Формула 1 - сезона 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Да направиме споредба дека Фетел е подобар од неговиот сонародник Шумахер:

ДО 101 ТРКА:

Фетел до 101 трка: 3 титули
26 победи
46 подиуми
36 пол позиции
15 најбрзи кругови

Сето ова Фетел го има постигнато на 25 години и 154 дена!!!

Шумахер до 101 трка: 2 титули
26 победи
52 подиуми
17 пол позиции
28 најбрзи кругови

Но Шумахер на 25 години и 154 дена имаше:
0 титули
6 победи
21 подиум
2 пол позиции
11 најбрзи кругови

Што сакате повеќе???
Прекинете да споредувате бројки од возачи што возеле во различни ери и различни услови. Рекордот за шампион со најмала возраст е скршен 3 пати во последните 10 години( Алонсо , Хамилтон и Фетел ). Смешно е да се споредува Фетел со Шумахер. Само кога ќе го видеме Фетел да оди во просечен тим и да го направи шампион , ќе може да се спореди со успехот на Шумахер, кој потроши околу 5 години од кариерата да го стави Ферари во позиција да се бори за титулата, за останатото знаеме.
 
Фетел возеше и за ПОТПРОСЕЧЕН ТИМ...

Но успеа на тој потпросечен тим да му ја донесе и првата победа после цели 23 години од основањето на тимот...

Минарди се основа во 1985 година, 2006 година истиот тим се преименува во Скудерија Торро Россо
и 2008 година Фетел ја донесе првата победа за тимот на 21 година...
 
Да бе и Френтзен му донесе победа на Jordan , па ете никој не скока ко будала
 
Да бе и Френтзен му донесе победа на Jordan , па ете никој не скока ко будала
Да донесе победа ама со Болид којшто таа година беше рекордно најбрз со 363 km/h на Монца...
--- надополнето: 26 ноември 2012 во 00:13 ---
Фетел=3 титули за 6 сезони
Алонсо=2 титули за 12 сезони

:icon_lol:
Тоа значи дека до 2018 година Фетел има да освои 6 титули...
 
Да донесе победа ама со Болид којшто таа година беше рекордно најбрз со 363 km/h на Монца...
--- надополнето: 26 ноември 2012 во 00:13 ---

Тоа значи дека до 2018 година Фетел има да освои 6 титули...
Верстапен редовно постигнуваше најголема брзина на трките, што не значи ништо. Фактот е дека Фетел се најде на право место во право време, така што можи ќе го надмини Шумахер , ама не мора да значи дека е подобар, како што истото се тврди во споредбите на Шумахер со Сена и Прост. Исто така споредбите меѓу Фетел и Алонсо се излишни кога ќе го споредиш текот на кариерите, односно Алонсо беше во позиција да вози во врвен болид можеби 3 пати во кариерата. И веќе ко сакаш толку да се изразуваш низ бројки , ќе видиш дека Фетел има послаба реализација во трките со пол и победа него било кој од моменталните возачи, што покажува дека сеуште го немаме видено да победува со поинфериорен болид. Дека е топ 5 возач е неспорно, но се нема покажано од незавидна позиција.
--- надополнето: 26 ноември 2012 во 00:51 ---
И што сакаш да кажеш со ова ајде изјаснисе?
Дека за 20 години , децата ќе гледаат статистика на интернет и ќе мислат дека бил шофериште, а тоа дека Алонсо со неконкурентен болид на 2 пати ќе му ја земеше титулата од пред носот ќе биде занемарено
 
Моментално најдобри возачи според мене:
-Алосно
-Батон
-Кими
-Хамилтон
-Фетел

Незнам од кај го истадовте мерилото дека најдобар е онај што има најповеќе титули или победи. Зошто Сена го вбројуваме во најдобрите или најдобриот?
Истото е и со другите екипни спортови, може да имате одличен поединец, но слаб тим.

Никој нема да ја оспори титулата на Фетел или да рече дека не е заслужена, со смешно е да го споредувате со такви зверки, барем засега...
 
^Ја би го ставил Розберг пред Батон.

Да направиме споредба дека Фетел е подобар од неговиот сонародник Шумахер:

ДО 101 ТРКА:

Фетел до 101 трка: 3 титули
26 победи
46 подиуми
36 пол позиции
15 најбрзи кругови

Сето ова Фетел го има постигнато на 25 години и 154 дена!!!

Шумахер до 101 трка: 2 титули
26 победи
52 подиуми
17 пол позиции
28 најбрзи кругови

Но Шумахер на 25 години и 154 дена имаше:
0 титули
6 победи
21 подиум
2 пол позиции
11 најбрзи кругови

Што сакате повеќе???

Ќе видиме кога ќе се пензионира Фетел кој ќе води во повеќе статистики. Рано е да се споредуваат.... Плус во првите неколку години во кариеарата на Шумахер он возеше против Мансел Прост Сена итн.

Истото важи и за Алонсо и Ветел. Сега Алонсо изгледа подобар но не смее да се заборави дека е постар и има повеќе искуство. Ќе видиме Ветел шо ќе прави на негови години.
 
Не ви чини ова да правите споредба со Фетел-Шумахер/Сена.
Секоја чест на Фетел, ама да стигне на она ниво како Шумахер што беше има уште премногу да работи.
 
Да направиме споредба дека Фетел е подобар од неговиот сонародник Шумахер:

ДО 101 ТРКА:

Фетел до 101 трка: 3 титули
26 победи
46 подиуми
36 пол позиции
15 најбрзи кругови

Сето ова Фетел го има постигнато на 25 години и 154 дена!!!

Шумахер до 101 трка: 2 титули
26 победи
52 подиуми
17 пол позиции
28 најбрзи кругови

Но Шумахер на 25 години и 154 дена имаше:
0 титули
6 победи
21 подиум
2 пол позиции
11 најбрзи кругови

Што сакате повеќе???

Ваква споредба е валидна во услови кога сите возачи ќе возат со ист болид. Во таква ситуација можеби и некој трет, покрај Фетел и Алонсо, ќе испадне дека е најдобар возач во моментов.:)
 
^ Плус во првите неколку години во кариеарата на Шумахер он возеше против Мансел Прост Сена итн.
Кога беа на патеките Сена, Прост, Менсел, Пике тогаш Шумахер едвај две победи оствари...Пол позиции 0. Да не прајме муабет за борба за титула!!! Но кога се пензионираа тие возачи и кога загина Сена 1994-1995 немаше ниту еден шампион на патеките и тогаш Шумахер лесно ги освои двете титули. Од кои 1994 со Кукавичко или подмолно туркање на Дејмон Хил во Аделаида...

Но Фетел освои титули во време кога на патеките имаше по четири, а оваа сезона дури пет шампиони.
 
5 шампиони кои можат чорапи да им перат на Сена Прост Нелсон итн. Убаво размислуваш ти само не до крај.
 
^Ја би го ставил Розберг пред Батон..

Не ми се верува дека го читам ова. Го почитувам Нико, во постабилен и поконкурентен болид можеби и ќе се покаже во вистинско светло, ама за сега не е ништо специјално, посебно не во однос на Џенсон - кој има титула зад себе, еден кубик искуство и според многумина еден од најголемите тактичари во Ф1 (ако ја гледаше вчера трката знаеш за што зборувам)

Пред некоја недела дискутиравме и ја сумиравме сезоната со еден другар, па стана збор и за Розберг. Рака на срце, ако се земе пошироката слика, Нико сезонава беше послаб во однос на лани и се изгуби во однос на Шуми - стариот имаше добри дуели и камерата 100 пати повеќе го фаќаше. Моментумот го имаше од кај април до јуни месец, тоа ти се некои 5-6 трки. Бележеше добри резултати и се држеше високо во генералниот пласман, ама се' останато е фејл за Нико годинава. Неколку факти и статистики само да ти ја отсликам состојбата :

- Нико заврши 9ти во генералниот пласман
- Просечна финиш позиција за 2012 му е 10.95 (скоро 11)
- Сезоната ја заврши со под 100 освоени бода
- Хиената Грожан, со 4 откажувања повеќе од Нико - заврши 3 бода над него
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom