Football Manager 2012 - Општа дискусија

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Почнете со рандом клуб од Blue Square Conference, па да ве видам колку сте јаки! Све ми се расфрлате тука со супер тимови, а и да не заборавам, на почеток наместете да нема трансфери првата полусезона. Enjoy! :D
 
M

marko 1996

Гостин

Едно големо браво за постов , лесно со Барса , Реал, Малага и ред други екипи кој само треба да стискаш ентер и све да освоиш да ве видам почнете со некој 10то лигаш напрајте го тим без симнати тактики , тренинзи и ред други работи. Па после ке праиме муабет.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
Почнете со рандом клуб од Blue Square Conference, па да ве видам колку сте јаки! Све ми се расфрлате тука со супер тимови, а и да не заборавам, на почеток наместете да нема трансфери првата полусезона. Enjoy! :D
Јас на 2010 или 2011 не знам на која точно беше, почнав со Кембриџ од Блу Сквер, секоја сезона ги внесував во една лига погоре, и кога стигнав во Премиер првата сезона обезбедив опстанок, втората завршив околу средината на табелата, и не знам нешто ми се заеба сејвот и не можев да ги напраам шампиони.. :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Едно големо браво за постов , лесно со Барса , Реал, Малага и ред други екипи кој само треба да стискаш ентер и све да освоиш да ве видам почнете со некој 10то лигаш напрајте го тим без симнати тактики , тренинзи и ред други работи. Па после ке праиме муабет.
Никогаш не симнувам тактика ниту па тренинг. Оваа година само симнав тренинг. Почнав со Манчестер колку да ја видам играва каква е, после сесија ќе земам помал тим. Рохдејл го земав лани, собрав играчи на позајмица, 0 пари за трансфери, го внесов една лига погоре и ме избркаа зошто почетните 3 меча од Чемпионшип ги изгубив :tapp: После си продолжив со Блекбурн и баталив, ми искочија обврски :)
 
Не потенцирав никој ги спомнав овие тимови зашто ми текнаа како поголеми и им даваат по 100 мил. за трансфер и некој тука се диват со тоа :) Мене бар тоа таква игра од прва лига со најјак тим или воопшто во прва лига тим да почнам да ти кажам искрено немам ни еднаш почнато ни бар да видам како е , освен на претходната со Лидс играв и ги внесов у прва освоив и тоа и ЛШ и добив понуда од Реал , ја зачував оваа со лидс и отидов баш ја прифатив понудата од радозналот да видам баш како е ми дадоа некој луди пари над 180мил. за тансфер не ни изиграв 1 утакмица коа видов што играчи изнакупувале таа година беше мисалм 2014-15 само си ја лоадирав со Лидс и продужив. Зашто според мене нема поента готов тим да играш...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не потенцирав никој ги спомнав овие тимови зашто ми текнаа како поголеми и им даваат по 100 мил. за трансфер и некој тука се диват со тоа :) Мене бар тоа таква игра од прва лига со најјак тим или воопшто во прва лига тим да почнам да ти кажам искрено немам ни еднаш почнато ни бар да видам како е , освен на претходната со Лидс играв и ги внесов у прва освоив и тоа и ЛШ и добив понуда од Реал , ја зачував оваа со лидс и отидов баш ја прифатив понудата од радозналот да видам баш како е ми дадоа некој луди пари над 180мил. за тансфер не ни изиграв 1 утакмица коа видов што играчи изнакупувале таа година беше мисалм 2014-15 само си ја лоадирав со Лидс и продужив. Зашто според мене нема поента готов тим да играш...
Да да. Еднаш почнав со Реал да играм да видам само како е и се осетив ко со читови да играм.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јас на 2010 или 2011 не знам на која точно беше, почнав со Кембриџ од Блу Сквер, секоја сезона ги внесував во една лига погоре, и кога стигнав во Премиер првата сезона обезбедив опстанок, втората завршив околу средината на табелата, и не знам нешто ми се заеба сејвот и не можев да ги напраам шампиони.. :D
Јас играм моментално со Cambridge United, кога им ги гледаш оценките, жал да те фати. :) Тешко оди, 6то место сум, ама е многу интересно, на секоја победа и' се радувам како мало дете. weeeeeeeeee :vozbud:

Бонус прашање:Од кога играте ФМ?
Јас од CM 97. старудија сум, тоа е. :(
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Јас играм со Јуве и сега почнувам втора сезона заврши летниот трансвер период.Освоив Сериа А за 2 бода пред Удинезе со скор 24-6-8.Победив и во супер купот против Лацио.Играв без трансвери во првиот преоден рок и сум плус 35 мил од трансвери.Играм со мои формации и тренинзи и фала богу не сум ни помислил да преновувам утакмици како што слушам од некој што од разни причини преновуваат натпревари дали тоа неправедно изгубиле или им требале бодови ...
--- надополнето: Nov 6, 2011 10:14 PM ---
Јас играм моментално со Cambridge United, кога им ги гледаш оценките, жал да те фати. :) Тешко оди, 6то место сум, ама е многу интересно, на секоја победа и' се радувам како мало дете. weeeeeeeeee :vozbud:

Бонус прашање:Од кога играте ФМ?
Јас од CM 97. старудија сум, тоа е. :(
Поголемо менаџерско искуство имаш од речиси сите професионални Менаџери во Македонија :pos:
Јас од 2007 ја играм.
 
Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Јас моментално играм со Милан да видам каква е играта, секогаш почнувам со поголем клуб на првиот сејв и после 3-та сезона завршувам... После тоа планирам да почнам со Пескара(имаат одлични млади играчи) или Саутемптон, па после тоа со екипа од уште пониска лига и то...
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Почнете со рандом клуб од Blue Square Conference, па да ве видам колку сте јаки! Све ми се расфрлате тука со супер тимови, а и да не заборавам, на почеток наместете да нема трансфери првата полусезона. Enjoy! :D
Минатиот менаџер играв со Pro Vercelli и од 4та ги внесов во 1ва лига. Секоја година погоре 1 лига. Стигнав до средина на табелата во Сериа А и ми се расипа компјутерот, отиде и сејвот и се у три лепе пизде материне.

Секад играм со 3 сејфки.
Милан првин - пробувам што како има.
Сандерленд/Малага/Сиена или некој сличен клуб после - тука се задржувам неколку сезони, дур не го направам силен тимот за да може стабилни финансии и силна млада екипа да имам.
Тим од 3та-4та лига - е тука ми е најтешкото и секад уживам во ова. Про Верчели, Рајо Ваљекано, Донкастер низ минативе менаџери сум ги земал и сум ги правел класа тимови. :)

Незнам зашто на некои им е интересно со јаки екипи. Не гледам предизвик. Сакам историја да направам а не да земам убер успешен тим со катаљон титули и со полни капацитети. Сакам да видам дека заради мене клубот има добиено титули, огромен стадион, одлична академија и светска репутација. :)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Јас играм моментално со Cambridge United, кога им ги гледаш оценките, жал да те фати. :) Тешко оди, 6то место сум, ама е многу интересно, на секоја победа и' се радувам како мало дете. weeeeeeeeee :vozbud:

Бонус прашање:Од кога играте ФМ?
Јас од CM 97. старудија сум, тоа е. :(
Од 2005 ја играм..........ти си ептен ветеран овде :)
Иначе секогаш играм само со Динамо Загреб,предизвик ми е да стигам што подалеку во ЛЕ и ЛШ.Видов едни типци на еден форум со Хајдук и Динамо по 7-8 сезони имаа ЛШ освојувано,па сакам и ја :D
Ретко играм со други екипи,еднаш во две години ќе ми текне да фатам некоја екипа ко Осасуна,Вест Хем или Фулам .....ќе ги разиграм до 3-4та сезона и после ми здосадуваат.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Почнете со рандом клуб од Blue Square Conference, па да ве видам колку сте јаки! Све ми се расфрлате тука со супер тимови, а и да не заборавам, на почеток наместете да нема трансфери првата полусезона. Enjoy! :D
Саутпорт!!! Јас со нив играв на 2009-2010-2011, ама сега немам време со колоквиумиве, можно е интензивно да почнам јануари да играм па че ти покажам резултати. Позз
--- надополнето: Nov 6, 2011 10:55 PM ---
Јас играм моментално со Cambridge United, кога им ги гледаш оценките, жал да те фати. :) Тешко оди, 6то место сум, ама е многу интересно, на секоја победа и' се радувам како мало дете. weeeeeeeeee :vozbud:

Бонус прашање:Од кога играте ФМ?
Јас од CM 97. старудија сум, тоа е. :(
Кембриџ имаат и стадион, и тренинг услови, Саутпорт ништо немаат, од лани во живо се во Конференција премиер, пред тоа во Север беа, бетер беше.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ја па незнам како ви е интересно да играте со еден тим на еден сејф, го правите јак тој тим, освојувате посакувана титула и толку... почнувате нов сејф...:cautious:

Ја првиот сејф увек го почнувам со прилично појак тим (сеа не Реал, Барса, Јунајтед, Челзи... - него Тотенхем, Атлетико, Рома), да видам што како се играчите, цените, какви измени има од претходната.

И после ми е омиленото, одбирам послаб клуб, го промовирам у погорни лиги, играм најамалку 2 сезони со тој, ако видам дека толку е максимумот со тој, не го продолжувам договорот (а и секогаш кога продолжувам договор со некој клуб, го продолжувам само за една година). И чекам поволна понуда, обично, секогаш има некој подобар клуб кој не е задоволен од тековниот менаџер, и пуштам rumors дека би сакал да одам таму. И така и со новиот клуб, ако го достигнам максимумот идам у третиот (последен) клуб, каде што останувам додека не ми здосади и го баталувам сејфот... :)

Предизвик ми е тоа мене, да успеам со повеќе клубови на еден сејф. Ко Мурињо сум бе. :D

Досеа сум имал повеќе интересни патешествиа, најдоброто беше на 2008цата, почнав со Crewe (League One), ги донесов за 2 сезони у ПЛ, наредната изборив Уефа Куп, па стигнав до нокаут таму и пак петти у лига. И стигна понуда од Ливерпул место Бенитез, со нив освоив (мислам дека у третата сезона) триплете (пред тоа еднаш ЛШ еднаш Премиер), и после 3 сезони у Ливерпул дојде понуда од Реал која немоев да ја одбијам. Таму две сезони, у двете триплете и толку беше од кариерата... Aаа да, и освоив ЕП со Португалија. :D

Aли ај да не замарам уште, доволно се исповедав... :LOL:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom