Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
2014 АВСТРИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН РЕШЕН ДА ГО ПОБЕДИ СВОЈОТ ТИМСКИ КОЛЕГА


Луис Хамилтон како и секогаш делува многу силен со стабилни и брзи кругови на петочните тренинзи, а тоа беше случај и денес, кога на вториот слободен тренинг го забележа најбрзото време на денот, поставено на супер-меките гуми. Сега тој беше 0.377 секунди побрз од својот тимски колега. Розберг беше побрз во првиот сектор на Ред Бул Ринг, но Хамилтон беше побрз во секторите два и три, кои се технички понапорни и со осум од деветте свиоци.

Фернандо Алонсо повторно со третото најбрзо време, но со огромен заостаток од речиси една секунда. За разлика од него, Кими Раиконен повторно не може да забележи време за Топ 10 пласман. На ICEMAN во првиот тренинг му фалеше една илјадитинка, а сега на вториот само 0.002 делови од секундата. Карактеристика на денешните тренинзи е што освен Мерцедес АМГ сите останати се со многу мали разлики меѓу возачите.

Зад Шпанецот следат двата болиди на Вилијамс, сега Валтери Ботас со побрзо време од Фелипе Маса и повторно се конкуретни за пласман на подиумот. Себастијан Ветел повторно се бореше со РБ10, но се подобри со шестото најбрзо време. Неговиот прв обид за брз круг заврши неуспешно, кога не успеа да го земе свиокот со број 8, место каде неколку возачи имаа проблеми да останат со 4-те тркала на патеката, па тимовите добија предупредување од Чарли Вајтинг дека тоа нема да се толерира.

Џенсон Батон го забележа седмото најбрзо време и покрај тоа што го оцени својот болид како невоможен за возење со полн резервоар на гориво. Даниел Рикиардо беше осми најбрз со Ред Бул, но и тој се бореше со својот болид да комплетира еден смирен и стабилен круг на Ред Бул Ринг. Кевин Магнусен и Жан-Ерик Верн го заокружија Топ 10 пласманот.

Како што напоменавме во најавата за Австриското ГП, патеката е нова во календарот, се враќа по пауза од 2003-тата година, па тимовите ќе имаат многу податоци за анализа до почетокот на утрешните квалификации за што подобро подесување на болидите. Квалификациите се на програмата утре во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:09.542 37
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:09.919 + 0.377 50
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:10.470 + 0.928 40
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:10.519 + 0.977 44
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:10.521 + 0.979 39
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:10.807 + 1.265 39
7. Џенсон Батон Мекларен 1:10.811 + 1.271 44
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:10.920 + 1.378 36
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:10.936 + 1.394 45
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:10.972 + 1.430 39
11. Кими Раиконен Ферари 1:10.974 + 1.432 45
12. Дањил Квјат Торо Росо 1:11.261 + 1.719 45
13. Серџо Перез Форс Индија 1:11.296 + 1.754 36
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:11.491 + 1.949 42
15. Пастор Малдонадо Лотус 1:11.765 + 2.223 30
16. Адријан Сутил Заубер 1:11.806 + 2.264 42
17. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:11.935 + 2.393 39
18. Макс Чилтон Марусија 1:12.229 + 2.687 43
19. Роман Грожан Лотус 1:12.262 + 2.720 46
20. Жил Бјанки Марусија 1:12.279 + 2.737 36
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:12.937 + 3.395 24
22. Маркус Ериксон Катерам 1:13.596 + 4.054 48
 
Оваа џоа Монца била у пм. Само 9 кривини .. Колкав дел од патеката се вози под полн гас?!
 
Ептен мило ми падна 2 вилијамс напред... Не дека иам нешо против мерцедес..
 
Супер квалификации ама Кими слабоо формулата не му е добра да отидеше у Вилиамс ке кинеше сеа

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Браво за Маса. Нека пукнат сеа у Ферари. Возачот го уништија, немаше трка а да не му го чува грбот на Алонсо.
ПС: Хамилтон стартува 10-ти.
БРАВО. ВОЗАЧИШТЕ.
 
Вилијамсот кине, мило ми е за Вилијамс, ги немаме гледано вака многу одамна а е култен тим.
На Маса конечно му се посреќи, баш ми е мило за него. Два Вилијамс напред ќе направи да е многу интересно утре, баш ме интересира како ќе се однесува Вилијамсот на трка, не би требало да им е лесно со Розберг позади.

Криво ми е за грешката на Хамилтон, не пошто сум за него но сакав да гледам дуел помеѓу него и Розберг, ќе направеше утре да е уште поинтересно.

Фетел пак понижен од Рикјардо, Фетел не успеа ни во Q3 да влезе...

Алонсо дефинитивно го извади максимумот, темпераментен возач е, нон стоп има мотивација без разлика каква е ситуацијата за разлика од Кими кој пак потфрли и ако го нема перфектниот сетап се губи, се надевам ќе го надвладее ова понатаму, ако продолжи вака може да не му го продолжат договорот за 2015.

Ќе биде утре интересно во секој случај.[DOUBLEPOST=1403359547][/DOUBLEPOST]
Браво за Маса. Нека пукнат сеа у Ферари. Возачот го уништија, немаше трка а да не му го чува грбот на Алонсо.
Aбе готово, направил една пол позиција и сеа ќе пукнеме сите :ROFLMAO:
Мило ми е за него и дефинитивно е брз возач али колку е константен и комплетен тоа е друг муабет.
 
Вилијамсот кине, мило ми е за Вилијамс, ги немаме гледано вака многу одамна а е култен тим.
На Маса конечно му се посреќи, баш ми е мило за него. Два Вилијамс напред ќе направи да е многу интересно утре, баш ме интересира како ќе се однесува Вилијамсот на трка, не би требало да им е лесно со Розберг позади.

Криво ми е за грешката на Хамилтон, не пошто сум за него но сакав да гледам дуел помеѓу него и Розберг, ќе направеше утре да е уште поинтересно.

Фетел пак понижен од Рикјардо, Фетел не успеа ни во Q3 да влезе...

Алонсо дефинитивно го извади максимумот, темпераментен возач е, нон стоп има мотивација без разлика каква е ситуацијата за разлика од Кими кој пак потфрли и ако го нема перфектниот сетап се губи, се надевам ќе го надвладее ова понатаму, ако продолжи вака може да не му го продолжат договорот за 2015.

Ќе биде утре интересно во секој случај.[DOUBLEPOST=1403359547][/DOUBLEPOST]
Aбе готово, направил една пол позиција и сеа ќе пукнеме сите :ROFLMAO:
Мило ми е за него и дефинитивно е брз возач али колку е константен и комплетен тоа е друг муабет.
Не е константен поради болидот, но се гледа дека Вилијамс работел. А инаку тоа со Маса-Ферари, тоа ти е ко да го купиш Меси или Роналдо, и да ти седи на клупа. :(
 
2014 АВСТРИЈА ГП: СЕНЗАЦИОНАЛЕН ПРВ СТАРТЕН РЕД ЗА ВИЛИЈАМС


Фелипе Маса и Валтери Ботас ќе стартуваат од првиот ред за Големата Награда на Австрија. Ова е првата Пол Позиција за Бразилецот од Бразилското ГП во далечната 2008 година. Нико Розберг ќе стартува од третата позиција, а неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, неочекувано со грешки во двата брзи круга во последната Q3 сесија, па истата ја заврши без поставено време. Сепак, тој ќе стартува од 9-тата стартна позиција, поради тоа што постигнатото време на Нико Хулкенберг беше избришано поради недозволено кратење на патеката т.е. излегување надвор од неа со сите 4 тркала, нешто за што возачите добија стриктно предупредување од Чарли Вајтинг по завршувањето на петочните тренинзи.

Две недели по одличната трка во Канада, на враќањето на Австриското Гран При денес проследивме квалификации со изненадувачки исход, кој беше навестен со резултатите од саботниот тренинг кога Валтери Ботас го имаше најбрзото време.

Q1 сесијата повеќето болиди ја започнаа на меките гуми, освен најбавните 6 кои стартуваа на супер-меките, но, ни тоа не им помогна да поминат во Q2 сесијата. Во овој дел немаше некои поголеми возбудувања, освен излетувањата на Грожан, Бјанки, Батон. Дисквалификација на времиња имаше за Ботас, Кобајаши, Квјат, Ериксон, Гутиерез, Алонсо поради напуштање на патеката со 4 тркала при незгодниот осми свиок. Не беа тоа намерни скратувања, туку грешки на овие возачи. На крајот сите тимови освен Мерцедес АМГ, Вилијамс, Ферари и Вилијамс ја завршија сесијата на супер-меките гуми на Пирели. На врвот Мерцедесите изгледаа силни, Луис Хамилтон со најбрзото време, а Дањил Квајт ги раздели со Нико Розберг, но со помош на супер-меките гуми. Торо Росо има нови предно и задно крило, како и нов дифузер за оваа трка.

Q2 е сесијата во која со какви гуми ќе се постави најбрзото време со тие и мора да се стартува, па така сите болиди беа на супер-меки гуми. Прв најбрзо време забележа Кевин Магнусен, кој неодамна се има тркано на оваа патека во пониските мото категории. Фернандо Алонсо по него имаше незгодно излетување по тревата на влез во последниот правец на патеката. Следат Ботас и Маса со најбрзите времиња забележани до тој момент, но Мерцедесите ја покажаа својата доминација и при првиот нивни брз круг со уште побрзи времиња и наскоро беше пробиена границата од 1:09. Болидите на Ред Бул имаат незадоволителен викенд пред домашната публика. Себастијан успеа да стигне само до 13-тото најбрзо време, а неговиот тимски колега успеа да се протне во Top 10 пласманот. Во овој дел од кваливикациите Нико Розберг го имаше најбрзото време, пред Луис Хамилтон. Добри настапи на Дањил Квјат и Кевин Магнусен.

Само четворица возачи со пласман во Q3 сесијата на сите досегашни трки и тоа: Розберг, Хамилтон, Рикиардо и Алонсо. Прв на патеката излезе Алонсо,следен од Магнусен, па Рикиардо. На акцијата се приклучија и болидите на Вилијамс и Мерцедес АМГ, а само Раиконенбеше сеуште во својата гаража. Прв најбрзо време постави Валтери Ботас, пред Фелипе Маса. Во тие моменти Хамилтон леташе на патеката и забележа за 0.3 десетинки од секундата побрзо време од Ботас во првиот и вториот сектор, но кога требаше да финишира направи грешка во последниот свиок, излезе надвор од патеката, со што неговото време беше дисквалификувано. Розберг го комплетираше својот прв брз круг, но со време само за втората позиција.

По промената на гуми и финалните подесувања во гаражите на тимовите кои изборија пласман во 10-те најбрзи следеше рунда на последните брзи кругови за оваа Q3 сесија. Прв на патеката го проследивме Ботас, кој направи грешна во 7-от свиок, што најверојатно го чинеше Пол позиција. Следуваше Луис Хамилтон, прв од болидите на Мерцедес АМГ, но неверојатно, прави уште една грешка и ги заврши кваливикациите без поставено време. По неговите стапки и Нико Розберг, но за среќа тој имаше време од првиот брз круг, доволно за третата стартна позиција. Кога сите водечки летаа надвор од патеката, Фелипе Маса смирено и најконцентрирано од сите го комплетираше својот брз круг без поголеми грешки, со што ја забележа својата Прва Пол Позиција оваа сезона и за тимот на Вилијамс.

Интересен развој на настаните на денешните квалификации и најава за интересна трка која започнува утре со почеток во 14:00 MK.

П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Фелипе Маса Вилијамс 1:08.759
2. Валтери Ботас Вилијамс 1:08.846 + 0.087
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:08.944 + 0.185
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:09.285 + 0.526
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:09.466 + 0.707
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:09.515 + 0.756
7. Дањил Квјат Торо Росо 1:09.619 + 0.860
8. Кими Раиконен Ферари 1:10.795 + 2.039
9. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ без поставено време
10. Нико Хулкенберг Форс Индија без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:08.974
11. Серџо Перез Форс Индија 1:09.754 + 0.780*
12. Џенсон Батон Мекларен 1:09.780 + 0.806
13. Себастијан Ветел Ред Бул 1:09.801 + 0.827
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:09.939 + 0.965
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:10.073 + 1.099
16. Роман Грожан Лотус 1:10.642 + 1.668
* пет стартни места поназад
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:09.514
17. Адријан Сутил Заубер 1:10.825 + 1.311
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:11.349 + 1.835
19. Жил Бјанки Марусија 1:11.412 + 1.898
20. Камуи Кобајаши Катерам 1:11.673 + 2.159
21. Макс Чилтон Марусија 1:11.775 + 2.261**
22. Маркус Ериксон Катерам 1:12.673 + 3.159
** три стартни места поназад
107% време: 1:14.379

http://mkformula1.blogspot.com/
 
Квалификацииве драма :P:P, бајпасот на Френк ако издржи до утре - супер, да не го носат на душа Маса и Ботас. Биче весело, не се испушта оваа .... :coffee:
 
најпосле! се надевам на неизвесна трка за победа. хамилтон сигурно ќе ги проба да ги замрси конците, али повеќе од 3 место не му давам
 
Хамилтон победува денес или барем 2ро место под услов да нема проблеми со болидот или колизија со некој
 
Хамилтон победува денес или барем 2ро место под услов да нема проблеми со болидот или колизија со некој
Хммм, не знам баш? Ќе биде многу неизвесно. ;)
 
Фантастична патека, штета што порано не ја вратија на календар а ми возат некој безвезе патеки во Катар и Кина.....[DOUBLEPOST=1403437881][/DOUBLEPOST]
Хамилтон победува денес или барем 2ро место под услов да нема проблеми со болидот или колизија со некој
Не верувам дека ќе тепа, ама подиум и ја мислам дека ќе земе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom