Football Manager 2012 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
1.Сезона 2011-2012

2.Сезона 2012-2013

3.Сезона 2013-2014


4.Сезона 2014-2015

Откако претходната сезона завршив 6-ти и се пласирав во ЛЕ, тимот немаше потреба од многу засилувања, го зедов само Тевез како слободен агент. Па после во зимскиот преоден рок го зедов и Connor Wickham за само 6.25 мил евра.

transfers20142015.png



Сезоната не ја започнав баш најдобро, но во пролетниот дел фатив добра серија и завршив на 4-то место. Но учеството во ЛШ не ми беше сигурно бидејќи во финалето на ЛШ играа Тотенхем и Арсенал. Среќа што Тотенхем ја освоија ЛШ па јас се пласирав во ЛШ.

season20142015barclaysp.png



Во Лига Европа ми одеше добро иако во групната фаза имав малце маки, но после по втор пат го освоив овој трофеј.
Во финалето ги победив Баер Леверкузен.

elfinal2014vsleverkusen.png



Исто така го освоив и Карлинг Купот:

carlingcupwinnervsmanut.png


Со репрезентацијата на Македонија успеав да се пласирам на Европското првенство. Завршив зад Холандија со само 2 бода помалку.

macedoniaqualifedforeur.png
 
Брат во Македонија Ѓорче Петров пола играчи врска немале со клубот,а не па да биле дел од него,не знам од кај ги ископа играчите :)

Значи во прва лига ги средував составите колку може да се среди втора лига ништо не сум чепкал по составите трета само тимовите се ставени катастрофален е Database от за
Мк од SI games фалат еден куп играчи а еден куп се во
погрешни тимови или воопшто не постојат
 
1.Сезона 2011-2012

2.Сезона 2012-2013

3.Сезона 2013-2014

4.Сезона 2014-2015


Ајде и штотуку завршената сезона :)

5.Сезона 2015-2016

Пред почетокот на новата сезона се решив за храбар потег продавајќи го играчот кој веќе го доби статусот на легенда во клубот, Кристиан Бенитез, но морав да се решам на ваков потек бидејќи веќе ги имав Tevez, Sanogo, Ishmael Miller, Connor Wickham и уште еден млад, талентиран играч Kai Muller.
Претходната сезона главен кривец зошто не можев да се пласирам погоре на табелата беше одбраната, бидејќи примив многу голови се решив да ја засилам одбраната со оглед на тоа дека требаше да играм и во ЛШ. Па затоа го купив Бојата за во одбрана, а го засилив и средниот ред со Оби Микел.


transfers20152016.png



Првиот дел на сезоната почна добро и се држев меѓу првите 3, за да во вториот дел од сезоната да направам серија од 30 натпревари без пораз што значеше и титула во Премиер Лигата. Титулата ја осигурав на 2 кола пред крајот.

barclayspremierleaguewi.png



Во Лигата на Шампионите сосема неочекувано во групната фаза остварив 6 победи.
uefachampionsleague2015.png


Во првата фаза од нок-аут рундата ме посака среќата и се судрив со Малага. Уште во првиот натпревар го решив победникот.
Во 1/4 финалето ми падна најтешкиот можен противник, Барселона. Дома чудно ги добив 4:1. Но пеколот го видов на Камп Ноу. Губев 2:0, успеав да намалам на 2:1. Па направија 3:1. Се играа последните минути, а имаше опсада над мојот гол, и во последната секунда Пике погоди за 4:1, тоа значеше продолженија. Штотуку почнаа продолженијата со одличен шут Андиле Јали погоди за 4:2, па после ми направија 5:2 и така издржав до крајот. Со повеќе голови на гости се пласирав во полуфиналето.
Таму играв со Ливерпул, првата заврши 0:0, а на реваншот дома ги победив 2:0.

Во финалето против Порто:
uefachampionsleaguewinn.png



И ете го ѕверот:
yayasanogo59goalsseason.png



Подоцна и за Европското Првенство со Македонија!
 
Значи во прва лига ги средував составите колку може да се среди втора лига ништо не сум чепкал по составите трета само тимовите се ставени катастрофален е Database от за
Мк од SI games фалат еден куп играчи а еден куп се во
погрешни тимови или воопшто не постојат


Па така пиши :D
Јас сакав да почнам нова кариера со МЃП,ама кога видов што играчи имаат,кој си немаат врска со клубот,т.е не биле воопшто дел од него се зачудив и го изгасив менаџерот.
Додуша одиграв 4 утакмици,ама парите за трансфери како да ги немав.
 
Toni
Стави ростер на репрезентацијата, да видам кои ќе ги викаш за ЕП.
 
Дајте некој одбранбен добар со глава од корнер ? како Косчиелни што беше на 11кава :D
 
Дајте некој одбранбен добар со глава од корнер ? како Косчиелни што беше на 11кава :D

Џони Еванс, Џон Хајтинга, Фил Џагјелка, Џолеон Лескот, Шкртел, Шокрос, кој и да го земеш од овие нема да згрешиш.
 
А да, и јас со Македонија влегов на ЕП. Ќе има рипорт по завршувањето на првенството. :)
 
Toni
Стави ростер на репрезентацијата, да видам кои ќе ги викаш за ЕП.

Абе ја завршив ЕП, само немав време да пишувам порано. Веќе после ЕП си дадов отказ.

Повиканите горе-доле овие ми беа:

GK: Богатинов, Нурединовски и Гачевски

DF: Мојсов, Шиков, Грнчаров, И.Митрески, Попов, Абдула и Георгиевски (или како и да се викаше).

MF: Демири, Положани, Алими, Бабунски, Ристовски, Деспотовски и Муарем

FW: Пандев, Хасани, Трајковски, Тричковски, Георгиев, А.Ибраими.


Паднав во групната фаза. Во тешка група бев, со Холандија, Русија и Босна.
Првиот натпревар против Русија водев во првото полувреме 1:0 но во последните 15 минути ми направија пресврт, а башка и Пандев на крајот на првото полувреме ми се повреди.
Вториот натпревар против Холандија без Пандев. Од нив изгубив 3:1.
Со првопласираната и веќе квалификувана Босна победив 4:1, но џабе веќе отпаднав.

Веднаш после ЕП си дадов оставка, ќе гледам некоја посилна репрезентација за СП.
 
Некој со Свонси да не има играно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom