Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Една петиција да се направи на Кобајаши да му се забрани да вози :sick:
 
Една петиција да се направи на Кобајаши да му се забрани да вози :sick:

демек маса не ги кршеше другите кога возеше Sauber... Прочитај малку по интернетот ќе видиш дека Кобајаши не бил крив за инцидентот.

Рикиардо е дефинитивно исклучен од бодови.
 
Рикјардо дисвалификуван, мора ујдурма некоја РБР да направат само што сега им текна да ги упецаат.
Како и да е Ред Булот не е толку лош ко што мислевме ке бидат дефинитивно предизвик.
Од Ферари очекував повеке но сепак е рано ке видиме наредната трка каков перформанс ке извади болидот.
Ботас ѕверски извозе ако не се земе во предвид грешката што ја направи, напагаше цело време и не се штедеше ич, јак беше, ми се свига стилот негов, има голем потенцијал и Вилијамс ке си бидат јакички годинава изгледа.
Мекларенот одлични, Магнусен се покажа како добар возач, одлични возачи вадат Мекларен, имаше смирен добар старт и ќари позиции но ке видиме како ке се однесува во дуели понатаму.
Розберг доминација од почеток до крај, мерцедесот очигледно си гази ке видиме како ке се покажат наредните три трки и дали се фаворити за титулата.

Трка без некој возбудувања се надевам во Малезија ке биде поинаку само да не пукне некој тропски дожд да ја прекинат трката :D
 
Ептен е лош звуков на новиве формули :facepalm:
Приметив во текот на пит стоповите при менување на гумите и тргање се слуша шкрипењето на гумите,што не беше случај за минатата сезона фали и текако многу фали гласноста и пискањето на V8 моторите,апел до тимовите да поработат на звукот!
Магнусен одличен пријатно изненадување :)
 
лименките таму каде шо треба да си бидат...на дното
мерцедес добро се покажа сега за сега, видечемо натаму
моиве ферари оваа година заедно со алонсо и ајсмен мора да атакуват на двете титули, редно време е ферарито да се врати таму кај што припаѓа

идемоооо :vozbud:
s1_1.jpg
 
Според мене ништо не се знае. Прво да почекаме да поминат првите 2-3 трки, па тогаш ќе се позанимаваме со конкуренти за освојување на шампионска титула. Од што се тивки новиве V6-ки, се слуша шкрипењето на пневматициве при кочење. :tapp:
:confused:
 
Луѓе, да не знаете кога е репризата ?
 
Луѓе, да не знаете кога е репризата ?

имаш торенти од по 4гб. Не верувам дека ќе има реприза на МТВ, но сепак нека ти одговори некој и тоа
 
Имаше на SK 1 во 13:00, а на МРТ нема да има. Би требало да ја даваат на SK уште еднаш. Провери на sportklub.rs
 
Де ако не ве мрзи,раскажете како беше тркава,ја претеравме синоќа,па неможев да ја гледам
 
Де ако не ве мрзи,раскажете како беше тркава,ја претеравме синоќа,па неможев да ја гледам
Абе немаше ништо интересно, досадна беше. Како што се подредија од 5-7 круг така беше до крајот. Никој никого не притискаше, немаше претекнувања. Фетел и Хамилтон имаа проблеми со новите мотори, механичарите во буквална смисла на зборов ,,спиеа,, затоа што просечен пит-стоп беше 4.0 сек. Раиконен имаше проблем со сопирањето (често му блокираа сопирачките), единствено Ботас можеше да се издвои како подобар. Толку од мене, кој има нека дополни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom