На крај најинтересна трка испадна оваа, а на мтв во право беа до негде, дека ако гумите се како што треба секоја трка би била како оваа
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
- Нема казна, само укор за Розберг. Останува негова победата.
Cruise ќути друже, значи у ист кош сме и двајцата - у депресии паѓам кога го гледам МекЛарен оваа сезона, не ми се верува дека тимот за кој навивам падна на толку ниско. Еден мој другар се префрли и стана фан на Мерцедес, ама јас не попуштам - лојален сум до крај. Се надевам само дека е утнат болид у прашање (како 2009) и веќе догодина ќе се вратат екипата и возачите на старите патеки. Не личи ова на ништо.
А за второто - ДА, во право си. Силверстоун му е една од омилените патеки на Вебер, имаше добро темпо човекот иии таман мислам уште 3 круга ако се возеа, ќе го лапнеше на Нико. Ама да не заборавиме и дека сејфти карот ја направи таква тесна завршницата. Себ и Нико си имаа комотна предност напред, ама кварот на првиот и застанувањето на лошо место изнуди СЦ и тоа ја стесни колонота во финишот. Јако темпо имаше Розберг за време на цела трка и тоа е неспорно. Најголем губитник мислам дека испадна Кими, кој и реагираше преку тим радиото - ама решија да го остават на патеката и да не му ги менуваат гумите, што на крај испадна како лоша одлука.