Можат, еве затоа во странство ти наплаќаат по работен саат, кај мене наплаќаат по 150-170 долари од саат, и не се брзаат. Работи кои јас сам ги менувам за 15мин, овие ги менуваат за 45, ако им побараш цена пред да почне, ќе ти удрат некој просек и пак ќе платиш како да работеле цел ден, а може да ги извади за пола саат.
Друга работа, скоро и да не сакаат да користат твои или половни делови, даваат гаранција на се, ама користат премиум делови, и секој сервис кошта ѓаол на трета. Ова важи за големи нормални сервиси, и а неколку франшизи кои имаат по неколку работилници во секој град, маалските се помалку ги има, но не се ништо поарни, пробувајќи да заштедиш, кај овие може да платиш и 2 пати.
Така да со грејачите најдобро да не ги менуваш ако пали, или си го прифаќаш ризикот и што испадне тоа.