2014 БЕЛГИЈА ГП: МЕРЦЕДЕС АМГ ПО СТАРО, НИКО РОЗБЕРГ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ, СЛЕДУВА ЛУИС ХАМИЛТОН

Со првиот слободен тренинг за Големата Награда на Белгија започна вториот дел од 2014 Формула 1 сезоната. По постигнатите времиња можеме да кажеме дека Мерцедес АМГ нема да има посериозна конкуренција кога е во прашање Титулата во конструктори. Но,кога е во прашање поредокот кај возачите, ќе имаме колку толку борба помеѓу тимски колеги за првото место. Нико Розберг води со 11 поени, со 4 Победи од 11 трки, пред Луис Хамилтон кој е победник на СПА-Франкоршамп во 2010 година.
"Рестартот" на сезоната предизвика и раздвижување на пазарот на возачи, со што се означи почетокот на дефинирање на возачките постави за следната сезона. Од Катерам се решија да му дадат шанса на Андре Лотерер, три-кратен победник на 24 Ле Ман и поранешен тест возач за Јагуар Ф1. Со тоа Камуи Кобајаши повторно се збогуваше со Ф1 на неславен начин. Од Марусија пак ќе му дадат шанса на Александер Роси, на местото од Макс Чилтон, но според некои непотврдени информации нема да продолжи со возење и во текот на викендот. Како и да е почетокот на вториот тренинг ќе ни ја потврди оваа информација.
Во Заубер во болидот на Естебан Гутиерез настапи Гидо ван дер Гард, а Жан-Ерик Верн започна со докажување и форсирање на 101% од своите можности како би импресионирал некој од Ф1 тимовите за да му биде понудено возачко место и следната сезона. Како што веќе знаете неговото место од следната сезона го има Макс Ферстапен.
Пирели за прв пат на оваа патека ги донесе меките и медиум смеши за кои верува дека ќе се справат со огромните оптоварувања на гумите, кои се единствени на СПА и ги нема на нити една друга патека во календарот. Исто така, се очекуваат значителни разлики помеѓу двете смеши. На овој тренинг беа искористени само медиум гумите, па на следниот тренинг ќе видиме дали оваа прогноза е вистинита. Како по обичај за СПА-Франкоршамп се очекуваат нестабилни временски услови со дожд и сонце.
Тренингот помина во очекувана атмосфера, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката речиси на сите возачи, а редоследот го имате во приложената табела. Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:51.577 25
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:51.674 + 0.097 24
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:51.805 + 0.228 16
4. Џенсон Батон Мекларен 1:52.404 + 0.827 21
5. Кими Раиконен Ферари 1:52.818 + 1.241 17
6. Серџо Перез Форс Индија 1:52.903 + 1.326 24
7. Кевин Магнусен Мекларен 1:52.922 + 1.345 23
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:52.937 + 1.360 22
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:52.972 + 1.395 19
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:53.172 + 1.595 20
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:53.369 + 1.792 11
12. Дањил Квјат Торо Росо 1:53.594 + 2.017 21
13. Роман Грожан Лотус 1:53.597 + 2.020 20
14. Адријан Сутил Заубер 1:53.703 + 2.126 14
15. Фелипе Маса Вилијамс 1:53.968 + 2.391 20
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:54.189 + 2.612 20
17. Гидо ван дер Гард Заубер 1:54.335 + 2.758 16
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:55.336 + 3.759 21
19. Жил Бјанки Марусија 1:55.782 + 4.205 19
20. Александер Роси Марусија 1:57.232 + 5.655 20
21. Андре Лотерер Катерам 1:57.886 + 6.309 24
22. Маркус Ериксон Катерам 1:57.977 + 6.400 24
http://mkformula1.blogspot.com/2014/08/2014.html[DOUBLEPOST=1408716043][/DOUBLEPOST]
2014 БЕЛГИЈА ГП: ДОМИНАЦИЈА НА МЕРЦЕДЕС АМГ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ

Луис Хамилтон се врати на врвот од табелата со поставување на најбрзото време на денот и тоа 6 десетинки побрзо од својот тимски колега, кој го имаше второто најбрзо време. Разликата е релативно голема, поради двете грешки на Германецот при забележувањето на најбрзиот круг. Во иста секунда со Мерцедесите заврши Фернандо Алонсо со болидот на Ферари.
Проблематична сесија за Пастор Малдонадо, кој веднаш по излегувањето на патеката заврши во бариерите, додека Себастијан Ветел не ни ја започна поради потребата од промена на неговата Рено ПЕ. Макс Чилтон ги расчисти недоследностите од неговиот договор, па се врати на своите должности во болидот на Марусија. Андре Лотерер останува во болидот на Катерам и го посрамоти својот тимски колега, поставувајќи рречиси идентично време со него.
Не можеме да кажеме ништо ново, Мерцедес АМГ е водечкиот тим, а борбата помеѓу Вилијамс и Ферари се очекува да биде повозббудлива. Ред Бул со многу проблеми, а меѓу водечките може да се замешаат болидите на Мекларен и Форс Индија. Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:49.189 26
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:49.793 + 0.604 28
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:49.930 + 0.741 19
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:50.327 + 1.138 24
5. Џенсон Батон Мекларен 1:50.659 + 1.470 31
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:50.677 + 1.488 26
7. Дањил Квјат Торо Росо 1:50.725 + 1.536 25
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:50.977 + 1.788 16
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:51.074 + 1.885 31
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:51.077 + 1.888 26
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:51.383 + 2.194 26
12. Адријан Сутил Заубер 1:51.450 + 2.261 29
13. Серџо Перез Форс Индија 1:51.573 + 2.384 28
14. Роман Грожан Лотус 1:52.196 + 3.007 25
15. Кими Раиконен Ферари 1:52.234 + 3.045 18
16. Жил Бјанки Марусија 1:52.776 + 3.587 23
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:53.955 + 4.766 7
18. Макс Чилтон Марусија 1:54.040 + 4.851 18
19. Маркус Ериксон Катерам 1:54.050 + 4.861 30
20. Андре Лотерер Катерам 1:54.093 + 4.904 24
21. Пастор Малдонадо Лотус / / 2
22. Себастијан Ветел Ред Бул / / /