Формула 1 Сезона 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
И сега Хајдфелд ќе го тужи Рено, сослушувањето е на 19 Септември.

ИЗВОР

И уште една вест: Том Круз извршил тестирање за тимот на Редбул на патеката Willow Springs во Калифорнија на 23 овој месец. Инструктор му бил Дејвид Култхард кој што бил импресиониран од неговите резултати. Не е наведено која била целта на тестирањето.

Mission Imposible:)
 
Одличен старт за Сена на тренингот. Видео тука.
d11bel476c-640x424.jpg


Тренинг сесијата се возеше по влажна патека, а можно е и за квалификациите, и за трката да паѓа дожд.
 
Шуми одбележува 20 години во Формула 1

schumi_jordanspa_1991_600.jpg


Михаел Шумахер се надева на добар резултат на трката во Спа со што Германецот ќе ја прослави 20 години од својата прва трка во Ф1.
Шумахер своето деби го имаше на 25-ти август, 1991-ва година со тимот на Џордан. Тој во квалификациите заврши на седмото место, но не успеа да стартува во својата прва трка поради проблеми со квачилото. 20 години подоцна, Шуми се надева добар резултат.
- Трката во Спа секако дека ќе биде битна за мене бидејќи тука ја извозев мојата прва трка во Формула 1. Тешко ми е да поверувам дека тоа беше многу оддамна, бидеќи многу работи се променија во овие 20 години, но една работа остана иста – патеката е сеуште сензационална.
За мене, Спа останува „мој дом“бидејќи означила многу работи во мојата кариера. Затоа овојпат би сакал да испратам големо благодарам до сите мои фанови за нивната поддршка и лојалност која со задоволство ја имав во овие 20 години. Се враќаме од летната пауза со огромна мотивација и енергија и ќе се обидам да оставам трага на трката. – изјави Шумахер.
Шумахер од својот почеток до сега има 91 победа и 7 светски шампионати. Поддршка доби и од својот тимски шеф Рос Браун кој стои зад сите негови победи и светски шампионати.
- Честитки за Михаел и за неговиот јубилеј тука. Беше чест да се работи со него за 17 од неговите 20 години присуство во Ф1 и очекувам уште многу убави моменти заедно,- изјави Рос Браун.

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10483-sumaher-odbelezuva-20-godini-vo-f1
 
Вебер, Вебер, Вебер, Хамилтон, Хамилтон, Хамилтон, ДА, ДА, ДА, НЕ, НЕ, НЕ... Фетел, Фетел, Фетел... :pos: :pos: :pos:

е*ате коментаторот... :)
 
Кој победи бе?

Edit: Се гледа дека вежбал Фетел, ама пол немора да значи ништо на спа.
 
Спа е ова бе луѓе, не е зае*анција !! :D

Не може да помине без дожд, гужви, тесни резултати, излетувања, кршови, red flags .. That's why we all love it so much ! :love:

Блиску и неизвесно беше во текот на сите 3 сесии. Констатна битка водеа 2та РБа и Луис, Алонсо се загуби во последната сесија, а од стварно нејасни причини Батон испадна уште во Q2 :cautious: .. Луис имаше свои 'моменти' во финишто на втората сесија, кога беше надвор од топ10 и принуден од тоа имаше 2 дуели на патеката. Добро е што Чарли не реагираше околу ова.

Бруно Сена рака на срце имаше одлично деби за Рено сезонава и ја оправда довербата со денешнава 7ма освоена стартна позиција. Од друга страна Шуми убаво си го одбележа јубилејот .. :icon_mrgr:

ПС - Guess the weater for tomorrow !? :cool:

- Марк Вебер го продолжи договорот со РБ до 2012.
 
Без инциденти не може да помине.
Хамилтон и Малдонадо. Малдонадо казнет 5 места поназад.
Мерцедесот од Шумахер остана без задното тркало. Шумахер стартува последен.
Сена со одлично време,пред Петров и Алонсо.
 
Од колку е трката?
 
Оф леле. :( Греота Хамилтон, Не дека го сакам ама требаше да го пушти Кобајаши. Какви ботови возат значи/
 
Оф леле. :( Греота Хамилтон, Не дека го сакам ама требаше да го пушти Кобајаши. Какви ботови возат значи/
Германските коментатори рекоа дека 50-50 е вината тука, односно, дека и двајцата подеднакво згрешиле со тоа што Хамилтон го извлече подебелиот крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom