2014 БАХРЕИН СЕЗОНСКИ ТЕСТ: ЛУИС ХАМИЛТОН НАЈБРЗ СО РАЗВОЈНИТЕ ГУМИ НА ПИРЕЛИ

На вториот и последен ден од првата сезонска тест сесија во Бахреин најбрзото време повторно за Мерцедес АМГ, сега со Луис Хамилтон зад воланот на W05. Како и неговиот тимски колега вчера, ја помина целата предвидена програма и комплетираше 120 круга, т.е. две целосни трки.
Најбрзото време беше поставено на развојните гуми на Пирели, а денес Мерцедес АМГ и Вилијамсн беа на ред да ги тестираат гумите на Пирели, како дел од договорениот формат на сезонските тестирања. Италијанскиот производител извести дека двата тима тестираа четири нови смеши и три нови структури.
Жан-Ерик Верн беше втор најбрз за Торо Росо, а неговиот најдобар круг беше забележан на супер-меките гуми на Пирели. Кевин Магнусен го имаше третото најбрзо време на денот во MP4-29 и покрај проблемите со суспензијата на неговиот болид, при што заврши во чакалот покрај патеката, моменти пред паузата за ручек.
Роман Грожан го заврши разочарувачки по Лотус и вториот тест ден со 16 комплетирани круга и предвремен крај поради легендарните проблеми со ПЕ на Рено. Неговиот најдобар круг беше доволен за 11-тото место во денешната класификацијата.
Уште еднаш, Фернандо Алонсо беше зад воланот на F14 T, и повторно проблеми. Неговиот тест ден беше завршен со само 12 комплетирани круга, кога биле откриени проблеми со шасијата, па тимот како мерка на претпазливост се реши за предвремен крај на денот.
Тимот на Ред Бул утрото имаше проблеми со електрониката, но Даниел Рикиардо во попладневните часови комплетираше 67 круга со собирање на податоци при кратки стинтови.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.136 120
2. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.557 + 1.421 63
3. Кевин Магнусен Мекларен 1:36.203 + 2.067 26
4. Серџо Перез Форс Индија 1:36.586 + 2.450 62
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:37.310 + 3.180 67
6. Жил Бјанки Марусија 1:37.316 + 3.186 93
7. Гидо ван дер Гард Заубер 1:37.623 + 3.487 77
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.912 + 3.776 12
9. Маркус Ериксон Катерам 1:39.263 + 5.127 66
10. Фелипе Наср Вилијамс 1:39.879 + 5.743 64
11. Роман Грожан Лотус 1:43.732 + 9.596 16
Заклучоци на денот:
- Мерцедес АМГ: Успешна сесија со целосно комплетирана програма за евалуација на гумите.
- Торо Росо: Добивме некои добри одговори за тоа во која насока да работиме на болидот.
- Мекларен: Долгите поправки ја попречија нашата програма.
- Форс Индија: Успешно завршена обемна програма на долги стинтови.
- Ред Бул: Информации што ги собравме, ќе ги направат неколку луѓе во нашата фабриката исклучително среќни.
- Марусија: Собравме голем спектар на податоци за оваа патека. - Заубер: Најдовме неколку работи кои се доста интересни и корисни.
- Ферари: Предвремен крај како превентивна мерка.
- Катерам: Релативно задоволни од постигнатото.
- Вилијамс: Ја спроведовме програмата на Пирели, тешко возење без загревачи на гумите.
- Лотус: Крај на два разочарувачки тест дена.
http://mkformula1.blogspot.com/
П.С. Во Ферари се знае точно кој е прв возач, кој втор... Ф14 Т е развиван да одговара на стилот на возење на Фернандо Алонсо... Затоа и Доменикали отиде да го убедува дека ги "искарал" сите во тимот и дека 24 часа се работи на подобрување на болдиот... Кими има задача да собира што повеќе поени за тимот... Но, познавајќи го неговиот темперамент, не се знае како би реагирал кога би имало блиска борба помеѓу тимските колеги...