Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
НИШТО !! - Пропадна проектот 2011, Лука ди Монтеѕемоло ја откажа изградбата на споменикот на Ф.Алонсо кој беше планиран да го краси Маранело како отслика на Шампионската 2010 г. за Ферари. Suck it !! :vozbud:

Убав ќееф ми се направи за Фетел. Големо браво и СЧ дечко. Шлајм ќе беше сезонава ако Копилето жабарско, предавничко, кукавичко, лицемерно, шпионско ја зграбеше титулата. Марк од никогаш не сум го сметал за топ возач, а и патем љакс понашај има со доста непромислени потези (премногу за оваа сезона), така да Себ си освои и повеќе од заслужено.

Пазете го подемот на С.Фетел за само 3 г. поминати во Ф1 ..
- 2008 : Деби во Ф1, во тимот на Торо Росо (братот на т.е. вториот тим на РБ) најавуван како вундер кинд одгледан под закрила на РБ; Истата сезона сензационално доаѓа до својата прва победа во Ф1, во Монца.
- 2009 : Топ изданието од првата сезона, му носи експресен трансфер во РБ, кој водеше мртва трка со Брон ГП за титулата; Фетел оствари 3 победи и заврши како 3ти во генералниот пласман, а РБ вицешампион во конструктори.
- 2010 : Сезона од соништата за РБ; Извадија најдобар пакет, со перверзно добра аеродинамика (фаталните подвижни предни крила). Фетел фати 10 ПП, оствари 5 триумфи и со +4 бода ја освои титулата со победа на последното ГП.

WOW што друго да се каже !! - Да даде горниот, и догодина да следиме, барем исто толку неизвесна сезона, со повеќе пилоти во игра до самиот крај. Иии нешто помала доминација на РБ, барем на квали. :pipi:

--- надополнето ---

Иии да, ќе заборавев .. Откако заврши трката и се возеше почесниот круг, приметивте ли како Алонсо се спречка со Петров на патеката и му гестикулираше, само не видов најдобро дали му покажуваше italian fingers или беше среден прст, што и не би ме зачудило од таков гад .. Цццц мајмунска работа.
 
Ферари ја направи најголемата грешка гледаа да бидат пред вебер не гледаа да земат шампионска титула во Алонсо не гледам никаква вина реноата беа доволно брзи за да неможат да се поминат и хамилтон имаше тешкотии да го помине кубица како и да е цеститки за Ветел.
 
Браво за малиот, дури го заеба Алонсо двапати... еднаш му ја зеде титулата од пред нос, а вторпат му го зеде епитетот најмлад шампион. Наздравје :)
 
Браво за малиот, дури го заеба Алонсо двапати... еднаш му ја зеде титулата од пред нос, а вторпат му го зеде епитетот најмлад шампион. Наздравје :)

Хамилтон ќе да беше најмладиот шампион до денес, ако добро се сеќавам... со 23 години и 301 ден :) Фетел е шампион со 23 години и 133 денови :) ако добро пресметав :) Алонсо стана шампион на 24 и кусур години :)
 
дефинитивно највозбудливата сезона, браво за Петров и Кубица на му дозволија на Алонсо да ги помине, а Вебер ниту еднаш не го нападна Алонсо, браво за Фетел.Следната сезона се надевам ќе биде возбудлива како оваа.
 
дефинитивно највозбудливата сезона, браво за Петров и Кубица на му дозволија на Алонсо да ги помине, а Вебер ниту еднаш не го нападна Алонсо, браво за Фетел.Следната сезона се надевам ќе биде возбудлива како оваа.

дефинитивно највозбудливата сезона?? :vozbud::vozbud:

Кај беше кога имаше трки без толку технологија?
Може млад си па немаш гледано вистински борби без претекнувања?
 
дефинитивно највозбудливата сезона?? :vozbud::vozbud:

Очигледно зборува за неизвесноста на табелата, т.е дека пред тркава на хартија дури 4 возачи имаа шанса да јаосвојат титулата, што не беше случај во поблисково минато :D
 
Иако навивам за Ферари, сепак Фетел ми е драг уште од кога победи во Монца и мило ми е што тој ја зема титулата а не Вебер, или не дај Боже, Хамилтон...
Алонсо ја загуби титулата поради погрешна стратегија. Вебер беше премногу слаб на тркава. И така им треба кога цела сезона тактизираа, калкулираа, сега помалце, сега повеќе. Единствено Фетел цела сезона си ја возеше за да биде што подобар, без да се замара со табели и глупости. Имаше и луди потези, многумина ќе речат детски, ама тоа се потези кои што секој кој вози формула само ради задоволството што му го прави возењето би ги направил - апсолутно тркачки и спортски. Заради тоа заслужи да стане шампион. Се надевам дека ќе биде човекот кој ќе го симне Шумахер од сите позиции на рекордер, а воопшто не ми пречело ако тоа го направи во црвениот болид :tv:
 
Честитки за Ветел, иако не пратев годинава формулва за првпат навијав за него.:salut:
 
да зборев за неизвесноста на табелата, а за претекнувањата не беше толку возбудливо само на неколку трки.
 
Фетел е ѕверот. Нека му е честита првата шампионска титула (една од многуте што следат).
 
честотло за фетел иако сум фан на ферари заслужено му е,а за п...р..е што навиваат за тој што победува они нека го SUCK!
 
Догодина Батон е шампион :)
Mоже, ако другите возачи имаат 3 пати послаб болид. Уствари и тогаш не може зошто Хамилтон ќе биде тука :pos:

И јас то се надевам :).
Иако денес навивав за Ферари т.е. Алонсо, ич го нејќам, уште од ко ја почна кариерата. )
Нешто слично и јас. Секогаш сум бил за Ферари и ќе останам, ама Алонсо не го сакам како личност. Добар шофер е (меѓу најдобрите) и навивав за него заради Ферари, но и не ми е толку криво што ја загуби титулата.
Денес мислам дека требаше повеќе да ризикува, 20 круга возеше позади Петров без обид за претекнување. Сепак со оглед на тоа дека во текот на трката Алонсо имаше 7мо најдобро време во круг (послабо од Петров), можеби и тоа беше максимумот од тој болид. И Маса бескорисниот го немаше за да му го чува грбот при крајот и тоа е.

Фетел ми се допаѓа како возач уште откако влезе во Ф1 и мило ми е за него. Се надевам дека ќе освои многу титули (што е можно повеќе со Ферари :)) Дечкото вози без компромиси, оди на победа секогаш, има жар во него и ја заслужи титулата.
 
Хехех

Грешка 1:
Згрешив дека ќе е досадна сезона.

Погодок 1:
Погодив кој ќе победи во Шампионатот. :)

Хахах Ф(В)етел е закон! :)
А Алонско нека се лути на Реното. :)
 
Честитки за титулата на Светел, овај С. Фетел.

Ја нема секој помошта од другите болиди, да го пуштаат за да освои титула како некои Нигери(али мање битно).

Алонсо сам си ја изгуби титулата, тоа никој не може да го одрече, но што е тука е. Повеќе среќа наредна година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom