T
Tetro
Гостин
Вирџин има чудесен дизајн на болидот!
Вирџин Рејсинг е првиот од новодојдените колективи во Формула 1 кој го претстави својот болид за 2010, откако во декември минатата година објави дека го презема Манор ГП, кој всушност еволуираше од Формула 3 и ја доби лиценцата за настап во Формула 1.
Со финансиската поткрепа од Вирџин, односно Сер Ричард Брансон, кој своите први допири со Ф1 ги имаше минатата година со Браун, тимот обезбеди сигурно и стабилно тло, кое е добра основа за градење на успесите во најбрзиот автомобилистички спорт на денешницата. На технички план, уште една работа што го издвојува Вирџин од новите тимови е развивањето на болидот на база на исклучиво со компјутерска флуидна динамика, без воздушен тунел, исклучиво базирајќи се симулацијата, без употреба од скапи и тешки за конструирање модели, на кои се засноваат на тестирања направени во воздушни тунели.
Тимскиот шеф, Џон Бут, има големи амбиции во дебитантската сезона во Формула 1.
- Денес е кулминацијата на едно многу емотивно патување, кое всушност започна во јуни минатата година, кога тимот ги прослави фантастичните вести дека нашата апликација во Формула 1 е прифатена. Прославата беше неопходно куса, бидејќи веќе бевме во трка со времето за дизајнот и развојот на болидот, а во исто време за градење на нов тим. По напорната работа на болидот во изминатите десет месеци, знам дека VR-01 е производ на многу интензивен и темелен дизајнерски и развоен процес и мојата возбуда ја дели секој во Вирџин Рејсинг. Би сакал да му честитам на новиот тим - мноштво луѓе кои работат заедно за прв пат во затворена околина со набиен распоред за градење на болид. Логистички, не беше лесно, бидејќи основните два болида беа градени во Бичестер, наспроти операционалната база во Динингтон. Не само што Вирџин Рејсинг е одличен колектив, исто така имаме и болид кој одлично изгледа. Воодушевени сме со фантастичната нова компанија која обезбедува интеграција на нашиот бренд со нашите значајни комерцијални партнери. Сè на сè, имаме многу очекувања со напредокот пред дебито во Бахреин следниот месец, - вели тимскиот шеф на Вирџин Рејсинг.
Повеќе податоци за болидот издвои техничкиот директор Ник Вирт. Пред сè, тој ја истакна целокупната активност на тимот за многу краткиот период, но инсистира дека новиот концепт на градење на болидот е клуч за иднината на Формула 1.
- Болидот VR-01 сега е реалност. Денес во Вирџин Рејсинг сме горди, но ѕвезда на овој настан е болидот. Сакам да оддадам почит на сите неверојатни луѓе во Wirth Research кои имаат голема заслуга за болидот VR-01. Склопувањето на Ф1 тим, координирање на инженерската група и дизајнирањето на нов болид од почеток е епска задача во временската рамка во која работевме. Среќен сум што работев со најдобрите дизајнери во Формула 1 и свесен сум што е потребно за успех во овој спорт. Кога ќе видите што постигнале постоечките тимови користејќи ги конвенционалните, но докажани пристапи, не е изненадување што нашиот нов пристап наиде на многу скептицизам. Имам потполна доверба во дигиталниот дизајнерски процес и можноста да се постави КФД пристапот на тестирањата на највисоко ниво. Многу е возбудливо да демонстрираме дека ова може да биде начин за иднината на Ф1. Болидот VR-01 е производ на интензивно истражување проценување на сите фактори кои влијаат на креирањето на добар болид, споени со поспецифичните параметри на спортските и техничките правила за 2010 година. Новините во дизајнот на шасијата кои ги создаде забраната за долевање гориво се земени в предвид. Побарувањето да се носи целата количина гориво создава нови предизвици за склопувањето и оптимизацијата. Слично, намалувањето на ширината на предните гуми и ефектот кој ќе го имаме на контактот со подлогата побара дополнителна работа за моделирањето и симулацијата, бидејќи немавме референтни податоци од претходните години. Веруваме дека креиравме болид со првокласен дизајнерски интегритет кој ќе има полза од високото ниво на аеродинамичка ефикасност и стабилност. Издржливоста беше во нашиот фокус и сите клучни области ги исполнуваат правилата за безбедност на ФИА и побарувањата на “креш” тестовите за носот на болидот, монококот, страничните и задните структури, кои се значајни при зголемено ниво на гориво во болидот, - гласи исцрпното произнесување на Ник Вирт.- Имаме двајца многу фокусирани и решителни возачи во Тимо Глок и Лукас ди Граси. Напорите кои ги вложија зад кулисите низ изминативе месеци на симулаторот ќе се покажат како непроценливи кога ќе започнеме со работата на патека, во фазата на тестирање, - додава тој.
Импресионирани и со суперлативи за тимската работа настапија и сопственикот Сер Ричард Брансон и извршниот директор Грем Лоудон.
- Каков болид! Ник и неговиот дизајнерски тим завршија неверојатна работа и денес го заслужија целото внимание. Фантастично е што бев дел од ова патување речиси од самиот почеток и што можам да видам големи инженерски умови. Верувам дека ќе процениме колку е брз болидот на патеката Херез следната недела, но се надевам дека ова нема да го надмине далеку поголемото достигнување - соединувањето на тимот и прифаќањето на храбар чекор кој се спротивставува на конвенционалното. Ова е истражување, од многу аспекти, но со потполната самодоверба која ја демонстриравме, се чувствувам многу возбуден за тоа што можеме да постигнеме во годините кои се пред нас. За сега го очекувам теситрањето на патеката на болидот VR-01 во претстојните недели, како подготовка пред првата трка на Вирџин Рејсинг, - изјави импресионираниот сопственик, чија авантуристичка природа го водела низ многу полуди потфати.
- Дебито на тестирањето на болидот VR-01 во Шпанија следната недела ќе ни ја овозможи првата прилика да видиме што сме постигнале во претходните десет месеци. Сепак за мене, тоа што стигнавме до ова место е неверојатно постигнување само по себе. Ништо од ова немаше да биде возможно ако немавме неверојатна решителност на ниво на целиот тим, предводен од Џон и Ник, вклучувајќи ја фантастичната подршка од Вирџин и ЛДЦ како партнери на тимот. Многу сум горд на тимот. Ги имаме сите потребни компоненти да ги достигнеме целите кои ги поставивме за следните неколку години, - изјави извршниот директор на Вирџин Рејсинг, Грем Лоудон.
Планот на Вирџин за онлајн промоција на „дигиталниот болид“, слично на онаа на Ферари и Мекларен, не беше реализиран поради технички проблеми. Слики од промоцијата беа достапни на официјалниот сајт, а дебитирањето на асфалтот ќе се случи во среда, 10-ти февруари, кога започнува втората рунда тестирање на патеката Херез во Шпанија.
Извор