Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Знаев дека некој за ова ќе се фати. Нели Алонсо со Минарди успеал и да победи на некоја трка :icon_lol:

За она второто Ред Бул биле глупи кога решиле баш Фетел да го прават шампион :X3:

така сега одлучија рикиардо да го прават шампион:D
 
Знаев дека некој за ова ќе се фати. Нели Алонсо со Минарди успеал и да победи на некоја трка :icon_lol:

За она второто Ред Бул биле глупи кога решиле баш Фетел да го прават шампион :X3:
Како не успеал Алонсо со Минарди да победи... Од кај ти е таа информација? Ако се сеќавам добро, Минарди во историјата на тимот едвај успејаа да освојат 2-3 бода, а не па некој да победи со нив! Алонсо првата победа ја имаше со Рено.
 
остај го, не знае што збори, вчера почнал да гледа ф1 и ќе соли памет:D
 
ај што даниел е изненадување, а и магнусен, секоја чест, (потаен потенцијален навивач на магнусен сум ;)) но навистина многу слабо раиконен и петелот, упс, фетел мислев. некако ми мириса дека оваа трка нема ни бод да освои фетел.
али звукот е катастрофа, не да е одвратен, него немам зборови. али кога нема друго ќе мора да се навикнам.
и она дрифтањето е врв, во една сезона немало толку дрифтање, колку што имаше сега во само една квалификациска сесија.
ај се куцкаме утре сабајле на темава :P
 
Како не успеал Алонсо со Минарди да победи... Од кај ти е таа информација? Ако се сеќавам добро, Минарди во историјата на тимот едвај успејаа да освојат 2-3 бода, а не па некој да победи со нив! Алонсо првата победа ја имаше со Рено.
Ако прочиташ неколку мои мислења ќе видиш дека редовно пишам против Алонсо така да не се пали.... :D
Ги оспоруваа квалитетите на Фетел па направив споредба со Алонсо и нивните успеси во нивниот прв тим. Фетел победи во Торо Росо, Алонсо ни од далеку не го направи тоа со Минарди.
Сега јасен сум?
 
остај го, не знае што збори, вчера почнал да гледа ф1 и ќе соли памет:D
А навистина, баш ме интересира од кога почнавте да гледате Ф1 и за кои се возачи и тимови сте навивале?

Еве од мене: јас ерата на Сена и Прост ја пропуштив - гледав и тогаш по некоја трка, се сеќавам и на трката во која Сена загина во Имола, ама не сум ги следел сезоните од почеток до крај. Се сеќавам дека активно почнав да следам Ф1 од 1995, и дека претходната година, кога Сена загина клупски колега му беше Дејмон Хил, па некако симпатиите ми беа наклонети кон него. Башка - не сакав да навивам за Шумахер кој во 94 стана шампион, па од 1995 почнав да навивам за вице-првакот од 94 - Дејмон Хил. Хил и во 1995 возеше за Вилијамс, ама немав некои симпатии кон тимот на Вилијамс, онака - само Хил си го сакав. Во 95 Хил пак беше вице-првак, а во 1996 стана и шампион, е тогаш бев многу среќен, и им се курчев на другарите дека мојот возач станал првак. Се сеќавам дека најдобриот другар навиваше за Жан Алези и Бенетон - а Алези беше гревче и пол: едвај 3 победи успеа да собере во кариерата, и јас бев пресреќен што Хил е појак.

Арно ама, Хил ме зафркна во 1997 и се префрли во Ероуз, што беа срташно лоши! Среќа - во 1998 и 1999 се префрли во Џордан, и колку - толку беше подобар. Во 1999 се пензионираше, па од неговото пензионирање, го сменив мојот миленик со Хајнц Харолд Френтзен кој му беше клупски колега на Хил во 1999, и со еден слаб болид на Џордан успеа да победи на 2 трки и сезоната ја заврши на трето место, зад Хакинен и Еди Ирвајн (клупскиот колега на Шумахер во Ферари кој заврши на второто место благодарение на тоа што Шуми си скрши нога на една трка и го немаше пола сезона на патеките). Третото место за Френтзен беше навистина импресивен подвиг за мене! Од таа година почнав многу да ги сакам Џордан, а жолтата боја ми беше најомилена. Следните години Френтзен ги менуваше тимовите - Прост Ејсер, Ероуз, и кариерата ја заврши во 2003 во Заубер Петронас. Никакви забележителни резултати, ама јас уште си навивав и за него, и паралелно и за Џордан што се уште беа катастрофа (уствари ме израдуваа во 2003 во една смешна трка во Бразил, по дожд, што беше прекината и победата му беше доделана на Џанкарло Физикела во болидот на Џордан, иако тој фактички и не победи на трката). :P

2003, кога се пензионираше Френтзен, Алонсо ја имаше освоено првата победа во кариерата во Унгарија, со Бенетон Рено, и така јас си одлучив да навивам за него, зошто се гледаше потенцијал! Со Бенетон Рено да победиш на трка во тоа време - значеше нешто! Истовремено и ги напуштив Џордан што беа ужас, и почнав од 2004 да навивам прво за Бенетон Рено, а подоцна и за Рено. И за Алонсо, се разбира! Ама кога Алонсо возеше за Мекларен и подоцна Ферари, јас не навивав за неговите тимови, само за него! Рено се уште ми беа број 1. Сега сум се уште за Алонсо, ама за успесите на Ферари - who cares? А немам некој тим за кој би навивал.

Вие?[DOUBLEPOST=1394909547][/DOUBLEPOST]
Ако прочиташ неколку мои мислења ќе видиш дека редовно пишам против Алонсо така да не се пали.... :D
Ги оспоруваа квалитетите на Фетел па направив споредба со Алонсо и нивните успеси во нивниот прв тим. Фетел победи во Торо Росо, Алонсо ни од далеку не го направи тоа со Минарди.
Сега јасен сум?
А сега демек ги споредуваш Торо Росо и Минарди? Оф мори мајко! :facepalm:

Минарди никогаш не биле ни одблиску колку Торо Росо! Нив можеш со Катерам, Марусија, ХРТ да ги споредуваш. Еве сега гледам - најдобриот пласман на Алонсо со Минарди бил на 11 место! А Минарди од 4то место погоре не мрднале. И тоа 4то место биле на два пати - еднаш во 1991 и друг пат во 1993. Торо Росо имаат далеку позабележителни резултати. Не можеш да споредуваш баби и жаби!
 
Последно уредено:
Фетел имал проблем со софтверот кој е променет во меѓувреме.Иако дебело не ги сакам `говедата`,тие несмеат да се потценуваат.

Ако нема проблеми со потрошувачката на бензин,утре мерцедес ќе право парче од конкуренцијата.А ако имаат проблем ,тогаш ќе мора да ја намалат снагата на моторот и ќе биде поизедначено.

Сезоната пред све ќе зависи кој ќе истрга најмногу капацитет од ЕРС-К и ЕРС-Х системите
 
А навистина, баш ме интересира од кога почнавте да гледате Ф1 и за кои се возачи и тимови сте навивале?
Ти многу текст изнапиша :) по годините што ги спомена постара генерација си од мене. Активно следим од 99та и тоа кога Шумахер искрши нозете и невозеше во наредните 5-6 трки(таа година и заврши некаде на 5-6то место). Од тогаш тој стана мој идол и е причина за мое гледање на формула1. Од тогаш сум и ферари фан и го немам променето тој статус иако не го сакам Алонсо како особа што и во иднина ќе остане истото но тоа не го менува фактот дека тој е одличен возач. Споредба меѓу него и Фетел не би правел барем не до овој момент на нивната кариера, бројките се на страна на Фетел но оваа сезона може да ни ја претстави јасната слика помеѓу нив двајца доколку имаат изедначен болид.
Шоуто нека почне утре ! :cool:
 
А сега демек ги споредуваш Торо Росо и Минарди? Оф мори мајко! :facepalm:

Минарди никогаш не биле ни одблиску колку Торо Росо! Нив можеш со Катерам, Марусија, ХРТ да ги споредуваш. Еве сега гледам - најдобриот пласман на Алонсо со Минарди бил на 11 место! А Минарди од 4то место погоре не мрднале. И тоа 4то место биле на два пати - еднаш во 1991 и друг пат во 1993. Торо Росо имаат далеку позабележителни резултати. Не можеш да споредуваш баби и жаби!

Ептен јаки беа Торо Росо во тоа време. у 2006 се на се 1 поен, у 2007 8 поени од кои 5 на Фетел.
Единствена победа а и подиум им ја има донесе Фетел у 2008 на Монца.

Јас ти споредувам Фетел и Алонсо не баби и жаби. Алонсо никогаш нема да го достигне нивото на Фетел.
 
Ало шупелки, Фетел имаше проблем со софтверот на моторот.

Незнам како Алонсо и компанија 5-6 години по ред неможат да извадат најдобар болид и да бидат шампиони...
 
Ало шупелки, Фетел имаше проблем со софтверот на моторот.

Незнам како Алонсо и компанија 5-6 години по ред неможат да извадат најдобар болид и да бидат шампиони...

сигурно плачеше кога му се смееше публиката:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom