И мене ми стана досадно веќе со Арсенал (пред тоа со Блекбурн) 2022 година, со по 1-2 порази у сезона, се се освојува без некој голем проблем, така да не беше интересно веќе да се игра.
Сеа почнав со Сабадел од Шпанија втора лига, најслабиот тим и тим на кој му се предвидува последно место. Секако најпрво е да се обезбеди опстанок, па еве на полусезона сум 15ти, па тоа најверојатно и ќе биде обезбедено, а има големи можности на крајот да завршам и околу средината на табелата. Не купував ни продавав ништо, да видам со овие играчи како ќе ме биде. Во ниту еден натпревар не бев надигран, и со фаворитите како Ваљекано, Депортиво итн, играв тесни натпревари и многу блиску бев до освојување на бодови. Тоа е она што ми дава надеж дека со малку инвестиција наредната сезона може да се случат големи работи.