Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Абе кај сте момци ? Знајте дека скроз ја заборајв темата ? Јас само во фудбалот и толку. :D

Добро ве најдов назад. Искрено за сезоната очекувам доминација на Мерцедес, судејќи по првите 3 трки. Хамилтон е мој фаворит, навивам за него уште од Мекларен, но сепакго почитувам и Магнусен, кој дебитира сезонава за Мекларен. Секогаш сум сакал дебитантите да имаат добра прва сезона. Исто и Kvyut или како и да е од Торо Росо. Баш пред некое време го гледав календарот, ништо посебно, единствено што чекам е да ја видам трката во Русија, во Сочи. За наредната трка во Кина, очекувам Ред Бул да биди на подиум, бидејќи мислам дека му одговара како трка, а чекам бодови од Мекларен. Хамилтон повторно ќе биди на 1во или 2ро место.

Поздрав момци
 
Де малку подетално ако знае некој нешо за новио тим и за бмв.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Yup... се знаеше дека ќе има жртви...http://f1.com.mk/stefano-dominikeli-poveke-ne-e-sef-na-ferari/
Повеќе ќе се знае во текот на денот кој што како...

Плус, денес се разгледува и жалбата од Ред Бул, како што изјавуваше Хорнер имале нови докази и дека имале добри аргументи за жалбата, ако случајно одлучи ФИА да му ги врати бодовите на Рикардо ќе дојде на третата позиција на табела, а Ред Бул на втора во конструктори , ќе се 'замрси' колку толку битката на табела, ако коснтантно завршува во топ 3 рикардо ќе има шанси за борба, видовме таква ситуација и од лани кога Кими секоја трка ја завршуваше во поени, башка како што изгледа моментално Ред Бул се најблиску до Мерцедес, ништо чудно да напредуваат уште, можеби и ќе ги стигнат до пола сезона. http://f1.com.mk/vo-tek-e-soslusuvanjeto-na-red-bul/
 
Последно уредено:
2014 ФИА Формула 1-ГН на Кина (Шангај)
2014 FIA Formula 1 UBS Chinese Grand Prix


640px-Shanghai_International_Racing_Circuit_track_map.svg.png


circuit_image_large_72.jpg
Основни податоци:
Капацитет: 70.000
Отворена: 20.04.2004
Број на кругови: 56
Должина на патеката: 5.451km (3.387mi)
Рекорд: 1:32.238 (Михаел Шумахер, 2004)

Старт на сесиите:
Петок 18.04.2014

Тренинг 1: 10:00 - 11:30* (04:00 - 05:30)
Тренинг 2: 14:00 - 15:30* (08:00 - 09:30)
Сабота 19.04.2014
Тренинг 3: 11:00 - 12:00* (05:00 - 06:00)
Квалификации: 14:00* (08:00)
Недела 20.04.2014
Трка: 15:00* (09:00)
* Локално време

ТВ Преноси
-Четврток 17.04
19:45 SK 3;
Inside GP-China
-Петок 18.04
17:00 SK 2;
Inside GP-China
04:00 SK 1; Ф1 Кина-Тренинг 1 (пренос)
08:00 SK 1; Ф1 Кина-Тренинг 2 (пренос)
-Сабота 19.04
04:30 SK 1;
Inside GP-China
05:00 SK 1; Ф1 Кина-Тренинг 3 (пренос)
08:00 МРТ Собраниски**, SK 1; Ф1 Кина-Квалификации (пренос)
-Недела 20.04
01:15 SK 1;
Ф1 Кина-Квалификации (снимка)
08:30 SK 1; SK Studio (пренос)
09:00 МРТ Собраниски**, SK 1; Ф1 Кина-Трка (пренос)
11:15 SK 1; SK Studio (пренос)
-Понеделник 21.04
01:15 SK 1;
Ф1 Кина-Трка (снимка)

**Преносот најверојатно ќе биде на тој канал, но можно е и да биде на МРТ 1.
 
Последно уредено:
Редно време беше да лета главата на Доменикали, му се даде доста време, и се докажа дека не е достоен лидер.
Треба да дојде некој со построга палка, што ке ги строи сите таму и нема да смее никој да писне, исто така да не се стремат кон 100% шпагети тим, треба да има инжинери од секаде.
Да дојде Рос Браун легендата тоа би било одлично али некако не ми иде дека би дошол, успесите на Мерцедес само што започнуваат и има многу недовршена работа таму.
Бриаторе како замена би било перфектно, стар вук, знае што е потребно за да се победи, мислам дека ке го опраи тимот ако дојде он на чело и би бил одлична замена.
Како и да е ова е добра вест, доста му беше на Доменикали.
 
Извинете за офф топик. Има ли тема за мото гп2014

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Да не знае некој што се случило со денешново судење на Ред Бул?
 
Малку оф-топик, можеби доцнам, за сите љубители на спортов топло го препорачувам Rush, многу, многу добро направен, бидејќи имам читано многу за историјата на Ф1, можам да потврдам дека Рон Хауард детално влегол и реално во целата приказна за ривалството помеѓу Лауда и Хант, нормално, прикажан е и инцидентот на Лауда по кој лицето му останува изобличено за цел живот. Да гледа човек и да жали што не прател Формула 1 во ера кога уствари се тркале шоферите, а не ги управувале на даљинско од бокс.
 
ДОМЕНИКАЛИ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА КАКО ТИМСКИ ШЕФ НА ФЕРАРИ


Стефано Доменикали ја презеде одговорноста за актуелната ситуација и одлучи да поднесе оставка од својата позиција како тимски шеф на Ферари Ф1.

"Постојат посебни моменти кои доаѓаат во професионалната кариера на сите, кога некој треба храбро да донесе тешки и многу агонизирачки одлуки", рече Доменикали, во соопштение за веб страницата на Ферари.

"Сега е време за значајни промени. Како тимски шеф, јас ја преземам одговорноста, како и секогаш, за нашата актуелна ситуација. Оваа одлука е донесена со цел да се направи нешто за да се размрдаат работите во тимот и за доброто на оваа група на луѓе кои ги чувствувам како моја фамилија. Од срце, им благодарам на сите мажи и жени во тимот, возачите и партнерите за прекрасните моменти во текот на сите овие години." "Се надевам дека многу скоро, Ферари ќе се врати таму каде што заслужува да биде. Конечно имам само зборови на благодарност до нашиот претседател и на сите наши фанови поради тоа што секогаш ме поддржуваа. Јас само жалам што не бевме во можност да жнееме успеси по нашата многу напорна работа во последниве години."

Ферари објави дека, почнувајќи од денес, го назначиле Марко Матиачи, актуелниот претседател и извршен директор на Ферари Северна Америка, како негова замена.

При прифаќањето на оставката на Стефано Доменикали, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, рече:

"Му благодарам на Стефано Доменикали, не само за неговата постојана посветеност и напорна работа, туку, исто така и за големото чувство на одговорност што тој го покажа, дури и денес, што секогаш ги ставаше интересите на Ферари над сите други. Јас секогаш го почитував и гледав како се издигнува на професионален план во последните дваесет и три години на заедничка работа. Сега, јас му посакувам успешна иднина, а воедно сакам да му посакам се најдобро на Марко Матиачи, за кого знам дека е високо ценет менаџер и кој ја познава нашата компанијата многу добро. Тој го прифати овој предизвик со ентузијазам."

http://mkformula1.blogspot.com/2014/04/blog-post_14.html
 
Малку оф-топик, можеби доцнам, за сите љубители на спортов топло го препорачувам Rush, многу, многу добро направен, бидејќи имам читано многу за историјата на Ф1, можам да потврдам дека Рон Хауард детално влегол и реално во целата приказна за ривалството помеѓу Лауда и Хант, нормално, прикажан е и инцидентот на Лауда по кој лицето му останува изобличено за цел живот. Да гледа човек и да жали што не прател Формула 1 во ера кога уствари се тркале шоферите, а не ги управувале на даљинско од бокс.
Па до некаде во право си, но од друга гледна точка од тогаш до сега стварно многу работи се сменија. Колку за пример порано за кацига се сметало едно обично платно, а сега?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom