Знам дека коа видовте сликата мислите дека се фалам дека сум ги тепал Сити. Не ми е тоа целта. Целта ми е да ја прикажам најуспешниот натпревар што сум го играл во живот на оваа игра: Играчот кој гледате дека се повредил ми е голманот. Бидејќи играва ја играм 3 години, а ова е само втор пат како ми се повредил голман и морал да излезе, јас никад на клупа не чувам голман. Во 1000 натпревари, еднаш ќе мора да се мења, па затоа мене повеќе ми одговара во другите 999 да си имам екстра замена. Така голманот ми се повреди рано, па на гол го ставив капитенот Олсен кој е централен дефанзивец. Човекот буквално спаси 3 шанси, ни сам не знам како, и јас триумфирав без голман во екипата во време од околу 70 минути. А рачунајте дека во составот на Сити беа: Џеко, Тевез, Ласана Диара, Адам Џонсон, Хамшик, Герет Бери, Коло Туре, Дедрик Бојата, Срна, Коларов и уште некои. Значи речиси со фул состав беа, едино само централните дефанзивци им беа од замените. Едноставно не ми се верува дека успеав да тепам
А составчево што го имам ми е бомбастично. Еве го целосно:
- Вака отприлика изгледа првиот состав кој го користам, иако не само замените, туку оние и кои се надвор стално играат. Едноставно не знам кој попрво да ставам, сите се фантастични. Еднаш играм со Досон-Олсен во одбрана, еднаш Олсен-Живет, еднаш Досон-Живет. Сега мислам да ги комбинирам Олсен-Досон и Живет-Шарнер, бидејќи мислам дека тие по 2 пара најубаво функционираат и ќе ги ротирам наизменично. Дури и Фридрих го вметнувам некад. Јара и Реид на секоја утакмица ги мењам. Шори е одлична замена за Мартин Олсен
Ваква ми е секад почетната средина. Арно ама овој Џејмс Морисон.... не знаев каков играч имав на клупа. Типот на првата утакмица што ја одигра направи хет-трик и асистенција и заврши со 9.9 оценка, го даде решавачкиот против Сити и пука ко ненормален од слободни. Тој ми е златниот ас во екипата. Поулсен е одличен за ротација со Мулумбу. Не знам кој од нив да го играм попрвин. МекЕкран игра како Пирло што игра на европсково, не памтам сезонава да имал под 7.0 оценка и све би дал да успеам да го купам следната сезона. Сепак Доранс игра пред него пошто е поискусен и повеќе можам да се потпрам на него да не киксне. Гроскројц и Брант одлично придонесуваат како стартери, експлодираат од асистенции. Гера исто знае парчиња да ги напраи и он ми е замена против послаби екипи.
Позицијата полушпиц... Бакал испадна одличен бесплатен трансфер. Одлично се вклопи. Кокс кога и да го играм таму дава гол. За Чои, што ми беше еден од најдобрите лани, едвај можам да направам место, а типот игра напаѓач и полушпиц, а може и крило. Саного коа му се игра ги решава утакмиците лесно ко 2+2. Коа не му се игра тука е Лонг за да ги покрие неговите недостатоци.
Исто така да не заборавам да кажам дека Одемвинги ми се повреди на 3-4 месеци и кај и да е ќе се врати. Не знам кај ќе најдам место за него, а го напраив да игра и како полушпиц, а може и ко десно крило, а по природа секако напаѓач. Дури и пред да бидам свесен каков состав имам, го договорив трансферот на Лалана за 3.1 милион. Он ќе ми биде идна замена за кога ќе си отиде Гера. А да и голманот ми изведува пенали
Има 19 скил рејтинг за пенали изведување. Типот и у реалноста си изведува пенали. Едино он ми е стандарден, 38-годишен и полн со искуство, али од следната сезона ќе земам некој нов на негово место, него ќе го чувам за ротација/бекап све дур не се пензионира.
И најинтересниот дел за мојов магичен состав. Од парите за играчи, кога ќе се собере и одземе тоа што сум купил и продал, сум потрошил само дванаесет милиони. Али мислам дека каталистот за одличниве резултати е феноменалната форма на Џејмс Морисон, и осеќам како него све да му должам. Еве ги резултатите од моето водење од оваа сезона, со очекувања Top-Half Finish (да не заборавиме од претходната сезона успех на 7мо место и Карлинг Куп финале, со предвидување за отпаѓање)
(игнорирајте го поразот од Ливерпул, не им попуштив, туку доби црвен Јара, а Реид ми беше повреден )
- Се надевам дека ви се допадна моево долго мислење, али не можев да објаснам у пократки црти