Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
2013 БРАЗИЛ ГП: НИКО РОЗБЕРГ ГИ ПОСТАВИ НАЈБРЗИТЕ ВРЕМИЊА НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНЗИ

Нико Розберг повторно со најбрзото време и на вториот слободен тренинг. Поројниот дожд пред почетокот на попладневната сесијата го навести истото сценарио, многу малку акција на патеката Карлос Пејс, со исклучок на последните 15-тина минути. Возачите ги штедеат, ограничените за нив, интермедиа и гуми за дожд. Квалификациите се утре, Сабота, 23 Ноември, со почеток во 17:00 MK.

Резултати:
http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/2013_22.html
 
2013 БРАЗИЛ ГП: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ НЕЗАПИРЛИВ НА СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Себастијан Ветел го постави најбрзото време, за нов старт од првата позиција на утрешната трка за Големата Награда на Бразил. Четирикратниот Шампион уште еднаш демонстрираше дека се наоѓа во животна форма и беше дури 6 десетинки побрз од неговиот најблизок ривал, Нико Розберг, со Мерцедес АМГ, кој го посакуваше дождот, како единствена шанса да се победи Себастијан Ветел.

Фернандо Алонсо и Марк Вебер, кои ќе стартуваат од вториот ред беа побавни повеќе од една секунда. Најбрзото време беше поставено на интермедиа гумите во последните моменти од драматичната Q3 сесијата, која беше одложувана 45 минути, поради премногу дожд и вода на патеката, но, можеби најмногу поради инцидентот на Серџо Перез.

Луис Хамилтон беше половина секунда побавен од тимскиот колега за само петтата, а Роман Грожан ја освои шестата стартна позиција за Лотус. Торо Росо одличен на дождот и со двајцата возачи во Q3. Даниел Рикиардо и Жан-Ерик Верн ќе стартуваат од четвртиот ред, победувајќи ги Фелипе Маса со Ферари и Нико Хулкенберг со Заубер, кои ги заокружија најбрзите десет возачи.
На почетокот на Q1 сесијата видовме навалица од болиди, сите возачи брзаа да постават брзо време пред да се интензивира дождот. Луис Хамилтон го постави првиот и најбрзиот круг на сесијата, а Пастор Малдонадо и Естебан Гутиерез не успеаа да поминат понатака, заедно со болидите на Марусија и Катерам.

Кога има дожд секогаш е интересно и неизвесно, па така во Q2 имавме парадокс кога Роман Грожан го постави најбрзото време, додека неговиот нов тимски колега, Хеики Ковалаинен не успеа да се пласира во Q3 сесијата за само 0.015 секунди. Серџо Перез, исто така, беше меѓу оние кои не се пласираа понатака, по инцидентот, кога ја загуби контрола над неговиот Мекларен и се удри во бариерите покрај патеката. Нив им се придружија Пол ди Реста, Валтери Ботас, Џенсон Батон и Адријан Сутил.

Резултати...
http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/2013_23.html
 
Слабо коментари мислења после тркава...
Како и да е интересна трка после долго време нешто поинтересно немаше дожд којзнае колку но сепак.
Многу политика од страна на ФИА претераа ептен но тоа е тоа.
 
Со ова Фетел потврди дека е подобар од Шумахер:

Погледнете до 120 трки што има освоено Фетел, а што Шумахер...
x76p.png


И кога ќе се додадат последниве две трки Фетел има 45 пол позиции, 39 победи, 62 подиуми...

Фетел има 26 години, а рачунајте до 40 години уште колку има Фетел да освојува...
 
Од следната сезона ништо нема да освојува бидејќи нема да има толку супериорен болид:)
 
Ај да чекаме да ја заврши кариерата па да ги споредуваме.
 
дечки ако сте заинтересирани да ја развлечиме дебатава понашироко,пошто гледам повеќе енергија се дава на другите теми.јас на тема Ф1 во текот на денот поминувам многу време,член сум на сите балкански форуми и на накои странски и редовно дебатирам.Без лажна скромност се сметам за добар познавач на ф1,па ако има заинтересирани за потемелна дебата кажете.
 
дечки ако сте заинтересирани да ја развлечиме дебатава понашироко,пошто гледам повеќе енергија се дава на другите теми.јас на тема Ф1 во текот на денот поминувам многу време,член сум на сите балкански форуми и на накои странски и редовно дебатирам.Без лажна скромност се сметам за добар познавач на ф1,па ако има заинтересирани за потемелна дебата кажете.

Што се деси со пит стоп форумот???
Баш беше добар и имаше добри дискусии:D
 
Прво Докторот(беше нешто близок со финансиерите) рече дека се нема пари и порталот ќе згасне,а ќе остани само форумот додека ќе има пари за тоа.После тоа згасна и форумот.

И таму бев под ова име(вистинско ми е)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom