција. До него на вториот ред e Фернандо Алонсо. Ферари малку се подобрува, не доволно за некој позначаен резултат.

Разликата на сите останати болиди со Мерцедесите е огромна. Тоа се единствените "виновници" за неинтересната борба за Титулите во оваа 2014 сезона. Малку уживање ни пружа борбата помеѓу тимските колеги и интересните трки за пласман на 3-тото место, т.е. раритетно за второто или пак Победата, но само во случај кога нешто не е во ред со Сребрените Стрели.

Даниел Рикиардо ретко стартува трка зад својот тимски колега, денес имаше излетувањето надвор од патеката при Blanchimont свиокот во неговиот последен обид, доволно само за 5-тата стартна позиција. Од Вилијамсите се очекуваше многу повеќе, но на влажната патека не го покажаа целосниот потенцијал, па така Валтери Ботас беше само шести најбрз, додека неговиот колега Фелипе Маса стандардно за секунда побавен и 9-тата позиција. Кевин Магнусен со Мекларен и Кими Раиконен со Ферари ќе стартуваат од четвртиот ред, а топ 10 пласманот го заокружи Џенсон Батон.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 2:05.591
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2:05.819 + 0.228
3. Себастијан Ветел Ред Бул 2:07.717 + 2.126
4. Фернандо Алонсо Ферари 2:07.786 + 2.195
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 2:07.911 + 2.320
6. Валтери Ботас Вилијамс 2:08.049 + 2.458
7. Кевин Магнусен Мекларен 2:08.679 + 3.088
8. Кими Раиконен Ферари 2:08.780 + 3.189
9. Фелипе Маса Вилијамс 2:09.178 + 3.578
10. Џенсон Батон Мекларен 2:09.776 + 4.185
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 2:06.609
11. Дањил Квјат Торо Росо 2:09.377 + 2.768
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 2:09.805 + 3.169
13. Адријан Сутил Заубер 2:10.084 + 3.475
14. Серџо Перез Форс Индија 2:10.238 + 3.629
15. Роман Грожан Лотус 2:11.087 + 4.478
16. Жил Бјанки Марусија 2:12.470 + 5.861
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 2:07.130
17. Пастор Малдонадо Лотус 2:11.261 + 4.131
18. Нико Хулкенберг Форс Индија 2:11.267 + 4.137
19. Макс Чилтон Марусија 2:12.566 + 5.436
20. Естебан Гутиерес Заубер 2:13.414 + 6.284
21. Андре Лотерер Катерам 2:13.469 + 6.339
22. Маркус Ериксон Катерам 2:14.438 + 7.308
107% време: 2:16.029
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom