Ваљда стивнале коментарите, па не е попуст постот. Ч)
Црвено,
Црвено,
Црвено,
Црвено,
Црвено...
и полека се палат зелените светла и СТАРТ!
Доста интересна трка, која дојде како јаготка на шлагот на целава оваа возбудлива сезона. Цела година трубам дека ова е една од најинтересните сезони во последнава деценија, повеќете не се сложуваа со мене но ајде, нема врска сеа тоа. Другпат ќе дискутираме за тоа. Значи да, нема сомнеж... нефер и неспортски беше потегот на Глок, меѓутоа и тоа е дел од спортот и од циркусот наречен Формула еден. Оние кои ја следат Формула 1 од поодамна знаат дека исти(Баричело, пропуштања) па и полоши работи(директно судирање во болид на конкурент, Шумахер) се правеле за да се стигне до тоа убаво и звучно Најдобар и најбрз возач на планетата.
До каде бев, да кај Глок... казни казни казни, тоа го читам цел саат. Да, казна ќе има тоа можам да го кажам и да стојам зад тоа. Ќе има казни, гарантирано... големиот притисок од јавноста ќе влијае и ќе има ефект на одлуката на ФИА. Но, казнет ќе биде Глок, може да биде и суспендирана Тојота... со некои забрани како додадена тежина на болид, намалени перфомансси и слично а Хамилтон? - Е тоа, малку потешко. Иако притисокот од Ферари ќе биде голем и ќе се настојува и Хамилтон да биде пенализиран, сепак нема вина кај британецот. Што и да се случи тој тоа мудро го искористи и нема основа да биде обвинуван, иако тоа во моментов ви се чини дека не е така. Афект.
За крај, сето ова е само еден циркуз адреналинска забава. Се вртат седмоцифрени бројки на гледаност, не многу далеку се и зелените банкноти од маркетингот, да не зборам за престижот помеѓу големите производители на спортски автомобили. Многу сме мали ние, лилипутанци само ретко кој може да го види и да се помири со тоа. Постои некој кој ги влече конците на сите тие 11 марионети, постои некој кој ги влече конците на цело ова реално шоу... тој е и продуцент и режисер и сценарист и... газда човек. Газда човек, некој кој после ова мора да е некој ебено богат газда човек. И бонус прашање, колку изнесуваше 30секунди долгата реклама во ланскиот супербол(користете го Google) и како го претекна Ветел-Хамилтон баш на 5 минути пред крај, минути после кои најчесто одат оние најсочни и се разбира најскапи реклами?