- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.484
- Поени од реакции
- 119.316
Па баш тоа сакав да кажам за Фетел, дека е педерски од негова страна што не ја испочитува наредбата на тимот бидејќи доколку беше обратна ситуацијата се кладам дека ни во лудило Вебер немаше да проба да го претица Фетел. Од друга страна па и го оправдувам Фетел бидејќи преку тасета од тие тимски наредби, дебилно е во втората трка од сезоната да се калкулира. Вака имаше повеќе можност да се случи судир и да испаднат двајцата отколку кога би ги оставиле слободно да се тркаат, вака Вебер не очекуваше дека ќе има напад, па после кога виде што прави Фетел стисна и тој и за малце ќе направеа инцидент кој ќе ги кошташе 1-2 победа. Но, што е тука е, сакам што побрзо да ја заборавам тркава и ја чекам следната каде се надевам Ферари ќе биде на едно од првите три места.Ферари најверојатно рачунаја дека спојлерот ке издржи до моментите кога патеката ќе беше делумно исушена , за да немора да има екстра влегување и да не загуби 20 позиции. Во моментот можи беше правилна одлука, а и да влезеше повисоко од 8мо место не вадеше, а да коцкаат подиум за 2-3 бода некако безвеза е.
Во однос на ситуацијата со Фетел да ја објаснам, значи пред да влезат во бокс, двата пилоти добиле наредба откако ќе ги сменат гумите да извозат лагано до крајот на трката. Во моментот пред Фетел да влези во боксот разликата меѓу двата возачи беше 5.2 секунди, а Вебер откако ја доби наредбата ја испочитува, па така ја намали брзината. Еден круг подоцна влегва Вебер во бокс мислејќи дека Фетел го почитува договорот, или рачуна на одредена временска разлика од барем 3-5 секунди, а Фетел во меѓувреме притиска со сета сила и наместо да излези со комотна разлика од боксот, го затекнува Фетел тркало до тркало. Да знаеше Вебер дека ќе треба да се бори со Фетел до крајот, наместо тврда компонента ќе клаеше од помеката за да можи да држи чекор со мочкото, сепак во прашање беа 10тина круга. Во ред ќе беше да се бореа до крај ако немаше наредби , ама едниот да почитува , а другиот не покажва дека нема ферплеј.
А за Ферари што да кажам, тие погрешни процени многу ги коштаат во последно време, но се надевам дека во иднина нема да прават вакви глупости и да му кратат бодови на Алонсо бидејќи секој бод е битен во битка за титулата.