meh, ништо спектакуларно не е играва, фм11 со апдејт за новите трансфери, некои работи се сменети у изгледов али не е тоа потребно за да те залепи за стол ко што тоа го правеа верзиите до фм08.
Се жалев за претходните верзии дека истата тактика пали на сите, само копи пејст правев од фолдерот за тактики, така е и сега, мали твикови и до некаде ја усовршив тактиката ( АI-то многу слабо се носи со 4123 формат, инаку користам класичен изглед за тактикиве ) и со Интер прва сезона ЛШ земав ( моменталниов тим што им е го терав уз Бендер од Дортмунд и Алекс Т. од Шахтрјор, ништо посебно у поглед на засилувања ), финале Барса 3-0 ги тепав, и убер интересна сезона изиграв во Италија, завршив прво место со исто освоени бодови со Наполи но подобар меѓусебен дуел.
И таму ќе истерав убедливо доколку ја истерав од старт на сезона финалната верзија на мојава тактика, тек од Февруари некаде го добив финалниот продукт, претходно бајаги шиткав бодови, поготово дома со боси екипи.
Најголема победа, Милан, 7-1.
Аll in all, ништо ново, ништо спектакуларно, може и конкуренцијата на пазарот си го прави своето зашто овие моментално се недопирливи али од година во година почнувам да го губам интересот за играва.
п.с. Исто и корнерите, истиот сетинг, истите голови, Ранокија над 10 гола даде у сезона и 2 у финалето против Барса.