Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Абе имало формула викендов... добро бе луѓе мене така ми се чини или интересот за формула сезонава е никаков :nerv:??? Не се сеќавам кога последно сум заборавил дека ке има квалификации/трка, мада колку што гледам ништо битно не сум пропуштил.

oткако тимовите како ферари, мекларен, бмв, рено почнаа да не покажуваат резултати се намали интересот за формула
никој не сака да гледа како милениците контиунуирано му губат
иако јас немам трка пропуштено, ама ова што го напишав го приметив кај многумина
 
ако може да ми кажете на која програма има формула и утре од колку саат е трката
 
Абе имало формула викендов... добро бе луѓе мене така ми се чини или интересот за формула сезонава е никаков :nerv:??? Не се сеќавам кога последно сум заборавил дека ке има квалификации/трка, мада колку што гледам ништо битно не сум пропуштил.
И кај мене е исто....немав гледано 2 месеци Ф1. Ми паднаа смешни болидчињата со помал заден спојлер....некако не личат на тоа што сум навикнат да го гледам.
А и кој сакаш да ти гледа ф1 сеа? Да глеам два тима што до лани беа ш класа како победуваат? Не фала.
 
ауууу....тис ис анбливблллл......... Маса се качи на најниското место на подиумот за ПРВПАТ сезонава...ајде,можеби ке им тргне... прв подиум за Ферари годинава...а некаде на средина на сезона (тука недге се,може и покасно)... следнат трка офекувам повторно подуим за ферари:vozbud:

Grand Prix Date Team Grid Race Position Points Total
Australian 29 Mar 2009 Ferrari 6 Ret 0 0
Malaysian 05 Apr 2009 Ferrari 16 9 0 0
Chinese 19 Apr 2009 Ferrari 13 Ret 0 0
Bahrain 26 Apr 2009 Ferrari 8 14 0 0
Spanish 10 May 2009 Ferrari 4 6 3 3
Monaco 24 May 2009 Ferrari 5 4 5 8
Turkish 07 Jun 2009 Ferrari 7 6 3 11
British 21 Jun 2009 Ferrari 11 4 5 16
German 12 Jul 2009 Ferrari 8 3 6 22

на последните 4 трки,Маса стартува на лоша позиција,али на крајот завршува меѓу првите 4 т.е. многу ја подобрува позицијата во трка... т.е. напредува:vozbud:
 
oткако тимовите како ферари, мекларен, бмв, рено почнаа да не покажуваат резултати се намали интересот за формула
никој не сака да гледа како милениците контиунуирано му губат

иако јас немам трка пропуштено, ама ова што го напишав го приметив кај многумина

За тоа си во право..3 трки немам изгледано..Едноставно не ми е интересно..
 
Пратам формула иако ферари губи.Чекам подобрување и тоа се случува.Не го гледав делот кога раиконен се откажа може некој да ми објасни што се случи.Фала.И едно големо браво за редбул!

ЕДИТ: Браво и за мекларен,се гледа дека имаат подобрување.Да не му се случеше на хамилтон на почеток ќе беше меѓу првите 5 сигурно.Браво!
 
абе и не е интересно со онакви спољери да ги гледаш у пм...само модификации прават...да ја вратат како минатата година треба изгледот...
 
Кути какви се четвртасти моделите сеа за жалење...

Мала споредба:

33w2v7d.jpg
332qk3r.jpg

Задниот спојлер.И воопшто цела формула.
 
Како што разбрав големи шанси за да го наследи Мозли има Ари Ватанен, поранешен шампион во рели. Па белким ке има куртул од Мозли...

Инаку ФОТА преговара директно со одборот кој ги има правата да организира Ф1 натпревари (читај го скокнаа Берни Еклстоун) па наредната сезона нема да биде циркус како оваа.

Инаку Маса е среќен поради околностите што се случија на патеката, екстра влегувањето во бокс на болидите на Браун инаку ке ја сонуваше третата позиција уште долго време.

За Мекларен несакам да коментирам, сезонава им е комплетно промашување, подобро да се насочат на развој на болид за наредната отколку да се заебаваат со оваа. Хамилтон покажа дека Мекларен има добар мотор, добар старт, но толку. До првиот свиок. Да издржеше гумата како што треба можеби и ке фатеа некој поен. Вака Хејки со 8-мото место само го прекина низот од 4 трки без бод.
 
годинава кај болидите само пределот кај усисите до возачите ми се свиѓа линиите... НИШО ДРУГО.. одвратно бљак...
 
Незнам дали забележавте но денеес на трката беше михаел шумахер.Па како и по обичај раиконен не заврши?Мислите ли дека стварно шумахер му е баксуз?
 
Незнам дали забележавте но денеес на трката беше михаел шумахер.Па како и по обичај раиконен не заврши?Мислите ли дека стварно шумахер му е баксуз?
Патем забележав дека и кога да дојдат во дуел Раиконен - Сутил, мора да има контакт, а досега (ми се чини дека 4 дуел беше овај) нон стоп подебелиот крај го извлекува Сутил :) да не речам дека Раиконен му ги упропасти сите шанси за бодови.

Инаку не му е малер Шумахер, човекот си е малер сам од себе. Највероватно ова му е последна сезона како ф1 возач.
 
Сутил треба да го убие раиконен али тоа е.Како мислиш последна сезона ?нешто повеќе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom