ФК.Приштина

  • Креатор на темата Креатор на темата Илко Илија
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.035
Глупо е шо отварам тема само за прашање ама стварно не знам која тема е соодветна за да прашам.

Знае ли некој нешто повеќе за ситуацијата на клубов во бивша ЈУ и после се до војната во Косово 1998?

Клубот бил на локалните Срби или Албанци?

Пред некој ден гледав едно старо клипче и сфатив дека уствари Аркан бил во управата во ФК.Приштина за време на војната во Босна.

А исто така имав слушнато некаде на ТВ на некоја спортска емисија, еден спортски новинар(не ми текнува на името) кажуваше за која му била најлоша случка на која присуствувал, кога Тетекс гостувал во Приштина некаде пред распадот на Југославија и убеден сум дека кажа дека навивачите на клубот биле Албанци, кажуваше дека направиле инциденти и бил запален автобус(исто не се сеќавам дали на гостите или нешто политички)

Нека пише некој кој знае повеќе.
 
А што те буни толку брат? После двете сеоби Косово ти останува празна територија, србите се селат северно накај Војводина и на Косово се населуваат Албанци од северна Албанија, кои претежно биле католици, но се конверитрале во муслимани. Тогаш кога Аркан бил во управата (не знам дали бил, само претпоставувам дека е точен податокот) тогаш сеуште имало Срби во Приштина, тоа било пред војната 1999 година, од тогаш нема Срби во Приштина, најголем дел се преселени надвор од Косово, а помал дел во Грчаница (село во близина на Приштина) кое е населено со Срби. Па веројатно одговор на твоето прашање е дека во последните 30 години клубот е строго албански со албански играчи, тренери и сопственици, додека пред распадот на Југославија клубот бил полн со Срби и други националности, со еден збор Југословени.
 
Епа тој податок ми е интересен, како може во време на СФРЈ клубот да е албански и да има албански фанови, за само после некое време да се сменат работите.Или стариот клуб е згазнат/забранет во 92 и е направен нов, или е истиот ама вие толку ги притиснале шо дури и им го присвоиле клубот.

А ова за Аркан точно е, во клипот кај шо го прочитав тоа, се работи за настан од 1993 година и тогашната ФК.Приштина гостува во Нови Пазар кај што публиката навива организирано против гостите со навреди кон Србите.
 
Епа таквата ситуација се должи на 1999 конфликтот, а и нормално сите настани што се случувале во Косово во периодот од непосредно пред распад на Југославија до 1999. Србите што живееле во Приштина го напуштаат градот и веќе нема Срби да раководат со клубот ниту играчи да играат во него.

Има и други вакви ситуации таму што произлегле од ваквиот развој на настаните, на пример клубот Гњилане, порано се викал Црвена Звезда :D
 
Во седумдесетите и осумдесетите политиката беше многу присутна во фудбалот. Задолжително беше од Косово да има барем еден прволигаш. Одреден период беше Трепча, потоа Приштина. Бидејќи „владееше“ Братство и единство, клубовите со сила ги правеа мултинационални. По политичка директива и во репрезентацијата мораше да има барем еден Албанец (Фадиљ Вокри), па да не ве изненадува што имало и Срби меѓу фудбалерите и раководството на Приштина.
Но главниот збор се знае кој го имаше.
 
Фадиљ Вокри е легенда на Партизан и на југословенскиот фудбал. Каква црна политичка директива. Одличен фудбалер и човек.

Сега имаш репрезентативци по ,,клуч", можно е да ти се имаат измешано периодите.
 
Ништо не ми се измешало. Политички беше да има прволигаш од Косово, политички беше да има и Албанец во репрезентација.

Не велам дека Вокри не беше добар играч. Добар беше, ама имаше плејада други добри играчи. Но партиска директива мора да се почитува.

ПС
Исто важеше и за Словенија, само Македонија кубуреше со Вардар, а до репрезентација тешко стигнуваше.
 
Репрезентацијата беше по клуч, од секоја република по нешто... затоа и никогаш не постигна успех. Беше на прагот на успех во 90-те, но се случи што се случи.

Лигата беше силна, не е дека морало да има прволигаш од Косово или Македонија, испаѓаа многу пати и Приштина и Вардар.
 
Најблиску до успех репрезентацијаа беше во средината на седумдесетите, кога завршниот турнир (мислам дека тоа беше европско првенство) се играше во Белград. За жал двата нтпревари ги изгубивме во продолженија, па завршивме како четврти.
Приштина мислам дека испаѓаше само еднаш, во осумдесетите. Во седумдесетите ја немаше во првата лига. Дури откако се виде дека Трепча нема капацитет за игра во првата лига, почна форсирањето на Приштина.
Вардар испадна на почетокот на седумдесетите (можеби малку порано) и за една сезона се врати назад. Втор пат испадна 75/76 и три години беше во втора лига. Првата сезона ја форсираа Трепча (пред време се знаеше кој ќе биде епилогот), па Вардар и покрај добрите настапи не успеа да се врати. Следната сезона не беше сериозен конкурент за првото место, дури 78/79 (со мало поттурнување) се врати назад.
 
Фадиљ Вокри е легенда на Партизан и на југословенскиот фудбал. Каква црна политичка директива. Одличен фудбалер и човек.

Сега имаш репрезентативци по ,,клуч", можно е да ти се имаат измешано периодите.
Фадиљ: Ово вече није био мој дан :D
Автоматски споено мислење:

Репрезентацијата беше по клуч, од секоја република по нешто... затоа и никогаш не постигна успех. Беше на прагот на успех во 90-те, но се случи што се случи.

Лигата беше силна, не е дека морало да има прволигаш од Косово или Македонија, испаѓаа многу пати и Приштина и Вардар.
Не би кажал дека беше по клуч! Повеќе се водеше есап Србија и Хрватска да бидат егал, дручите никој особено не ги е*аваше!
Автоматски споено мислење:

Не би кажал дека беше по клуч! Повеќе се водеше есап Србија и Хрватска да бидат егал, дручите никој особено не ги е*аваше!
Јас имам друг впечаток. Селекторот секогаш ги форсираше своите. Србин селектор, главнина репрезентативци беа од српските клубови. Ќе постават Хрват, хрватските клубови доминираат. Ако е од Босна, босанските се тука.
Впечатливо е што Хрватска немаше многу клубови. Само Хајдук и Динамо. Дури подоцна се појавија Загреб, Риека, Осиек. Првата лига претежно беше од Србија и БиХ.
 
Чиро Блажевиќ инаку бил тренер на ФК Приштина на кратко, во 1985. Иако ептен кратко ги водел ги внесол мислам во прва лига и до ден денес се смета за легенда на клубот.

Ако сте ја гледале монодрамата „Чиро“ на Тарик Филиповиќ овој дел за Приштина е еден од најсмешните.
 
Back
На врв Bottom