Го ѕирнав и него, само што мене ми треба некој за во прв тим со Хумелс заедно. Плус мислам дека сега си игра убаво во Ајакс и не знам за колку би ми го дале.Пробај со Stefano Denswil. Го шутираат сегде а е одличен стопер![]()
На Баланта и Гинтер не можам некако да се ослонам, мада не мора да значи. Генерално, имаа период од лоша форма сите 4ца централни дефанзивци во вторава сезона. Среќа страничните бекови беа во добра форма. И Јунг и Перуци десно, слатки маки кого да ставам. Лево Џонатан Силва ме изненади уште прва сезона, супер се развива, Шмелцер малце шкрипеше некои утакмици, мада морам да го чувам затоа што е трениран од клубот. А Беговиќ е одличен голман, не згрешив што го земав. Прв гол дечкото прими во 9та утакмица.
Изгледа нема да купувам нов, ќе почекам да видам како ќе се одвива ситуацијата вака, Баланта колку ќе се повредува, можда ќе улета некој на трансфер листа или со договор при истекување па да го лапнам за добра сума.
Иначе, Лацио освоија Серија А во втора сезона, Фиорентина беа прваци првата. Во Англиско Челси освоија првата, Манчестер Јунајтед втората и тоа изгубија последно коло од Сотон, имаа ист број на бодови али подобра гол разлика од Сотон (овие 50 гола дали имаа цела сезона дадено, ама ептен малце примено). Ова колку да си кажам, пошто интересно ми беше, посебно во Италија што не доминира Јуве. (имам уклучено Италија, Англија и секако Германија).