2014 АВСТРИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН РЕШЕН ДА ГО ПОБЕДИ СВОЈОТ ТИМСКИ КОЛЕГА

Луис Хамилтон како и секогаш делува многу силен со стабилни и брзи кругови на петочните тренинзи, а тоа беше случај и денес, кога на вториот слободен тренинг го забележа најбрзото време на денот, поставено на супер-меките гуми. Сега тој беше 0.377 секунди побрз од својот тимски колега. Розберг беше побрз во првиот сектор на Ред Бул Ринг, но Хамилтон беше побрз во секторите два и три, кои се технички понапорни и со осум од деветте свиоци.
Фернандо Алонсо повторно со третото најбрзо време, но со огромен заостаток од речиси една секунда. За разлика од него, Кими Раиконен повторно не може да забележи време за Топ 10 пласман. На ICEMAN во првиот тренинг му фалеше една илјадитинка, а сега на вториот само 0.002 делови од секундата. Карактеристика на денешните тренинзи е што освен Мерцедес АМГ сите останати се со многу мали разлики меѓу возачите.
Зад Шпанецот следат двата болиди на Вилијамс, сега Валтери Ботас со побрзо време од Фелипе Маса и повторно се конкуретни за пласман на подиумот. Себастијан Ветел повторно се бореше со РБ10, но се подобри со шестото најбрзо време. Неговиот прв обид за брз круг заврши неуспешно, кога не успеа да го земе свиокот со број 8, место каде неколку возачи имаа проблеми да останат со 4-те тркала на патеката, па тимовите добија предупредување од Чарли Вајтинг дека тоа нема да се толерира.
Џенсон Батон го забележа седмото најбрзо време и покрај тоа што го оцени својот болид како невоможен за возење со полн резервоар на гориво. Даниел Рикиардо беше осми најбрз со Ред Бул, но и тој се бореше со својот болид да комплетира еден смирен и стабилен круг на Ред Бул Ринг. Кевин Магнусен и Жан-Ерик Верн го заокружија Топ 10 пласманот.
Како што напоменавме во најавата за Австриското ГП, патеката е нова во календарот, се враќа по пауза од 2003-тата година, па тимовите ќе имаат многу податоци за анализа до почетокот на утрешните квалификации за што подобро подесување на болидите. Квалификациите се на програмата утре во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:09.542 37
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:09.919 + 0.377 50
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:10.470 + 0.928 40
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:10.519 + 0.977 44
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:10.521 + 0.979 39
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:10.807 + 1.265 39
7. Џенсон Батон Мекларен 1:10.811 + 1.271 44
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:10.920 + 1.378 36
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:10.936 + 1.394 45
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:10.972 + 1.430 39
11. Кими Раиконен Ферари 1:10.974 + 1.432 45
12. Дањил Квјат Торо Росо 1:11.261 + 1.719 45
13. Серџо Перез Форс Индија 1:11.296 + 1.754 36
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:11.491 + 1.949 42
15. Пастор Малдонадо Лотус 1:11.765 + 2.223 30
16. Адријан Сутил Заубер 1:11.806 + 2.264 42
17. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:11.935 + 2.393 39
18. Макс Чилтон Марусија 1:12.229 + 2.687 43
19. Роман Грожан Лотус 1:12.262 + 2.720 46
20. Жил Бјанки Марусија 1:12.279 + 2.737 36
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:12.937 + 3.395 24
22. Маркус Ериксон Катерам 1:13.596 + 4.054 48