Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Си ги спасија газовите. Мораа да се договорат.
 
Znae nekoj sto dogovor bil postignat odnosno dali budzetot povtorno ke bide zgolemen ili nesto slicno?
 
Знам дека е намален,ама по ова состаноков дали ќе биде зголемен дали е сменето мислењето?Ако е намален отиде формулата кај може ферари да направи болид со 40милиони.
 
Дефинитивно е кажано дека буџетот ке биде намален, но нема да биде 40 милиони, туку ке биде многу повеќе. Така да Ф1 ке ја гледаме догодина без Мозли кој објави дека нема да се кандидира за реизбор во октомври.

Дај боже и Берни да се мафне од Ф1, па раат да гледаме.
 
се ми се чини дека буџетот ќе биде намален само на хартија. ке напишат нешто што држи вода за рекламни цели, демек еве ние поддржуваме нови екипи да дојдат, а ваму платите на возачите се неограничени, па не знам еден врвен менаџер, па не знам овој ќе контролира, а оној ќе мижи... чоече па ние сме сведоци на намештаљки од секакви категории, од приватизација до утакмици, ова е п.дим штом оставаат на час и чест, не знам на кого му мачкаат очи. мозли беше скот, ама беше во право шо викаше дека треба да се развиваат релевантни технологии за потоа да се употребуваат во ауто индустрија. а овие уште на прва лопта го кинат керс за догодина? не ми се свиѓа. ете им зголемија тежински лимит на секој болид по 25 кила, другото нека се помачат самите да го направат, какво е тоа цвилење дека не знаат и не можат да најдат чаре, ко сдсм пред избори коа имаа НУЛА рејтинг и бараа да нема вонредни, па искачаше рада со чанти и фустани да мафта. Бог да чува!
 
Мозли го сака Тод за наследник

Претседателот на ФИА, Макс Мозли, призна дека Жан Тод може да го наследи на раководната позиција во Париз, иако екипите не го поддржуваат. Меѓу можните кандидати се спомнува и претседателот на сенатот на федерацијата, Мишел Боери, кој е претседател на федерациојата на Монако и кој го презеде договарањето меѓу ФИА и ФОТА по првично постигнатиот договор. Од друга страна, потпретседателот на ФИА, Херман Томчик изјавил во германскиот печат дека нема да се кандидира.
- Не можам да го видам Боери дека е заинтересиран за таа позиција. Тој исто така е доста стар. Не можам да го исклучам Жан Тод. Доколку има повеќе од едне кандидат, ќе дадам моја препорака,- изјави 69-годишниот Мозли, кој ја водеше организацијата во тек на четири мандати.
 
Веднаш по примирјето на ФИА и Здружението на тимовите од Формула 1, ФОТА, беше објавена официјалната листа со учесници во „најбрзиот циркус“ за идната година, на која се најдоа сите од провизорниот список објавен пред две недели.
Тогаш ФИА објави 13 тима, но пет од нив беа членки на ФОТА, кои беа условени да потпишат нови договори со кои ќе се обврзат кон Формула 1 ако сакаат да учествуваат во неа следната сезона.
Во меѓувреме осумте членки на ФОТА победија во психолошката војна, со закани дека ќе формираат паралелна натпреварувачка серија, ако ФИА не ги повлече новите правила за 2010.
ФИА отстапи пред барањата на Ферари, Мекларен, Рено, БМВ заубер, Ред бул, Тојота, Брон ГП и Торо Росо, па така сите тие се најдоа на официјалната листа за следната сезона.
В година ќе се натпреваруваат сите 10 актуелни тимови во Формула 1, што значи и Вилијамс и Форс Индија, кои не се членки на ФОТА.
Покрај нив, нови тимови ќе бидат британскиот Мејнор, американскиот УС Ф1 и шпанскиот Кампос, кои остануваат на списокот и покрај тоа што ФИА не успеа да го воведе ограничениот буџет од 50 милиони евра што одеше во прилог на тројцата дебитанти.
Сите три тима ќе ги користат моторите на Косворт, кој во моментов нема „тезга“ во Ф1.
 
не е интересно без Ф1,многу чекање 3 недели е многу,но е добро за возачите малку одмор па да се вратат по спремни,по расположени,Ајде ке издржаме уште 5 дена па да да си гледаме па,ВО Германија работите ке се сменат ного верувајте ми
 
Да се надеваме дека ќе се вратат ферари и мекларен.Посебно мекларен дека тој цела година тоне.Ферари се опраи.Едвај чекам да дојде трката во германија.Може да се гледаат тренинзите на интернет пошто овие канал5 не пренесуваат.Ако знае некој нека ми каже.Фала:smir:
 
Aбе брат си ги имаш тренинзите на DSF :helou:
A иначе овдвај чекам да го сменат овој лудаков Мозли...стварно не знам кај му е паметот на него.Ова КЕРСОВ башка беше најголема глупост...џабе трошење пари а и време затоа сеа се доле сите големи тимови што се фокусираа на КЕРСОТ а највеке настрадаа БМВ најразвиен КЕРС имаат али пак се никаде...абе тапа направиа све дај нека се врати се по старо буџет без лимит,секој викенд нов мотор,нов gearbox...пошто сакам да гледам како тимовите идат скроз онака до даска да гледам како не го штедат моторот а не вака го чуваат за наредната трка бла бла бла глупости бе цццц и да се врати стариот аеродинамичен пакет не ке биде лошо:wink:
 
Абе имало формула викендов... добро бе луѓе мене така ми се чини или интересот за формула сезонава е никаков :nerv:??? Не се сеќавам кога последно сум заборавил дека ке има квалификации/трка, мада колку што гледам ништо битно не сум пропуштил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom