Поидиотски FM од 2012 немам видено ... играм фудбалски менаџери повеќе од 10 години ( првиот што го играв беше CM 00/01 ) , но никој не е вака глупаво направен како што е овој ... како прво премногу брзо се повредуваат и уморуваат играчите ( на полувреме 3-4 играчи се веќе уморни или со потенцијална повреда ) ... исто така прв пат ми се случува да видам дека неколку играчи се жалат од тренингот и покрај тоа што имам одлични тренери ( никогаш на FM не чепкам во тренинзите и ги оставам самите тренери да го водат и сум немал проблем од овој тип се досега ) ... голем проблем ми е и тоа што одлични играчи кои ги имам во тимот најчесто играат подпросечно и покрај тоа што играат на нивните природни позиции и природни player duties ... иначе овие проблеми ги имам со сите тимови со кои пробав да играм ( се работи за средно јаки екипи од различни лиги ) ... ова што го набројав досега се само мал дел од проблемите кои ги имам на FM 2012 ... и на предходните FM имало ситни проблеми но не биле толку изразени како на овој ... и да не биде дека само ја критикувам играта , ќе кажам дека има и позитвни новини кои ме бендисаа ... на пример одлично е тоа со тимскиот состанок и тоа дека на полувреме има опција да им се обраќаш посебно на сите делови од тимот ( одбрана , средина и напад ) , а не како што беше досега општо само на целиот тим ... да не ја тупам многу , ме интересира дали и кај други ги има овие исти проблеми при играњето или не , бидејќи вака како што е FM ми е тотално неигрив и размислувам да го избришам од компјутер , нешто кое не сум го правел досега пред да излези наредниот FM .