Прејака трка, Канада е врвот!
Мерцедес очигледно се опуштиле малце, технички проблеми и на двата болида не смее да се случи но ете shit happens, Хамилтон го изеде подебелиот крај.
Розберг солидно се бранеше, и треба да е пресрекен со второто место.
Честитки за првата победа на Рикјардо сосема заслужено, одличен перфроманс го декласира Фетел и Ред Бул се свесни за талентот на Рикјардо, има Фетел многу за докажување.
Околу инцидентот измеѓу Маса и Перез мислам дека Маса немаше време да го избегне Перез, Перез закочи многу нагло поради проблем на сопирачките, забрзувањето на Ф1 болид е огромно и Маса едноставно неможеше да го избегне, затоа не треба да го сереме многу.
Имам една забелешка за Маса а тоа е што кога беше позади Фетел имаше многу шанси да го помине но беше премногу резервен некако, ко да се пичеше да претрка, како и да е штета за Вилијамс, болидот им има голем потенцијал.
Ферари ужас, многу слаб болид и неможе да се биде компететивен во никој случај.
Алонсо мислам дека горе доле го извади максимумот, констатно солидни резултати вади земајки го во предвид болидот.
Од Кими очајна трка, цела сезона е всушност очајен, мора да се дигне малце вака не бива.
Тоа е, цела сила изгледа пак ке ја фокусираат Ферари за наредната година, нема шанси да се стигнат Мерцедес, треба првин Force India, Torro Rosso, Williams да се стигнат па послем Мерцедес, нема шанси.
Среќа што све заврши како што треба тука исходот за Маса поготово можеше да биде многу гаден.