Флешување, декодирање, репарирање, апдејт... се за сервис!

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Матична плоча за ЛГ Г4 да не продава некој случајно ?
 
Здраво... се работи за Самсунг Галакси Ј5 2016... Трлефонот бара предходен емаил а не го знам. Дали може некој да ми помогне како можам да му направам бајпасс? Пробав на неколку начини што ги гледав од јутуб ама не успеав... Ве молам за помош
Mora na boks na servis, nemoze nikako drugo.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Некој да ми предложи мобилара во која пред се ќе може да ми се направи дијагноза, а потоа и сервис на Sony Z2 без да ме испокрадат, бидејќи мислам дека е само батерија откажана, меѓутоа не знам доволно за телефони за да сум сигурен.
 
Што ти прави?
 
Што ти прави?

Батеријата си умре најрегуларно, еден период почна пребрзо да се празни, па да се гаси на 7-8% место на 1-2, за на крај да не се полни воопшто.

Во меѓувреме, менуван е екранот и е малку одвоен зошто лошо го залепиле, и тоа ми е сумљиво, да не ми влегла премногу прашина или нешто.

А надвор од тоа, додека се палеше се си функционираше како што треба.
 
Сега не пали воопшто?
Ако не појавува знаци на живот може и толку да му биде ...
Ќе се стави нова батерија и ќе се проба
Од прашина и слично неможе да биде, може од вода да му биде само

Ако сакаш да ми го оставиш ќе проверам ќе ти кажам
Контактирај ме на ПП
 
Вака, дечки... ако е подолго ве молам прочитајте битно е. Фала.

Моја братучетка зеде X-BO S7 (евтино телефонче). И дома ко го уклучивме ко ќе притисниш на тоа средното копче (Home), телефонот се исклучваше и дури не го уклучиш на полнач не се уклучуваше. Веднаш ги контактирав Сет (од таму го купи) и рекоја да се врати мобилниот дека нов ќе и дадат. По два дена го однесовме и ни рекоја дека ќе го пратат на сервис и ќе не контактираат. Денес го зедовме и го има истиот дефект. Кој знае дали воопшто и беше пратен. Ги контактирав и им се развикав и ми викаат дојдете со шефот зборвајте. Му викам јас неќам телефон вратен од на сервис, сакам нов.

Е сега ме интересира какви права имам јас како купувач. Јас му реков дека ќе си ги барам правата па ако можи некој да ме упати.
 
Ако имаш потврда дека си го оставил на сервис во период од 15 дена одкако си го купил тогаш сигурно ти следи нов си можел одма да им пишеш дека ќе ги пријавиш на пазарна инспекција и завршена работа. Можеш и сега ама ако немаш писмен доказ кога е примен телефонот на сервис ништо не правиш
 
Сега ја прашав братучеда ми и ми рече дека вчера ко отишле да го земат, тоа ливчето го имале земено и само гаранцијата стоела. Сега што да правиме?
 
Последно уредено:
Колку пари е стакло и display за Samsung Galaxy Core Prime?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom